Најекономично греење и ладење

Член од
15 мај 2012
Мислења
653
Поени од реакции
576
Vo vrska so senzorite na temperatura se ok, bidejki tatkomi ima isto kako mojata Gexi i kaj nego senzorot e ok a kaj mene na e bas ama samata konfiguracija na hodnikot kade ima vnatresni skami i drugi vrtenici ne mu dozvoluva na toa.
Koga koristam I Feel funkcija se e ok.
Vcera i go otvoriv kapakot na Vivaxot (nadv. edinica) i mozam da kazam deka mnogu e seriozno pristapeno kon izolacijata na samiot kompresor koj celiot e obvitkan vo eden izolacionen materijal so lepenka (slicno na armafleks), pa posle i limot od vnatre koj gravitira kon kukisteto kade se naoga kompresorot e odvnatre izoliran, i normalno tuka kaj kondenzatorot e grejniot kabel (grejac)
Krivo mi e sto ne go slikav toj del.
Vo vrska so izolacijata na crevata, toj monter sto montirase kaj mene prvicno ne ni sakase da gi izolira cevkite, pa potoa po moja sugestija gi izolirase so ona belo izolaciono crevo isto kako i toshibata kako mi ja izoliraa, a drugiot monter (kaj tatko mi) na vivaxot go izolirase bez sugestii so pokvalitetno t.e. armafleks.
Na seto toa jas si kupiv uste edno crevo i gi izolirav zaedno.

Pak ke recam, vivaxot e kako fen vo sporedba so suzumito, pogtovo na poniski temperaturi, kako vcera zavcera na -5C, kade duvanjeto kaj vivaxot bese mnogu potoplo vo sporedba so toshibata.

Mene me plasi samo toa kolku godini ke bide taka (kaj Vivaxot) , dodeka kaj toshibata imam nekoja doza na sigurnost deka ke bide podolgovecna.

Dokolku go izememe ovoj kriterium jas bi se odlucil za vivax gexi bez razmisluvanje.
Vo naporeden test (za greenje) toshibata e inferiorna
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.976
Поени од реакции
34.349
Стрелец, што ако ова е само еден случај? Ако ова се случило кај еден корисник, што вели дека истото нема да се случи со било кој друг што ќе му излезат проблеми со климата?

Gree номално дека е стопати подобра фирма од Вивакс. Но кој сака проблеми после со сервисот?
Едно решение ваљда е да се избегне Зорба како сервисер, така на мој совет и благодарение на контактот што ти ми го даде, брат ми зема Gree Charge директно праку човекот од Техноклима и колку што разбрав евентуално сервисирање ќе оди преку него. Брат ми е многу задоволен од човекот, си ја завршил работата по пропис (со вакумирање, и се друго) и педантно. (фала уште еднаш за информацијата). Инаку сега за сега тој Gree Charge работи добро, ќе отидам деновиве кај брат ми да видам и сам.

Јас лично сакав да земам Хансол, и ќе земев да имаше тогаш од каде да се земе а да не е преку Зорба, и да не е со нивни сервис/гаранција. Вивакс не ми влагаше во опција пошто беа прескапи и никако не можев да најдам информација точно кој модел се продава и дали е ремаркиран Хансол.
Тошиба ми беа сигурна опција, и како бренд и заради фирмата (и сервисот) кои стојат позади гаранцијата.
 
Член од
30 март 2012
Мислења
376
Поени од реакции
234
Pak ce vi napisam, Zorba da se nekoj prevaranti ne bi mi ja smenija nadvoresnata za nova i ne bi mi ostavija kaj mene vnatresna nova, ednostavno dvajcata ludje koi se vikaat Baze treba voopsto da ne se cepkaat so montiranje i servis na split sistemi za fizicki i pravni lica koi montiraat po edna klima, tuku da si angaziraat drugi monteri za nekoj procent. Oni i kogaj beja kaj mene posledniot pat imav sreca sto imaja rabota vo gostivarsko selo da pogledaat hala za svadbi i da se dogovorat za klimatizacija. Znaci ludjeto mestat nonstop ozbilni proekti so klimatizacija i ventilacija na restorani/benzinski/hipermarketi/hoteli... a jas mu doadjam kako sitna boranija na seto toa. Eden den sum siguren deka dobro ce se ekipiraat i ce bidat po kvalitet na Energija
Jas sum samo zrtva na pocetocite :):confused::mad::P:D
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.976
Поени од реакции
34.349
Горан ти си жртва на самиот себе... ;)

Јас после првите 45 дена, ќе ги пријавев во државен инспекторат. Нормално претходно ќе ги известев дека ќе го направам тоа.
Ајде ти се молам, што ме боли мене онаквото што тие имале работа... Твојата клима не била платена? Гаранцијата не е важечка? Треба да не се замараат момците, пошто имаат попрофитабилни зделки?
Па ако имаат толку работа (што значи и заработка), толку е проблем да му фрлат една дневница на некој сервисер одстрана, и да им го реши проблемот?

Пак ќе кажам, среќа што го имаме интернетот и форумиве.
 
Член од
30 март 2012
Мислења
376
Поени од реакции
234
@Vanlok I ti si vo pravo:D
Ama ete edna slika imam, imate pa sekoj ce si odluci od kade da zema
Jas isto imam dobiena losa informacija za Video data servisot na panasonic klimite od tehnomarket i toa za nova klima.
Pravite majstori lazat, samo tie sto ne razbiraat doadjaat odma :)
 
Член од
6 ноември 2011
Мислења
88
Поени од реакции
39
Па дечки како што ви ветив во еден мој претходен пост ја презентирам мојата сметка за потрошена електрична енергија:

За месец Ноември

Вкупно потрошени KWh - 515
Тарифа 1 (активна висока тарифа (АВТ)) - 300 kwh
Тарифа 2 (активна ниска тарифа (АНТ)) - 215 kwh
Вкупна сметка за струја - 2700 ден. вклучувајќи такса за улично осветлување кое де го има де го нема :)

Напомена - ова ми е вкупната потрошувачка на струја во домот (се ми е на струја) и објаснав (неколку постови поназад) генерално што, како и колку користам од електричните апарати.

Греам 40м2 површина (отворен простор) со Toshiba Daiseikai 6 16000 btu.
Температура преку денот 21 степен, Навечер 22-23. Климата работи од 8 часот сабајле до 12-01 часот по полноќ.

Поздрав,
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.976
Поени од реакции
34.349
eve kako brazilec napravil solaren kolektor od plasticni sisinja (eftino resenie):

http://www.youtube.com/watch?v=ehDgXrpRlTU
Секоја варијанта каде дуректно се употребува водата која примарно се загрева, е сериозен ризик за Легионела. Многу побезбедни решенија се тие каде медиумот од сончевиот колектор се движи низ спирала од бољерот. Така таа застојана вода останува изолирана во соларниот систем.
Плус многу поедноставна варијанта од ова е црно обоен пластичен голем сад, или внатрешен дел од бољер, кој едноставно се загрева од сонце. Нормално, воглавно за летно време.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Па дечки како што ви ветив во еден мој претходен пост ја презентирам мојата сметка за потрошена електрична енергија:

За месец Ноември

Вкупно потрошени KWh - 515
Тарифа 1 (активна висока тарифа (АВТ)) - 300 kwh
Тарифа 2 (активна ниска тарифа (АНТ)) - 215 kwh
Вкупна сметка за струја - 2700 ден. вклучувајќи такса за улично осветлување кое де го има де го нема :)

Напомена - ова ми е вкупната потрошувачка на струја во домот (се ми е на струја) и објаснав (неколку постови поназад) генерално што, како и колку користам од електричните апарати.

Греам 40м2 површина (отворен простор) со Toshiba Daiseikai 6 16000 btu.
Температура преку денот 21 степен, Навечер 22-23. Климата работи од 8 часот сабајле до 12-01 часот по полноќ.

Поздрав,
Sam go procita brojacot ili ti stavaat pausalna potrosuvacka. Kaj mnogumina po nekolku meseci ne gi citaat brojacite na struja i se stava mesecna pausalna vrednost, ako potrosis poveke posle naknadno naplakaat,ako pomalku vo narednite smetki ti odbivaat. Ima dosta primeri koga zaradi neredovno citanje na strujomerite zimno vreme dovagale razliki od ogromni sumi i preku 500 evra za 2-3 meseci necitanje.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
eve kako brazilec napravil solaren kolektor od plasticni sisinja (eftino resenie):

http://www.youtube.com/watch?v=ehDgXrpRlTU
Интересно решение, елегантно и убаво техничко решение
Како јас разбрав во шишињата нема вода туку тие служат само за изолација и за промена на брановата должина на светлината.
 
Член од
23 октомври 2013
Мислења
817
Поени од реакции
170
Интересно решение, елегантно и убаво техничко решение
Како јас разбрав во шишињата нема вода туку тие служат само за изолација и за промена на брановата должина на светлината.

tocno taka. Najedstavno resenie e i dosta poeftino otkolku da davas pari za kineski solaren panel.
 
Член од
1 ноември 2013
Мислења
616
Поени од реакции
529
едно прашање до @vanlok гледам најмногу мислења има дали е добро обична НЕО клима да има 54с. издув на внатрешната на 100 % влага моментално во Гевгелија истура цел ден врнеше ама малку значи се е мокро и дома пешкирите во другата соба што не се грее се влажни
Не сакам мислења да падне темп. -5 па да ја видиме тоа кај мене е тешко остварливо
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Не сосема, тоа што го велам е дека евтините клими се понеквалитетни од поскапите инвертор модели (што е нормално со оглед на разликата во цената). Нормално е дека почесто и полесно се расипуваат производите со полош квалитет.

Но тоа и не е главната поента.
Главната поента е дека обичните фикс спид клими се специфицирани за работа до +5с. Тоа што некој ги употребува и на -5 или -15с, не значи дека тоа е економично. Силата на греење тогаш драстично опаѓа, често на под 1 киловат за 3.5 киловатните модели.

Затоа кога некој ќе каже „абе грее„ тоа не значи ништо без да мерење и без наведување на спецификации на уредите. 5 киловатна фикс спид клима на -15с може да падне и на 2 киловати реална ефикасност, и тие 2кв може пак да загреат соба која е доволно мала. Итн, итн...

Ајде биди љубезен и цитирај ги тука тие мерења, јас за возврат ќе ги цитирам мерења за Тошиба Сузуми Плус.
Претходно велеше дека се ѓубре и срање, а сега само дека се понеквалитетни од поскапите модели, значи добро е, имаме напредок во ставот ;)

Мерењата кои ги постирав се слични на тие што ги постираат и другите членови со инвертери, тие не се спорни. Мене ме интересираат мерењата врз основа на кои ти тврдиш дека фикс спид климите трошат неколку пати повеќе струја од инверторите.
А фикс спид најчесто се специфицирани за работа до -5, не до +5. Тоа што инвертерите се специфицирани до -15, незначи дека на таа температура работат исто ефикасно како и на -5 и +5. А дека работат и греат, тоа е потврдено. И едните и другите. Неспорно е дека инверторите се поефикасни, меѓутоа целата дискусија започна од дилемата дали големата почетна разлика во цената се оправдува со заштеда на струја или не.
Топлински киловати. Правилно именување би било 12.000BTU за 3.5ите и 18.000BTU за 5ките, но народски и жаргонски сите ги викаме три-иполки и петки.
Иако за воља на вистината тие излезни вредности се постојано променливи и зависат од надворешната температура.
Затоа и муабетот со мунгусот беше дека кај обичните фикс спид клими тој варијабилен топлински аутпут е многу понизок (во однос на поквалитетните инвертор клими). Посебно некое Нео (3.5ка) кое на синоќешните -7с на излез сигурно дава помалку од 1киловат топлинска енергија, за одприлика еден киловат електрична енергија колку што најверојатно троши во максималниот мод на работа.
Да, и тоа Нео грее колку-толку ама најверојатно со СОР помал од 1, или приближен на 1 (кога не е во дефрост, а најверојатно е во дефрост 90% од времето).

Значи (@moongoses сега на тебе ти се обраќам ), секаква економија во работата на страна: не е е сеедно дали на -7с климата ќе грее со 2.6 киловати, или ќе грее со помалку од еден киловат топлинска енергија.
Тој што ти кажува дека сега на -7с се грее со Нео фикс спид клима, тој или ставил 5ка клима за 15тина квадрати соба, или живее во зграда каде внатрешите ѕидови имаат лоша изолација (па и комшиите што се на парно го греат), или не ти кажува дека вклучува и греалка/камин/термо печка кога ќе стегне ладново вака. Или па е пингвин и седи завиткан во ќебе на 15с..
Веќе напишав што грее и со што се грее, ама ти упорно одбиваш да го прифатиш тоа. Уште набедуваш дека тој некој ме лаже или дека ги крие каминот и термото пред да му појдам на посета. Плус сите деманти ти се базирани на лични субјективни претпоставки (сигурно, најверојатно).
И чисто процедурално, BTU/h e империјална единица мерка за енергија, а бидејќи ние користиме метрички систем, правилно е kW/h.
 
Член од
24 септември 2013
Мислења
344
Поени од реакции
317
Па дечки како што ви ветив во еден мој претходен пост ја презентирам мојата сметка за потрошена електрична енергија:

За месец Ноември

Вкупно потрошени KWh - 515
Тарифа 1 (активна висока тарифа (АВТ)) - 300 kwh
Тарифа 2 (активна ниска тарифа (АНТ)) - 215 kwh
Вкупна сметка за струја - 2700 ден. вклучувајќи такса за улично осветлување кое де го има де го нема :)

Напомена - ова ми е вкупната потрошувачка на струја во домот (се ми е на струја) и објаснав (неколку постови поназад) генерално што, како и колку користам од електричните апарати.

Греам 40м2 површина (отворен простор) со Toshiba Daiseikai 6 16000 btu.
Температура преку денот 21 степен, Навечер 22-23. Климата работи од 8 часот сабајле до 12-01 часот по полноќ.

Поздрав,

I jas bi gi spodelil smetkite za struja !!! Se nadevam deka ke bidat mnogu prifatlivi za dzeb :)
Inverterot go montirav na 27 Oktomvri, Gree Hansol 12000btu.
Bidejki sme vseleni vo stanot vo Septemvri, imam samo 2 celosni smetki do sega (krajna suma so vkluceno ulicno osvetluvanje)
Prvata od 14.09-14.10: 853 denari.
Vtorata 15.10-13.11: 1.300 denari.
Ziveeme samo jas i soprugata.
Standardna potrosuvacka e bojler sekoj den, masina za perenje 3-4 pati nedelno, susenje na alista 1-2 pati nedelno, masina za sadovi 2 pati nedelno. Se ova se uklucuva na eftina tarifa.
E sega, ne gotvime mnogu barem zasega, pa mozam da kazam rerna otprilika ednas nedelno, sporetot se uklucuva pretezno za kafinja-caevi, makaroni i ne mnogu cesti przenja. Ova e normalno na skapa tarifa.

Klimata otkako ja montiravme vo vtorata smetka vleguva so nekoi 16 dena. Poradi visokite temperaturi vo toj period ja uklucuvavme samo navecer od negde 18-19:00, pretezno ja ostavavme da raboti cela vecer i ja gasev sabajle koga ke stanam za na rabota okolu 6:45.

Ja pustiv non-stop da raboti na 22.11 i ottogas ja nemam iskuceno, namestena e na 21 stepen so iFEEL opcija da meri temperatura kaj daljinskoto, koe go cuvam na komodata za televisorot na 30-tina cm od zemja. Preku den sedam i na kratki rakavi, no zenami e pozimurliva i radi nea ja drzime taa temperatura. Navecer se pokrivam samo so edno kebe, zenami so kebe i frotirka-sinokja go primetiv ova, znam deka bese so dve kebinja od koi ednoto vo carsav no vika deka se potela taka :)
Poslednive 4-5 dena uklucuvam sleep funkcija preku den (sleep3 ili DIY za tie sto imaat vivax gexi-geyi ili hansol) namestena da ja namali temperaturata za 1 stepen (znaci 20) za 7 saati i potoa pak da vrati na 21. Ne ja uklucuvam navecer ovaa opcija zasto posle otprilika 2 saati pocnuva da duva epten mlak vozduh od sto e toplo doma i koga bese snegot proslata nedela posle defrost se isklucuvase, valjda bidejki nema potreba da raboti, no posle i treba vreme za da ukluci (stvarno da se izladi doma). Koga ne e na sleep, uklucuvam QUIET, odnosno najmala mozna bzina bidejki e dovolna za ovie temperaturi od okolu 3-5 stepeni.
Kako sto vika sass, duva skoro vruk vozduh kako od fen. Koga ke zastanes pod nea ne ti se trga.

Slednata smetka treba da stigne negde pred nova godina. Poveke informacii togas.

Zaboraviv da pisam deka greeme 42 kvadrati, 30 kvadrati e otvoren prostor dnevna kujna hodniche + 12 kvadrati spalna vo koja se vleguva direktno od dnevnata i vratata ja drzime non-stop otvorena.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom