Јас и покрај тоа што капарисав клима за следнава година, сериозно сум заинтересиран за решение со централно греење.
Топлотниве пумпи воздух-вода ми се прескапи за тоа што го нудат, уредот е прескап за техниката во него, цената е напумпана само заради раритетот и малиот пазар. Надворешната единица е 3-6 илјади евра (зависи од јачината) а внатре во собите требаат фен којлери кои секој поединечен коштаат скоро колку една (поевтина макар) инвертер клима. Ходниците и бањите/тоалетите пак не се затоплени. Нема економска логика системот.
Геотермалните топлотни пумпи се исто прескапи, плус требаа бушотини кои се исто скапи. Најлошо е што тука практично нема фирми кои го работат ова.
Остануваат како опции фосилните горива, плин/пелети/дрва. Плин нема да има во догледно време, а да носиш со боци е ретардирано. Пелетите, во зависност од системот и од инсталерот, може да имаат многу проблеми, пак си бараат ложење (иако поретко), но имаат и поскапа (шпекулативна) цена од дрвата, плус самите печки се прескапи. Дрвата... цепење, складирање, носење на спрат, постојано ложење, фрлање пепел, чистење оџаци, проблеми со чадот... итн, итн.
Така да, има место на пазарот за системи како тој на Кано. Но треба повеќе информации да даде за коефициентот на конверзија на енергијата, и за цената на користење на уредот.
Таа цена на користење е нешто што македонскиот купувач најчесто ја занемарува. Една паралела ќе направам со автомобилите, кола што има скапи делови/сервис/итн, секогаш ќе има поскапа цена на користење од кола која можеби била поскапа за купување, ама има осетно поевтини делови/сервис/итн.
Не прејудицирам ништо за Кано системот, само илустрирам како се потребни повеќе информации за одлука на купувачот. Не е доволно да се каже само дека
„кано системите www.kano.com.mk се дефинтивно нај економичен систем за радијаторско греење„ без ама баш никакви спецификации.
Кано не ти го критукувам системот, но ти ја критикувам презентацијата. Мило ми е што има македонски фирми што се бават со ова, и затоа ќе престанам да прашувам понатаму.
...neka se obajsni malku principot na rabota kako i site drugi proizvoditeli, bidejki kazanoto deka e top i trosi malku struja a zagreva odlicno, ne proaga.
Ова е веќе одлука на самиот произведувач, негово право е да не дава информации... иако секаде е пракса производот да биде опишан како работи, макар површно. Разбирливо е што сакаат да си ја заштитат интелектуалната сопственост, но од друга страна има и купци кои сакаат да знаат подетално што купуваат. Не мора принципот на работа да биде опишан во детали, ама не би смеело да нема спецификации како потрошувачка, предвидени работни саати, чинење на потрошни делови (ако ги има) и такви работи...