Фан клуб - РК Вардар

pero%20komita.jpg
 
Текст од http://new.fkvardar.mk
Вардаровото семејство денеска загуби еден свој драг член, огромен заљубеник во црвено-црните бои, еден од најголемите навивачи на најтрофејниот македонски клуб кој го познава Скопје. На 62-годишна возраст денеска почина еден од основачите на навивачката група „Комити“, Перо Апостолов, последните години член на „Стара гарда – Комити“, познатиот и секогаш драгиот на Западната и Јужната трибина: „Перо старо“, „Перо Комита“ или „Чичко Перо“...

Вардар сосема неочекувано остана без физичката присутност во иднина на чичко Перо, но дефинитивно сите негови генерации почнувајќи од најмладите во клубот па се до сите навивачи на нашиот клуб се свесни дека секогаш ќе биде присутен во сите оние срца кои чукаат во вардаровиот ритам. Апостолов, почнувајќи од 1968 година е постојано со натпреварите на ФК Вардар, како што самиот истакнуваше последниве месеци дека на прсти може да се избројат натпреварите на кои не присуствувал за сите овие 45 години.

ФК Вардар изразува најискрено сочувство до семејството на Перо Апостолов верувајќи дека неговиот пример за искрена љубов кон црвено-црните бои ќе ја следат голем број млади генерации.
 
Незнам зашто сите мислите дека во Минск ќе се прошетаат металург и ПСЖ. Нит едниве нит другите немаат сигурни бодови таму. ПСЖ се извади во париз и се гледа дека се ранливи на гости. Со Металург одлично се држеа до последните 10 мин. Металург се виде колку се добри во одбрана без Станич а овој очигледно и не мисли да се изнабрани за нив оваа сезона. Кога ќе дојдат тие уткамици и на Минск нема да им е сеедно. Детали ќе решаваат и се е можно така да има уште многу да се игра. Наше е да си ги добиеме сите во Скопје а во Париз и Барселона да идеме на изненадување, со господ напред се е можно, до тогаш ќе бидеме колку толку уиграни...
 
Дај не ги ремети, те молам ;) ... Металург треба да е среќен ако ја пројде групата. Освен со Тун дома, не би ме изненадило да ги изгубат сите други. Две со Вардар, на кои што треба да бидат среќни ако земат барем 1 бод, на гости во Париз и Минск.

Од друга страна, очекувам Вардар да ги изгуби гостувањата во Париз и Барцелона. Другото се да добие, со што би имал +8 од сега. За жал, веројатно тоа нема да му е доволно за второ. Како што кажа, најмногу поради поразот во Минск.

Ако имаме луда среќа и Минск го добие ПСЖ дома, тогаш има шанси за второ место.. А тоа најверојатно би значело и дека Металург ќе испадне.

....

Уствари кога ќе размислам, Металург стварно има поголеми шанси за второ место во група од Вардар -- во домашно првенство !!(y)

Na metlaurg najverojatno za prolaz ponatamu kje mu bide dovolna ushte pobedata so tun. Ima samo edna opcija nie da bideme vtori koja e prilichno fantastichna i odi vaka: Metalurg- Vardar 2 , Vardar -Metlaurg 1, Dinamo-Paris 1, Dinamo-Metlaurg 2. Dodusha ima i ushte edna ushte poneverojatna spored koja nie treba da zememe bodovi vo Paris.
OPciite na metlaurg nasporti se: Metlaurg -Vardar 1, Dinamo-metlaurg 2, Dinamo -paris 1. Zaradi ova rekov deka shansite im s epogolemi iako se razbira nashe e da si go odrabotime nashiot plan. I tuka nema otstapuvanje. odime na 4 boda vo duelite so niv, pa shto bide posle neka bide. Vtoro mesto e golem zalog. Siguren sum deka koj kje bide vtor kje odi vo 1/4 finale.
--- надополнето: 22 октомври 2013 во 13:07 ---
Lesna mu zemja.
 
Иако ова не е изворот од кој би требало да очекуваме релевантни информации за нас:
http://www.rkmetalurg.mk/kasim-kamenica-dobi-otkaz-vo-lovkjen-sledna-destinacija-vardar/

Убаво еден напишал коментар доле „ништо не објавивте за за доаѓањето на едно од најдобрите крила во светот во Вардар, али за ова први сте“

Мислам ова е шплекулација, и од нив први е објавена веста.

Доколку е вистина мислам дека може да се смета за 10 пати поглуп потег од купувањето на Мите Стоилов. Али не верувам..
 
Да, се согласувам.. иако Касим е искусен тренер со добар бекграунд, не сакам Балканец за тренер (освен ако тоа не е Вујо ;))
 
Ако веќе ништо асално квалитетно неможе да најде, нека тера со Доне до крај на сезона. Ја немам проблем со тоа...
 
Ако веќе ништо асално квалитетно неможе да најде, нека тера со Доне до крај на сезона. Ја немам проблем со тоа...

Веројатно така и ќе биде. Тимот доби на свежина и се ослободи од грчот кој го имаше додека беше тука Зоки.. Ако ништо друго, екипата е далеку пополетна и поодморена, зашто играат сите, а не како кај Зоки кога непотребно се теретеше само првата линија.
 
Да, се согласувам.. иако Касим е искусен тренер со добар бекграунд, не сакам Балканец за тренер (освен ако тоа не е Вујо ;))

Освен Вујо за мене е прифатлив и тој на НЕХЕ... Играат одличен брз ракомет што ем е добар за око ем тешко кој може да го прати а ние можеме да го играме
 
Абе каков Каменица нека не се глупираат....ќе се испокара со пола екипа во рок од месец дена,ќе попие отказ за 2 месеца и ќе ја разјебе цела атмосфера.
Во НЕХЕ живи среќни се што го тргнаа и навивачите и играчите.....сега со поскромен состав играат 5 пати подобро.
 
Не верувам во ангажирање на Каменица, мислам дека ова е само „патка“ на комшиите од Автокоманда за да го тргнат фокусот од ова:
http://www.balkan-handball.com/balkan/metalurg-suspendovao-darka-stanica
Станиќ наркоманот о-о-ооо :D.. Леле човеков што се е спремен да направи за да си отиде од кај Минчо и да дојде кај чичко Самс :pos:
 
Обрван или Корди би биле најдобрите избори за тренер со тоа што првиов не би бил достапен добар период од времето заради обрски со репрезентација додека за вториот би требало да се исплаќа одштета на НЕХЕ најверојатно ( што не верувам да е проблем ) али дали и он воопшто би сакал да се префрли на сред сезона во друг тим.

А Станиќ навистина се надевам дека нема да биде купен.Најдобро би било комплетно само да се раскараат и он да им седи на трибини а да собира плата додека не игра.
 
Текст од http://new.fkvardar.mk
Вардаровото семејство денеска загуби еден свој драг член, огромен заљубеник во црвено-црните бои, еден од најголемите навивачи на најтрофејниот македонски клуб кој го познава Скопје. На 62-годишна возраст денеска почина еден од основачите на навивачката група „Комити“, Перо Апостолов, последните години член на „Стара гарда – Комити“, познатиот и секогаш драгиот на Западната и Јужната трибина: „Перо старо“, „Перо Комита“ или „Чичко Перо“...

Вардар сосема неочекувано остана без физичката присутност во иднина на чичко Перо, но дефинитивно сите негови генерации почнувајќи од најмладите во клубот па се до сите навивачи на нашиот клуб се свесни дека секогаш ќе биде присутен во сите оние срца кои чукаат во вардаровиот ритам. Апостолов, почнувајќи од 1968 година е постојано со натпреварите на ФК Вардар, како што самиот истакнуваше последниве месеци дека на прсти може да се избројат натпреварите на кои не присуствувал за сите овие 45 години.

ФК Вардар изразува најискрено сочувство до семејството на Перо Апостолов верувајќи дека неговиот пример за искрена љубов кон црвено-црните бои ќе ја следат голем број млади генерации.
Уууу ова Перо Трато од Кочани бре, шо така ненадејно, или ?

Sent from my ALCATEL_one_touch_995 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom