Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Баш денес почнав да ја читам Сестрата на Зигмунд Фројд од Гоце Смилески , но сум скроз на почеток ( дваесетина страни прочитани ) . Засега е ок , и ќе видиме како ќе биде понатаму . Иначе одамна се кандисувам да ја прочитам Мајсторот и Маргарита од Булгаков , па ме интересира дали македонскиот превод е добар ( ако воопшто ја има на македонски ) , или да си го земам српското издание .
Ја има на македонски. Да ја најдам по дома, ќе ти кажам чие издание е...
 
Ви благодарам и на двете ( Бубамара и Шетачка ) за инфото .
 
„Прашки гробишта“ од Умберто Еко.
Бев готова да ја баталам, почна да мрсомуди на почетокот (заради истите причини не ја дочитав „Фукоовото нишало“), ама се оправи. На почеток сум уште, на типот му фали еден ден у животот... :)
 
Зошто не му ја знам книгава, роман е или раскази?


книгата е за нападот со гас во метрото во токио. има интервјуа со жртвите, фамилиите и дел од напаѓачите. целиот напад раскажан од различни гледни точки, целта на сето тоа и последиците
 
"Ејми ја нема " Џилијан Флин
Одамна некоја книга не ми оставила толку голем впечаток. Се зборува за еден навидум совршен брак, кој наеднаш почнува да оди во надолна линија. На 5 годишнината од нивниот брак Ејми ја снемува од куќата. Сите докази водат дека нејзиниот сопруг Ник е тој што стои позади исчезнувањето на Ејми. Но следува голем пресврт на работите...
 
399 - Фредерик Бегбеде.
Сурово потсмевање на светот во кој живееме, баш како што е нагласено. Препорачувам
 
Ох,моментално читам малку лесна литература-Враќање кон ѕвездите-Деникен,како и Ангели и демони-Ден Браун,но и малку друга литература која не сакам да ја објавам(книгата) јавно затоа што можно е да предизвика лавина од реакции:)
 
Ох,моментално читам малку лесна литература-Враќање кон ѕвездите-Деникен,како и Ангели и демони-Ден Браун,но и малку друга литература која не сакам да ја објавам(книгата) јавно затоа што можно е да предизвика лавина од реакции:)



Сега ептен ме заинтресира која е таа книга за која мислиш дека ќе предизвика лавина од реакции? :)
 
Филозофија на право.
Закон! Академиков е цар. Сите што некад нешто зуцнале за право, ги пишал у книга. Се опфаќа повеќе историја на филозофија од Историја на филозофија.
 
Филозофија на право.
Закон! Академиков е цар. Сите што некад нешто зуцнале за право, ги пишал у книга. Се опфаќа повеќе историја на филозофија од Историја на филозофија.


Камбо а? :D Тро раскршен е учебникот, али се тера некако.

п.с да не бидам оф топик, Човекови Права-Фрчко работа.
Апстракција до немајкаде демек на висок стил за да ги буни децата.

,,Со нивниот метод на нагласување на партикуларното, на фрагментацијата, на симулакрумот и на постојаните повторувања на различни ,,читања" на истите вредности и права се одречува секоја ,,метанаративна" концепција на универзалноста на правата на човекот".
 
50 нијанси на сиво Е.Л.Џејмс
Јас лично сум задоволна од книгата и како мој прв прочитан еротски роман навистина ми се допадна . :oops:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom