Фан клуб - РК Вардар

Ако сака и во 18ч може да отишол , штом купил карта мора да седне на своето место.

Па не само јас , над 200 души останавме надвор и сите бевме со карти , тие што незнаат што се дешаваше надвор распршајте се или прочитајте
 
На работа бев неможев порано , иначе што к*р ги боли нив ја коа доаѓам , јас со карта доаѓам и он мора да му пушти али ова е луда држава јбг ..

Ако сака и во 18ч може да отишол , штом купил карта мора да седне на своето место.


Vaka sega macle i dvajcata neso izigravate evropejci. Ste procitale koga ke se zatvaraat vratite??
 
Абе луд па и ти не влезе те видов , што му глумуш тука лудило :pos: , иначе со тоа што ги затворија вратите само направија поголем проблем , а за нашава група што имало индијанци на трибина тоа е друг проблем :)
 
Абе луд па и ти не влезе те видов , што му глумуш тука лудило :pos: , иначе со тоа што ги затворија вратите само направија поголем проблем , а за нашава група што имало индијанци на трибина тоа е друг проблем :)

.
Ne vlegov toa e so ke se bunam nivna greska e isto taka a i nasa ubavo pisaa oni samo sto nie sekad cekame se na kraj toa e losoto
 
Не јебите, ја од Тетово дојдов у 4 и пол за да влезам, вие од Скопје ве мрзи порано од дома да излезете.
 
Не јебите, ја од Тетово дојдов у 4 и пол за да влезам, вие од Скопје ве мрзи порано од дома да излезете.

Одговорив и погоре , неможев да дојдам порано бидејки бев на работа , а секако дека најправилно е да се дојде барем пола саат пред натпревар за да се избегнат гужви и слично , а поготово во нашава држава со таква организација тоа мора
 
Одговорив и погоре , неможев да дојдам порано бидејки бев на работа , а секако дека најправилно е да се дојде барем пола саат пред натпревар за да се избегнат гужви и слично , а поготово во нашава држава со таква организација тоа мора

Мислев на дечкото шо кажува дека имало празни столчиња.
Со ПСЖ коа беше дојдов малце покасно, па имаше 1000 душе пред сала на пола саат пред утакмица, а за толку кратко време да влезат толку луѓе е скоро невозможно. Па нервози и буткања.
Затоа шо порано, тоа боље за да избегнеш такви нервози.
 
Еден апел до тие страствените навивачи на Вардар кои што имаат некоја релација со раководството на РК Вардар..
Сакам да ви кажам да ургирате таму до Сергеј, да ви обезбеди барем 50 души да отидат во Париз и да им дадете безрезервна подршка.. Причината која што ја кажувам е дека моментално ја изгледав утакмицата ПСЖ - Тун и овие гостиве нон стоп имаа подршка од своите 20 навивачи, бидејќи театар публика се домашните.. БТВ салата е мала во Париз налик на Кале, и константно навивање од Комитите би дале мотив плус за Вардар ...
 
Пишав пред мечот, еве ме сега пак. Не барам оправдувања, таман работа. Само ова што го одигра Вардар во второ полувреме беше во најмала рака срамно и бедно.
Зицери сам на сам, промашувања од лесни позиции, пробивања, грешки во додавања, тоа професионална екипа без намера не го прави.
Мириса, многу. Бев многу блиску до теренот, очигледни беа некои работи.

Ако се дознае дека навистина има нешто, што чисто се сомневам, тогаш не знам дали ќе има публика во Борис кога ќе игра Вардар во ЛШ. Тоа е изневерување и на навивачите и на сите тие кои издвоиле средства од сопствениот буџет и дошле да го гледаат Вардар во живо.

Не знам за тебе друже, ама јас секако дека ќе одам на сите натпревари во ЛШ, домашно првенство и на повеќето натпревари од СЕХА лига што ги играат дома. И јас бев блиску до терен и единствено што беше очигледно беа неверојатните одбрани на Раде Мијатовиќ, фактот дека бевме прочитани и катастрофалното издание на Карачиќ. Ама тоа на ниеден начин нема да ме оддалечи од саканиот клуб. И до сега игравме со осцилации и тоа ќе продолжи се додека не најдеме тренер и тимот не се воигра во вистинска смисла. А ако договаравме, сигурно немаше да договориме 8 разлика. Повеќе би се плашел од казна од ЕХФ заради пациентите што упорно ни ја трујат салата со својата неизживеаност. Се надевам дека дебилот што го фрли столчето ќе скапе во затвр и уште повеќе дека конечно ќе почнат фрлачите на упаљачи да бидат казнувани во нашата група. И Скопје станува сељачко дувло веќе..
--- надополнето: 25 ноември 2013 во 08:32 ---
Абе не се летајте дека била местена.
Никој не може да ме убеди дека ја наместиле утакмицата!
За жал кога очекувањата се најголеми, екипата потфрла...
Два пати сум сигурен во победа во Борис, два пати губиме, и тоа сен единстгвените пати, финале куп 2009 и денес.
Тоа е тоа, Раде Мијатовиќ :cuc:
Подобро што не треснаа порано, многу поболно ќе беше васков пораз да стигнеше во првенството.
Единствена позитивна работа е што ПОЛОШО од ова не може да изиграме.
Не верував дека ова ќе го кажам, ама Растворцев ни фалеше премногу :icon_mrgr:
Прво полувреме не бевме толку очајни. Чувствував дека во секој момент може да се одлепиме и што сакаме да си правиме. Алудирав цело време да не му сее пее на Номчета, пошто кога и да му скандираме не растура, ама тоа е...
Се молев Манасков да игра добро за да го остават во игра, и кога видов дека влегол Ојлески Јуда знаев дека многу работи ќе се сменат.
Од омилен играч, до најомразен почнува да ми доаѓа :mad:
Кога дава голови накај нас цело време слави.
Пресвртот на мечот го направи Раде Мијатовиќ.
Вонземјанско бранење, да бидам искрен такви 15 минути досега не сум видел да има ниеден голман во светов :eek:
Сите останаа подзинати, и целосно ги отпиша нашите.
Вардар го загуби мечот ради 3 потези:
1. Дотогаш одличниот Милиќ беше седнат на клупа и влезе Диви кој за 9 минути прими 7 гола.
2. Од икс причини Петриќ го седнаа на клупа и во одбрана играше Душебаев. Алекс не знае да игра одбрана, тоа е факт!
3. Раде Мијатовиќ.

Зар не се обидуваа нашите да дадат гол?
Значи не бевме толку очајни во тие 10 минути колку што звучше гадно серијата од 7-1 на Металург.
Не бевме во ситуација да очајуваме за позиција за шут, туку имавме 6-7 чисти зицери кои беа феноменално одбранети.
Епа момци кога голманот има таква вечер, НИШТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ.
Можевме да си пееме НЕЧЕ ЛОПТА ПОШТЕНОГ ЧОВЕКА :D
Не убија мотивациски. Знаете ли колку демотивирачки изгледа тоа?
Во овој дел и судијата не се прослави највеќе, гледаше некои само него познати пробивања.
Последна шанса беше кога дојдовме до -3. Дибиров унтна чисти шанси, али па два пати од мртви позиции погодуваше за да не врати од мртвите.
И тогаш се случи главното, гол на Атман и исклучување на Брумен за КРАЈ НА МЕЧОТ.
До крај само го избришаа подот со нас и единствено Карачиќ парираше.
Вака и во меѓусебен дуел се подобри, така даодново си дојдовме до тоа дека мечот со Динамо ни е меч на сезоната :)

Се разигра и Димовски и целос време се утепша од провоцирање, оа затоа дојде и до тој кекцес, наш фан да фрла со столици во терен :eek:

ОБАВЕЗНО ТРЕБА ДА КАЗНАТ, ако не ни дадат еден меч пред празни трибини, не се фер.
МОРА ДА СЕ СЛУЧИ ТОА, за да се научат некои копиљаци дека не можат сда прават што сакаат.
Јас на нашиот форум тврдев дека групата ни е хаос, и тоа што се изнавива во првите три меча беше само моментална инспирација. Денес тоа и се потврди. ГРУПА ШТО НЕ НАВИВА НА ФУДБАЛ НЕ Е ГРУПА.
Јас од кога одам на утакмции вакво слабо навивање немало, бар не на посериозните мечеви.
Да не барам оправдување ама пред мечот имало некоја масовна тепачка со полиција пред вратите и голем дел од нашето водство беа уапсени.
На трибина бевме само со еден водач и бевме како банда без команда.
Алооо една детска градинка да ти биде погласна? Ама тоа е кога билетите се пуштаат во билетара, пола наша трибина беа залутани фаци :confused:
Сепак вината е исклучиво во тоа што практично никој не водеше навивање, без водач тоа е.
МИЗЕРИЈА!!!
Порано и кога сме губеле, не смееле други да се слушнат бе. Играчите сме им кревале морал до таван, кога при пораз сме ечеле уште пола саат после утакмица!

Што побрзо да се заборави денов :D
Јас си ја истрошив цела негативна енергија. Ги натерав другариве да одиме на хокеј во Рамстор и цела негативна енергија ја истрошив врз пакот, така да сега кур ме боли, само се чекаат следните утакмици :)

Јас на нашите ракометари ништо не им замерувам, само нека се соберат малце психички и нека продолжат како што почнаа.
АЈДЕ АЈДЕ АЈДЕ ВАРДАРЕЕЕЕЕЕЕЕ ВАРДАРЕЕЕЕЕЕЕЕЕ ВАРДАРЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!!!

П.с. Види Фотос е баксузот :D

Конечно издржан пост на форумов!
 
Ако не е местена,а мислам дека не е, оваа партија ја изгуби Самс. Кривицата е целосно негова.
Хокеарски измени на утакмица во ракомет не се прават. Не се трга голман кој добро брани само за да го оладиш и да ставиш друг кој ќе прими 2-3 гола кои не смееше. Милиќ можеби во статистиката нема многу забележани одбрани,но он имаше уште толку одбранети удари под фаул кои ако влезеа ќе беа признаени како голови.

Не се држи играч во игра кој прави 2 пробивања по ред,после кои паѓаат голови и кој промашува 3 шута по ред.

Не се менуваат по 3-4 играчи секој напад.

Не се ставаат сите 16 играчи во игра до 22 минута. Која беше поентата со влегувањето на Марковиќ пример ? Нит он се изнаигра нешто (2-3 напада),а го олади Дибиров.Тоа е само еден пример.

Или како очекуваш одбраната да биде на ниво кога скоро секој напад игра во различен состав ?

Зашто кога една постава ти прави 3 разлика правиш 4 !!!! (со зборови четири) измени ??
Не се секирај нема да погинат ако изиграат некоја минута повеќе.

Оваа екипа има костру и веќе се гледа кој и како треба да игра со минимални измени,ама "тренерот" е тој што лута со екипата.
Ги имаш на среден Прибак/Карачиќ кои играат во 2 правци и не мора да се менуваат 10 минути еден - 10 друг (во оваа утакмица полувреме еден полувреме друг).Предноста широка клупа значи дека ако едниот е ептен уморен или не му е денот да имаш некој да го смени и да не се гледа разлика во квалитет.Ние тоа го имаме,но со хокеарски измени тоа не може да дојде до израз.
Го имаме и Столе кој докажа дека може да изигра квалитетно и во одбраната. Зашто играше само 15тина минути ? Не се секирај,нема да умре ако изигра 40 минути (ова важи за сите тројца пикери).Со нивно менување на секои 5 минути не му правиш на никого добро. Уште полошо е кога и ги става по двајца да играат во одбрана,па се губи и можноста за брз центар или контра.

Вардар игра контролиран хаос....а може од оваа екипа да се направи одлична машина.
Се има една осовина Милиќ - Дибиров - Брумен - Душебаев - Карачиќ/Прибак - Абутовиќ - Столе.
Ова е доста добра прва постава што може да игра само со 1 замена Абутовиќ - Лазаров. Другите нека сеадт на клупа и нека влагаат тогаш кога ќе опадне темпото и кога на некој од овие стварно нема да му е денот.


Башка работите што како ракометен лаик не може да ги примети ситните детали што прават разлика.
Ванчо пример колку повеќе го гледам толку повеќе ми се свиѓа како игра. Стварно секоја чест како отвара простор,навлекува играчи на него, ги иритира тие во одбраната,им влага под кожа, изнудува седмерци и исклучувања....дебелиот стварно им е клучна алка.Со неговото движење ги оставаше често Столе и Тоскиќ во 1 на 1 ситуации со побрзи и моторочки појаки играчи (Вугринец,Атман,Мојсовски).
Што беше и со невикањето на тајм аут ? Па во 10 минути противникот има 5-1 серија.....што чекаш уште 5 и примени уште 2-3 гола ? Во 17 минути од првото полувреме дадовме само 2 гола.


Цела вечер беше стварно срамотна....поготово пробушените куртони што и покрај се џиткаат работи на терен (жими се треба хемиска кастрација за нив,така глупо нешто да не може да се размножи) кои при наша серија од 2 или 3-0 и кога Дибиров ја дигна публиката почнаа да фрлаат работи на терен и да не прекинат во мини серија.Браво дебили.....семката да ви се исуши проклета.

Честитки до Металуг....едноставно имаа тренер на клупа и и ја сакаа повеќе победата.
 
Срам и арам да ви е на сите што зборите против Самсоненко. Се покажавте колку имате нешто во тоа тупите глави што врв ви е да кажете дека некој натпревар е наместен, ако не победат Вардар.
 
Срам и арам да ви е на сите што зборите против Самсоненко. Се покажавте колку имате нешто во тоа тупите глави што врв ви е да кажете дека некој натпревар е наместен, ако не победат Вардар.


Пушти ја снимката на мечот и види го тајмаутот на Самсоненко.Го зема кога ни направија серија 7:1 и на играчите им вика ништо страшно и одиме ИСТО КАКО И ДО СЕГА.Што е тоа "исто како и до сега"??

Убави квоти имаше во Бетсити се залетаа сигурно многу луѓе.За дали беше наместена или не тоа само раководството на Вардар може да го потврди,а до тогаш само ќе останат сомнежите.


И повторно Дибиров во топ 5 постигнати голови во 6-та рунда на ЛШ

http://www.laola1.tv/en-int/video/top-5-goals-round-6/145551.html

Секоја чест :cuc:
 
Срам и арам да ви е на сите што зборите против Самсоненко. Се покажавте колку имате нешто во тоа тупите глави што врв ви е да кажете дека некој натпревар е наместен, ако не победат Вардар.

Не мислам дека е наместена утакмицата.....едноставно премногу губи Вардар со такво нешто,а не е Самс некој ебиветар "бизнисмен" ко Брацо,па да се глупира така.
Арно ама не може да се каже дека не е крив човекот за поразот.
Ова е негов пораз,исклучиво негов.

Имам кажано,негови пари се на крају крајева....нека води ако сака,ако сака нека застане на гол или нека игра бек или крило,ама нема да биде на арно тоа.
Во вакви утакмици треба ТРЕНЕР,а не некој што мисли дека ако тренирал неколку деца тенисери и играл хокеј дека може да води и екипа во ракометната ЛШ.


Моментално најдобра опција е да го земе и ФК Вардар.Ем ќе ги отера у курац овие таму што се,ем ќе дојде малце посериозна екипа во мак. фудбалот,а најдобро од се нема да има време да си игра тренер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom