- Член од
- 13 јули 2010
- Мислења
- 2.795
- Поени од реакции
- 6.209
- Локација
- јужно од бурегџилницата на аголот
а аракен спомна изолација, но едно е фасадна изолација, а друго е и да имаш добри прозори и врати кои дихтуваат. јас инвестирав кај мене и во двете, и според мене таа инвестиција се враќа после 5 год. можда и 7, али не повеќе
...под изолација подразбирам комплет (фасада, под, таван, прозори, врати, вентилација)....
.....најголема грешка што повеќето луѓе ја прават кога менуваат прозори е инвестирањето во скап профил (се лажат на маркетингот на 6 или 7 комори) и ставање на ефтино стакло....реално гледано профилот во целата површина учевствува со не повеќе од 10-15% ....улогата на профилот е добро да диктува и да го држи стаклото....разликата на заштеда меѓу 3 коморен и 7 коморен профил е мала....но разликата во цена е голема....од друга страна стаклото учествува со 85-90% во површината....така да вреди да се инвестира во стакло со подобар фактор на изолација
доколку немате довоно средства за промена на стаклото и профилот на прозорите....со мала импровизација можете да се подигне нивната ефикасност.....во продавниците се продаваат ленти за диктување на прозори....избегнувајте ги оние ефтините изработени од сунѓер...подобар избор се лентите од полиуретанска пена....исто така доколку прозорот се користи само за осветлување, а не и за видик....на стаклото може да ставите bubble wrap фолија за пакување (или ослободување од стрес со пукање на меурчињата)...не е потребно никакво лепење....испрскајте го стаклото со вода со пумпица за распрскување и притиснете ја bubble wrap фолијата на стаклото....фолијата ќе се прилепи до стаклото и ќе го зголеми неговиот изолационен фактор, а истовремено ќе ја намали кондензацијата што се јавува на стаклото