Фан клуб - РК Вардар

Луѓе, дај не се зезајте, повеќе од јасно е дека целиов текст на екипа е измислен. Прво, кој луд би ја напуштил Барселона за Скопје; второ, Барселона не е луда да го пушти и трето, Самс не е луд да троши толкави пари за голман што има валиден договор со тим како Барселона. Има и посоодветни алтернативи. Од каде Oleg Ribarcuk си добил впечаток дека Вардар има каков било проблем во организациска смисла? Баш напротив, мене ми делува како одлично организиран клуб во административна и играчка смисла. Ова се имплицира и врз играта - тимот игра се подобро, почна да добива на полетност и свежина, игра разноврсен и убав ракомет. Доне солидно си ја врши работата (како и што очекував), а Самс му е одлична поддршка. Влакно во јајце може секогаш да се бара, ама нема потреба да бидеме претенциозни.

Како можеш да кажеш дека се нема проблем во организација кога тимот нема тренер ,а сопственикот си седи на клупа за време на натпревари и збори на тајм-аути.Давање сугестии од клупа или ложа е едно али да пробуваш да водиш тајм-аут е сосема друга категорија на мешање.


Јас лично не можам....
Пешиќ од Марибор е одличен голман и млад, Шмал е станат втор голман во Киелце, Шариќ полесно е да се довлечка него Штербик, Миклер од Пик Сегет е доста добар, Борко може да се врати,Штохл (Чехот од Запорожје пред тоа у Фуксе),Бојтлер,Шулц аргентинецот......Станиќ ко да е једини голман на планетава....

Нe знаев дека до толку не играл,ги имав гледано само нивните натпревари против Висла.Шмал ете е комплетно реална цел со што би се добил екстра константен квалитет на гол без никаква драма.

Он секако во Киелце нема воопшто мала плата,а и секако не би сакал да седи на клупа.Него кога би го донеле,домашна титула и СЕХА се веќе освоени а со појачување на лев и десен бек следна година напаѓаме и на второ и прво место во група независно од групата.
 
Како можеш да кажеш дека се нема проблем во организација кога тимот нема тренер ,а сопственикот си седи на клупа за време на натпревари и збори на тајм-аути.Давање сугестии од клупа или ложа е едно али да пробуваш да водиш тајм-аут е сосема друга категорија на мешање.

Нема тренер заради две причини: 1. Зашто Зоки го избркаа, а тоа се покажа за сосема исправен потег.. да не се повторувам - откако Зоки си отиде тимов игра далеку подобро; 2. Нема тренер зашто не е четврт бурек па да се набави за 15 минути.. подобро е извесно време да останат со Доне отколку да се земе тренер колку да се рече. А тоа што Самс паламуди на тајм аути во оваа фаза додека уште немаме прв тренер, не е никаква трагедија, освен ако не сме со сила претенциозни. На крајот на краиштата, се брои играта и резултатите, а тие се и над очекувањата во оваа фаза.
 
Ако успеат некои работи, следи многу убав период за РК Вардар :giggle:
 
Начна некои „убави“ работи и сеа ќе не остави така да се мислиме и туфкаме цела вечер. Тее каде баш пред спиење ја пушти паткава :D
 
Начна некои „убави“ работи и сеа ќе не остави така да се мислиме и туфкаме цела вечер. Тее каде баш пред спиење ја пушти паткава :D
Animals_Ducks+_Indian+Runners_.JPG
 
Наркоман или не мислам дека Станиќ би го кренал Вардар едно ниво погоре...

Не знам кои се вашите размислувања околу тоа ама би сакал да дојде што поскоро во Вардар.
 
Наркоман или не мислам дека Станиќ би го кренал Вардар едно ниво погоре...

Не знам кои се вашите размислувања околу тоа ама би сакал да дојде што поскоро во Вардар.
tumblr_meawt3srtc1rfduvxo1_500.gif
 
Кај може да најдам дрес од РК Вардар или треба да се чека до натпреварот во ЛШ кога рекоа дека ке биде отворен фан шопот?
 
Јас од душебаев сакам да земам за да се сеќавам еден ден кој играч за вардар.Секако тој меѓу најдобрите ќе биде во иднина и ќе заигра за некој шампионски тим(лш)
 
Јас од душебаев сакам да земам за да се сеќавам еден ден кој играч за вардар.Секако тој меѓу најдобрите ќе биде во иднина и ќе заигра за некој шампионски тим(лш)



Веќе игра... ВАРДАР
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom