J
James23
Гостин
Јас искрено да ти кажам знаев што ќе се случи,знаев дека сите како прво ќе бегаат од мојата главна поента односно поставеното прашање..Како да успеам да ја упознаам после неколку одбивања ? и сеа нормано дека прв впечаток на ова ќе биде дека јас сум досадниот,на неколку пати кажав дека она прва спомна за упознавање што мене ептен ме изненади.Вака, повеќето од советувачиве на форумов се средношколци/студенти, што замисли, никогаш во животов не искочиле со човек од спротивниот пол насамо, додека биле во врска. Enough said.
Уствари, премногу ретко може да се најде некој сличен на себе, и било каков контакт со истиот значи многу. Посебно ако се сметаш за некомерцијала.
Кога би ги открил истите сличности на себе и истите човечки слабости и кај девојка ти, тоа евентуално би довело до дистанцирање, затоа што постои едно големо меѓусебно поистоветување на двајца луѓе кои се во блиска врска. Секако би ти било непријатно кога би видел дека личноста со која треба секој ден да живееш, ги има истите твои слабости и не-баш-посакувани-твои особини.
Од друга страна, другар/ка. Тука нема поистоветување, не планираш да живееш со него/неа. Оттука, не само што не ти пречи што паѓа на Адел туку и чувствуваш емпатија, за разлика од тоа, на тоа место да беше девојката, ќе си помислеше како некоја која паѓа на Адел ќе ти ги расте децата со сите додатни животни проблеми.
Двојни аршини, нормално. Партнер е некој со кој треба да се надополнувате (две даваат едно цело) и физички привлекувате, а не да бидете исти, затоа што ќе се замразите, затоа што ќе се поистоветувате еден со друг.
Сличните луѓе се за да седнеш на кафе, прво да се нашалиш за работи кои не би биле смешни на секој, па да кажеш толку лични работи што на крај на вечерта ти е срам и од себе, значи ни ти самиот не би сакал да се потсеќаш. А замисли цело време да се потсеќаш гледајќи ги тие свои карактеристики кај другиот, ако делите заеднички живот.
Мислам, ако идеме по ставовите на форумџииве, стварно ми е чудно зошто досега не сте станале хомо со својот/ата најдобар/а другар/ка, затоа што очигледно така мислите дека иде заљубувањето, преку сакање да бидеш пријател со некој затоа што сте слични.
Малце повеќе Онтопик:
другаркава со која комуницираш ми е сепак чудна, односно е малце навлезена во шпанска серија. Е тоа е проблематичниот аспект, што она некако поттикнала поголема комплицираност и емотивна приврзаност, отколку што би требало нормално да биде во едно другарство, и на тој начин, и кај тебе поттикнала додатни размислувања за некој нејзин интерес, што може, но и не мора, да значи дека е едноставно проблематична девојка, така да, не прави ништо засега и види како ќе се одвиваат работите. Секако не дозволувај да трошиш премногу време на неа, сеуште не ја познаваш доволно за да вложуваш многу време и енергија.
И сега нормално дека и јас сакав упознавање,драго ми беше да има упознавање со таква личност со која што буквално скоро сме во се исти,искрен да бидам НЕМАМ сретнато таква личност до сега што толку многу наликува на мене...пример : Сака едноставни работи,сака еден дечко,не е Attention Whore,срамежлива е и уште други работи...и сеа целиов муабет е дека јас уствари сум бил заљубен во неа (Вистината е дека сакам да се упознаеме и ја сакам до мене како другарка ако го има истиот карактер како на нет) ама од друга страна си ја сакам девојка ми и сакам само една девојка да имам. Не ги осудувам тие што викаат дека сум вљубен во неа,којзнае можеби и сум само неможам да приметам,ама коментари од типот ти сакаш да ја легнеш неа ти ова ти она мислам дека тоа не држи вода.
Се согласувам со твојот коментар дека треба да остаам малку простор,и дефинитивно се служувам со тебе со тоа дека ако имаш девојка/дечко тоа незначи дека не треба да излезеш на пијачка или прошетка со човек од спротивниот пол,али да незгодна е ситуацијата нели и можам да сфатам некои работи ама желбата е голема што да праам
Се извинувам вака ама нов сум на форумов