Breaking Bad

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.045
Поени од реакции
45.749
Незнам што да кажам повеќе од она што до сега сте го кажале, до 151 страна сум btw, од старт ве читав, штета од трета сезона е отворена темава а не од старт, уште материјал за читање ќе имав :), како стасав до 4та сезона така почнав со читање, една од најлегендардните теми на форумов, ако не и најлегендарна, ваквва поврзаност на обични луѓе со серија неам сретнато, не беше ни со Лост вака, фантастично у секој можен поглед.

И финалето ... немаше пренатрупани работи кои наеднаш се десија, едноставно финалето траеше добри 5-6 епизоди, све беше идеално распоределено, генијално осмислено а не наеднаш да има некаква ескалација и епилог, наеднаш да се одговорат 100 прашања а останатите 200 да останат неодговорени. Све е идеално тука, немам апсолутно никаква замерка за Се што се издеси во серијава, ниту пак за глума, ниту пак за режирани сцени и тиња елементи од сценариото. Генијално.

Единствена работа од темава која не ја разбирав е хејтот кон Скајлер, мажена за гик кој во животот не правел ништо девијантно, и мајка на парализирано дете и на штотуку родена ќерка. Не знам како поинаку би реагирала некоја жена од она што Скајлер ни го понуди тука. До душа '' навивањето '' за Волт си го правеше своето тука, ама од сегашна перспектива, .на место беше све. Дури и од човек кој дур беше дел од серијава, цело време лупаше на едно ѕвонче, луѓево искреираа лик кој утепа со глумата и те импресионираше, башка тоа што беше од огромно значење истиот а пола од нас гарант го баталија после убиството на Туко, абе ... мувата утепа со глумата, не па он или било кој друг..

Незнам, сеуште сум под импресии, не е ок вакво генијално дело во рок од недела дена да ти влезе у сетила за вид и слух и да биде процесуирано од мозокот, осеќам потреба серијава повторно да ја гледам од прва епизода, по 2 епизоди на ден, и у иднина дефинитивно повторно оди на тапет. Човек што сака да учи режија или глума, еве ви ја Библијата преточена у 5 феноменални сезони. :cuc:

п.с Покрај онаа песната од Корн ставена некаде на стартов од темата, една од моите омилени од периодот у средно, у пакет со спотот, еве уште една каде Арон е у главна улога

Jesse's life after Breaking Bad finale.


мислам дека не е ставена на темава, не ја приметив
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Ја изгледав пред неколку недели и сеуште се мислам што да напишам во темава, а кога ја прочитав цела тема сватив дека се е напишано и кажано за најлегендарната серија на сите времиња.
Едно нешто што ми е криво е што ја имав спуштено уште пред 2-3 год а чекав дури до сега да ја изгледам:tapp: со што наместо да си го развлечам задоволството во период од неколку години, јас го компресирав во неколку месеци.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
една од подобрите авантури у мојот живот :place:
колку епик моменти има на темава, свесни ли сте, намерно ве лајкнуем, од една страна ми се допаѓаат постовите од друга ве навраќам на убавите денови, кога bb траеше, сте барале симболики, сте удирале на теории и сте биле импресионирани од секој ебан сегмент од серијава, кога ќе му лајкнам пост на Псај од пред 2-3 години вака го замислуем

Tи благодариме добар човеку.
А викаат на добрина, со добрина се враќа...

 
M

Muranyi

Гостин
Една од омилените сцени после која Волтер ми стана идол.Не знам,секогаш ме фасцинирале луѓе со висок праг на толеранција,кои трпат се,секакви срања,понижувања,имаат свој став и принципи и држат строго до нив,знаат што е респект и се спремни да толерираат.Трпат дури и да им дефецираш на главата или во дневната,но кога ќе им прегори фитиљот подобро да не си им во видокругот.

Ова е метармофозата на Волтер во Хајзенберг,после ова веќе ништо не беше исто.

 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.157
Поени од реакции
5.933
Како што гледам серијава или ја сакаш или ја мразиш. Нема средина.

Тој што ја сака наоѓа по длабоко мислење, бара скриени работи, истражува за серијава, гледа интервјуа, и работи што реално можеби и не се баш најдобри ги перцепира како нешто феноменално и слично.
А тој што не ја сака серијата, едноставно не е по негов вкус па смета дека сите што ја сакаат серијата се мрднати. (а не дека не се :ROFLMAO: )
После 5тава сезона јас застанав на средина. Пред 5та... не дека ја мразев серијата, повеќе го мразев фактот дека е нај-overrated серија на сите времиња. И по 5тава сезона уште е, но барем колку толку фановите може да се правдаат дека со неа серијава заслужува да биде прва на imdb (далеку од тоа).

У глобала, ова ми беше досегашното искуство со серијава.
Прва сезона - тешко срање освен последните 2 епизоди.
Втора сезона добра само после Gus Fring (11та епизода од 13... fuck me).
Трета океј, иако ја има најглупата епизода во историјата на телевизијата (Fly), и голема штета што не го убија Хенк кога требаше.
Четврта океј, штета што Gus Fring умре.
Петта одлична, но малце опадна темпото после Dead Freight.

Ликови...
Marie - најдосадниот лик што сум го видел. Секое нејзино појавување ми беше неподносливо.
Skyler и Flynn се исто тука негде, но барем Skyler беше глумена од одлична актерка.

Од епизоди најдобра ми беше Dead Freight, Granite State втора, сите други имаа досадни моменти.

Финалето беше соодветно.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.157
Поени од реакции
5.933
You just went full Flynn. Never go full Flynn.
You just got offended. Never get offended.

Ако имаш соодветна реплика - реплицирај. За тоа е форумот. Постови со fanboy rage се тотално непотребни.
 

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
Ozymandias
Епизодата која е рејтувана како најдобра од поголемиот дел на фановите и тоа мислење е општо прифатено овдека на форумов како што забележав. Уфф, навистина е ремек дело но на мојата листа е само на третото место после ''Фелина" и ''Face off''.
Колку ли само гневен бев на Волт што посакував он да беше на местото на Хенк. Гневен бев дека Волт испадна најголемо копиле, предавајќи им го Џеси на нео-нацистите со наредба да го убијат. Овој момент ја засени смртта на Хенк, која веќе беше ирелевантна за мене.

A koj go predade Walt?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Пушти си ја пак последна епизода од 4та сезона и гледај внимателно
Волт го отру Брок со тоа цвеќето, поентата ми беше дека Волт не е цвеќе за мирисање и оправдана е реакцијата на Џеси.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Замре нешто темата. Дај споделете ги видеата што мислите дека ја содржат најдобрата Bitch сцена од серијалот. Еве ќе почнам јас.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom