Фан клуб - РК Вардар

Кај може да најдам дрес од РК Вардар или треба да се чека до натпреварот во ЛШ кога рекоа дека ке биде отворен фан шопот?

Којзнае што праат со тоа. 2 месеца им е у најава. Испечатија една серија дресови и толку.:)
 
Којзнае што праат со тоа. 2 месеца им е у најава. Испечатија една серија дресови и толку.:)

Незнам зошто не може да се купи „прописен“ дрес. Она што го продаваа со ПСЖ беше далеку од дресовите на тимов.

Инаку, еве го дресот, ама бланко. Не може да се најде ниту со пришиен амблем во слободна продажба, ниту со спонзори, а да не збориме за броеви и имиња..

http://www.hummel.net/en-AA/product/Men/Sport/T-shirts/03-913/BLACK/TRUE_RED

На почеток на сезона играа и со овој:

http://www.hummel.net/en-AA/product/Men/Sport/T-shirts/03-909/TRUE_RED

Најблиска продавница до нас на hummel (барем според нивниот сајт) е во Швајцарија.

Покрај тоа, знае ли некој зошто барем отпечатени оригинални дресови не се продаваат кај нас? Има ли нешто со спонзорски договори или слично?
 
Мислам дека женските играат во овој вториот. Не верувам дека ќе пуштат во слободна продажба оригинал Hummel дресови на Вардар, може не им се исплати или Hummel нејќе сериска продажба. Едино вака ќе прават продажба со маица - дрес без ознаката Hummel.
 
И јас имам слично чувство, за жал. Инаку, дизајнот на овој hummel дресот ептен ми го фаќа око.

Па барем и ова нека го пуштат во продажба. Или некои други реквизити што би изработиле и разно. Народ желен да купи некој реквизит а овие два месеца кај фан шопот им пишува „во изградба“, рекоа за недела дена од тогаш помина еден месец. Не сфаќам што е работата со тоа..
 
Се слагам и се надевам дека одолговлекувањето е затоа што се спрема нешто добро. Порано или покасно ќе го пуштат и би било страшно глупо ако изборот го сведат на едно 10 реквизити (2-3 маички, шоља за чај/кафе и слично).

Би било добро, а не гледам некоја посебна причина зошто и не би го направиле, конечно тоа да биде фан шоп по терк на големите клубови. Странциве на секоја ситница лепат амблеми (од вратоврски, усб-стикови, постелнини, ранци и на што уште не). Супер би било кога на пример би имало и цела серија производи за деца.

Мислам дека сме изгорени за ваква работа. Особено поради тоа што растеме/пораснавме со идоли претежно од странски клубови (без разлика на спортот).

Би бил многу среќен ако на пример во фан шопот може да се купи постер од Душебаев или Дибиров. Сега барем со дигиталнава фотографија и техники на принтање ова се прави лесно. Се што треба е само малку желба. Мене лично ми помина времето за таква работа, ама замисли каква радост е за дете кое што би имало такви постери во соба, а 2-3 пати месечно истите тие играчи да може да ги гледа во живо.

Постер од групна фотографија од цела екипа во голем формат, годишни програми и слично мораат да печатат (нешто вакво имаше лани на Ф4 на СЕХА, што беше добро).

Треба да размислат и за организирани средби на играчите со навивачи. На пример нешто како фотографирање, делење автограми и слично. Во закажани термини, редовно, а не инцидентно или никогаш.

Вакви идеи постојат уште безборој. Можеби се ова изгледа малку утописки и бара значително повеќе ангажирање отколку она што кај нас е вообичаено, ама не требаат многу ресурси за да се оствари.
 
Во аутлетот во Борис Трајковски тој новиот што е спорт-визион има hummel и мислам дека имаше ваков „бланко“ дрес само што цената беше малку солена
 
Во аутлетот во Борис Трајковски тој новиот што е спорт-визион има hummel и мислам дека имаше ваков „бланко“ дрес само што цената беше малку солена

За ова фала, обавезно ќе проверам. А за цената не ме изненадува. Очекувам како за цел свет, околу 55-65 еур.
 
Па барем и ова нека го пуштат во продажба. Или некои други реквизити што би изработиле и разно. Народ желен да купи некој реквизит а овие два месеца кај фан шопот им пишува „во изградба“, рекоа за недела дена од тогаш помина еден месец. Не сфаќам што е работата со тоа..

Ваков видов во Вторникот во аутлетот на Sport vision кај Борис Трајковски.Продаваат јакни hummel,па меѓу нив имаше и еден ваков останато.Баш се пофатив,мислев дека е официјалниот дрес,али немаше ни амблем ни ништо,само ова hummel во средина.Али само еден имаше останато и тој беше мал број,треба да се праша,може ќе добиваат пак.Веќе кога ги нема официјалните дресови во продажба и овој маица-дрес е нешто.
1353046208___35568.jpg
 
Абе треба одма да го отворат фан-шопот. Искрено веќе сто години пишува „Во изградба“. Веќе тоа се граничи со непрофесионализам, без разлика кои се причините, дали не може да испечатат дресови, да ги направат другите реквизите... Ама ако се размисли најискрено не би требало долго време за тоа... Сепак, јас очекувам нешто прејако штом олку време се чека. :D
 
Мора Загреб да го јаде денес :sneaky:. Ајде Вардар!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom