Lad, Натурал ти пиша горе доле како стојат работите, што донекаде и јас се сложувам. Но има еден клучен фактор што таа го кажа а јас ќе ти го потенцирам:
Тука лежи целиот проблем... Земено и поврзано дека истото го имате разменето исклучиво виртуелно, така што таа проектира една малку (повеќе) искривена слика за себе.
Повеќето знаеме да се отвориме на дистанца, пошто колку и да сме блиску до мониторот и тастатурата, сепак сме и многу далечни до вербалната комуникација во живо. Посебно говорот на телото не` издава. Има такви луѓе ма колку и да имаш блиски ставови/сличности во вкусови, едноставно во нивна близина се осеќаш како странец.
Затоа ти викам, види се со оваа, но стриктно здраворазумно постапи на почетокот. Ако видиш дека нешто иде кон подобро, попрво стави крај на претходното па после започни со оваа. Она како ќе стави крај со нејзиниот, не е твое поле за мешање директно. Но разгледај од околу. Чисто да видиш да се ставиш во негова ситуација ако истово би се случило време и време подоцна. Пошо ако го вара...
Интересното е што вие слободните (општо зборам) што излагате секој втор ден на кафе насамо со различен/на другар/ка, многу повеќе им давате лажни надежи на оние со кои излагате, отколку кога некои веќе зафатени би излегле, кај нив веќе е поставена бариерата и се знае дека не може да се надмине.
Значи доколку не дефинирате стриктно дека се работи за пријателство и од двете страни, а сте слободни и двајцата, ондак има еден голем простор за додатни илузии, кога ти или другата страна сте во некој вид на friendzone или лажна надеж, или инфузија, ко што го нарекуваш.
Е кога барем едниот е во врска, или кога двајцата слободни стриктно се имаат договорено дека се и ќе бидат само пријатели, тогаш такви проблеми нема.
Оттука, не мора да си ко на "инфузија", да презакажуваш искачања ако те викне friendzone-от, не мора да чекаш да си ги среди мислите и магично да те посака, не мора да не бркаш други пошо нели чекаш, итн.
И од другата страна исто, доколку од твоја страна не постои интерес, а од другата постои, пак, самото тоа што си слободен е веќе голем отворен простор за другата страна, може со честите,според тебе другарски излагања, да даваш лажни надежи, а да не си ни свесен дека другата страна чека. Додека, ако си во врска или стриктно се имате договорено за пријателство, ова веќе повеќе пати го кажав, такви проблеми нема.
Се јавува и додатен проблем. Што ако додека си бил/а слободен/на, си имал повеќе пријатели од спротивниот пол?! Откако ќе влезеш во врска, треба магично да ги избришеш од контакти?! Тогаш логиката според која некои откако ќе си фатат дечко/девојка, не излегуваат повеќе, е создадена токму од вас, кои инаку ја хејтате.
пс. реторички прашања, не мора одговори
Па вака идам со едно девојче се лапам векје 1 ипол недела утре ке искочиме и сакам да и понудам врска но тоа е проблемот незнам како ако може некој совет
)
Речи и`: "Сакам да ми бидеш девојка". Тоа ќе и` биде комплимент само по себе, на 15,16 години некој ја нарекува "девојка", и дури сака да биде "негова девојка". Од друга страна, зборот "врска" може да го уништи овој turn on што ќе се јави кај тинејџерката.