Да, да, не е тачен...
18ти август, Лето Господово, 2012та. Тимот на Ливерпул конечно истрчува да игра во Премиер Лигата на огромно задоволство на фановите кои со нетрпение чекаат три месеци да почне Премиер Лигата и да си го гледаат омилениот клуб во неа. Рики е среќен. Рики гледа посебна аура во Роџерс, верувајќи дека тој е месијата кој конечно ќе го крене омилениот клуб на Рики на местото каде припаѓа. Но, Рики не знае каков ден го очекува. Ден кој ќе го памети до крајот на животот. Во меѓувреме Скаузер88 води фан пејџ на фејсбук, истовремено подбуцнувајќи ги своите пријатели-фанови за секој негативен потег кој го прави Велемајсторот. Скаузерот не верува во Роџерс и едвај чека да ни докаже на сите дека е утка. Малколм Ван Ден Сабахоич пак тврди дека првиот гол во лигата ќе го даде Золтан Гера.
Локацијата е Д Хауторнс, домашниот терен на Вест Бромвич Албион, тим сметан за доволно квалитетен да заврши во средина на табелата, ако не и пониско. Рики го познава тимот од Фудбал Менаџер бидејќи таму ги водеше, па не веруваше дека тие играчи можат да му парираат на ростерот на Ливерпул. Рики седи со дресот пред својот телевизор, го бакнува беџот, и натпреварот почнува. Неколку минути пред крајот на првото полувреме, Золтан Гера пушта проектил кој завршува во мрежата на неспособниот Пепе Реина, чиј единствен квалитет е да го засмејува тимот со шеги во соблекувалната и да ја подава топката со нозе, факт кој ги воодушевува фановите на Ливерпул, но не и Рики. Во второто полуреме уште на почетокот по глупа грешка на Шкртел, Агер добива црвен картон со што прави пенал врз Шејн Лонг. Лонг го изведува пеналот, но дупло понеспособно од Реина го шутна, па Реина немаше што да прави освен некако да го фати пеналот. Рики веруваше дека има надеж. Се сети на Истанбул. Но Шкртел направи уште еден пенал. Единствениот натпревар кај што некој бил понеспособен од Реина. Тука Одемвинги го потопи Реина, забивајќи ја топката во голот. За мизеријата да биде уште поголема, Лукаку, на позајмица од Челзи, го начука и третиот гол со глава. Така заврши натпреварот.
Рики беше фуриозен. Шишето вода коа го пиеше го тресна од ѕид, маваше по перницата и креветот, урлаше на цел глас и ја удираше главата од вратата. Тогаш Рики се уклучи на фејсбук, надевајќи се на некоја позитивна мисла. Тогаш Рики го виде постот на Скаузер88 на својот фан пејџ, пост кој гласеше:
Во Рики нешто се мрдна, осети пореметување на своите нервни клетки и оттогаш веќе не е истиот. Скаузерот88 го смени Рики каков што го знаеме засекогаш.
The end.
Следно издание: За Малколмот;
- Дата на издавање: Кога Роџерс ќе освои Премиер Лига или Лига на Шампиони.