Музичко име на тапет : Coldplay

Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Oф-топик прашање: Кој одлучува кое музичко име ќе биде на тапет, и на кој можеме да му даваме предлози?
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Oф-топик прашање: Кој одлучува кое музичко име ќе биде на тапет, и на кој можеме да му даваме предлози?
Остај го форест не го сака љубената веќе па спамира тука..
Можеш да даваш предлози тука на темата, а можеш и да го напишеш воведот за предложениот бенд кога ќе дојде време за менење.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Штом се на тапет, покрај моето претходно мислење, морам да ја ставам и мојата дискутабилно омилена песна од нив.
Ја обожавам, цел ден ја слушам...
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Следни на тапет се:

Porcupine Tree
Porcupine Tree е еден од тие иновативни бендови кои тешко може да се стават посебно во некоја категорија на музика. Најдобриот опис за тоа што е музиката зад ова име е напишано на позадината на албумот „Signify“- „Porcupine Tree have managed to defy genres and blend together numerous ambient, rock and avant-garde styles to create a musical landscape that is both refreshing and compulsively seductive.“ Искрено и емотивно дело на човекот кој е душа на оваа група, Стивен Вилсон, кој освен тоа што е познат по оваа група е познат и како човек кој има многу соработки со други музичари, формирајќи посебни музички проекти.

Овој британски рок бенд е формиран во Hemel Hempstead, Hertfordshire, Велика Британија во 1987 година. Porcupine Tree, интересно, започнал како измислен бенд на мултиталентираниот фронтмен Steven Wilson, кој заедно со еден свој пријател започнале да си измислуваат детали за овој бенд, пример - измислувале членови, историја, албуми, инспирирани од прогресив групите од 70те години, најмногу од Pink Floyd. Иако било како шала, Стивен сфатил дека песните кои ги правел за таа група, може да биде маркетингшки успешни, па затоа во 1989 години, под името Porcupine Tree објавува касета со име Tarquin's Seaweed Farm, на која се наоѓа 80 минутна музика, целосно изработена и одсвирена од Вилсон.

Како one-man бенд Porcupine Tree бил сe до 1993 година, кога Вилсон решил дека по 2 албума, треба да се префрли на перформанси во живо. Затоа во бендот се приклучиле Ричард Барбиери (клавијатури), Колин Едвин (бас гитара) и Крис Мејтланд (тапани). Стивен Вилсон бил одговорен за вокал, гитара и речиси сите други инструменти кои биле вклучени во изработката на песните.

Низ самата историја на бендот, имало периоди кога биле „внесувани“ влијанија од психоделичен, алтернативен и амбиентален рок, па и електронска музика, за да во последниот период и влијанија на пост-рок и метал во својот уникатен прогресивен рок, како што обожаваат да го наречат медиумите. Со секој нов албум, се прави нова приказна и ново движење на самата група.

Моментално, групата е ставена на некој вид на пауза, без никаков датум за повторно враќање. Вилсон фокусиран на својата соло кариера и со другите проекти како Blackfield, на одговорот дали Porcupine Tree веќе не постои, тој одговара дека никогаш не се распаднале и нема планови за тоа, но не е сигурен кога ќе се вратат, бидејќи сe уште нема планови за тоа.

Студиските албуми се:​
On the Sunday of Life... (1991)​
Up the Downstair (1993)​
The Sky Moves Sideways (1995)​
Signify (1996)​
Stupid Dream (1999)​
Lightbulb Sun (2000)​
In Absentia (2002)​
Deadwing (2005)​
Fear of a Blank Planet (2007)​
The Incident (2009)​

Од многуте песни кои се дело на оваа група, се решив за овие 2, кои се убав вовед:​

 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Ааааааа готово, ми ги трефнавте :vozbud:


Бендов прв пат го слушнав кај еден другар пред 7 години, игравме некоја игра со авиони и во позадина ставена на рипит Anesthetize. После 3-тиот пат другаров приметува дека несакајќи стиснал рипит, а јас па го прашувам колку трае песната (мислев дека е толку долга) и од кој е, зашто не ми звучеше познато. И ми кажа некое шкљ име (Порпуцине трее или нешто сл.) и дома шта чеш, у тоа време btjunkie ми беше извор на торенти за музика и цела вечер седев барајќи како се вика бендот. На крај си ги најдов и си ги слушав скоро цела година секој ден.

Јас слободно би ги нарекол Пинк Флојд од денешно време. Нивната музика ми е така безвременска, убаво склопена... абе се гледа дека е нешто работено со труд и со мерак. Го слушаш бендот и осеќаш дека уживаат во тоа што го свират и дека не се онака само да изградат име и да продаваат после. Мене омилен албум ми е Fear of the blank Planet. Ги ставам во мојата топ 5 листа на бендови без размислување.
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Еден од најфините бендови на денешницава, чиста музичка естетика.

Нема причина човек да ги неќе.
Во последно време од нив, ова ми се врти во глава.

(Практично Pink Floyd - Dogs )
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Поради песнава се заинтересирав во музиката на Radiohead, поточно албумот The Bends. Не ни знаев дали е албум или бенд, а баш ме интересираше што сака да слуша Стивен Вилсон на страна. :)


You keep me waiting
You keep me alone in a room full of friends
You keep me hating
You keep me listening to the Bends
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Со мало задоцнување, од еден ден, му мина времето на последниот тапет. Наредни GNR.

Guns N' Roses познати и по кратенката GN’R се амеркански хард рок бенд, формиран во Лос Анџелес, Калифорнија, во 1985 година. Класичната постава, која што потпиша договор со „Гефен Рекордс“ во 1986 се состои од вокалистот Аксел Роуз, соло-гитаристот Слеш, ритам-гитаристот Изи Страдлин, басистот Даф Мекеган и тапанаротСтивен Адлер. Денес, Ексл Роуз е единствениот оригинален член на групата, во која членуваат уште Дизи Рид, клавијатуристот од времето на Use Your Illusion, соло-гитаристите Ди Џеј Ашба и Рон „Бамблфут“ Тал, соло и ритам-гитаристот Ричард Фортус, басистот Томи Стинсон, тапанарот Френк Ферер и клавијатуристот Крис Питмен. Бендот има издадено шест студиски албуми, кои имаат достигнато продажба од повеќе од 100 милиони ширум светот, вклучувајќи продажба од 45 милиони во САД.



Една година по издавањето, деби-албумот на Ганс ен роузес Appetite for Destruction (1987) достигна до првото место на „Билборд 200“ по заслуга на нивниот хит „Sweet Child o’ Mine“, нивниот единствен сингл кој се искачи на првото место на „Билборд Хот 100“. Албумот се има продадено во успешни 28 милиони копии ширум светот, вклучувајќи 18 милиони продадени во САД, што го направи најдобро продаван деби-албум на сите времиња во САД. Успехот на нивното деби беше проследен со албумот со осум песни GN’R Lies (1988). Дуплиот албум Use Your Illusion I и Use Your Illusion II (1991) се искачија на второ и прво место на „Билборд 200“ со продажба од вкупно 35 милиони копии ширум светот од кои 14 милиони само во САД. Албумот со преработки The Spaghetti Incident? (1993) беше последниот студиски албум со Слеш и Мекеган. После повеќе од една деценија со работа и повеќе промени во поставата,GN'R го издадоа долго чеканиот албум Chinese Democracy (2008), кој е проценет на четиринаесет милиони долари за продукција и тоа го направи најскапиот продуциран албум во музичката индустрија. Достигна до трето место на „Билборд 200“, но ги разочара индустриските очекувања и покрај бројни позитивни критики.

Guns N' Roses ја имаат добиено заслугата за оживување на мејнстрим популарноста на рокенролот, во време кога во популарната музика доминираа денс музиката и поп-металот. Нивните доцни осумдесетти и деведесетти се опишани како период во кој тие потсеќаат на раните „хедонистички бунтовнички“ Ролинг Стоунс. Класичниот состав на бендот, заедно со подоцнежните членови Рид и тапанарот Мет Сорум, за прв пат беа внесени во Куќата на Славните на Рокенролот во 2012 година.

Музиката на Ганс ен роузес е фузија од панк-рок, блуз-рок, хеви метал и хард рок. Во деведесеттите години, бендот воведе клавијатури (свирени од Роуз или Рид и придружени од Теди Андреадис, на турнеја), и на половина од турнејата „Искористи ја твојата илузија“ додаде дувачка секција на сцената. Додека Рид остана на некои од демата на „Кинеска демократија“, турнеите после 2000 година немаат дувачки инструменти, иако бендот има воведено дувачки инструменти, отсвирени на синтисајзер, на некои од нивните нови песни.
Големо влијание на имиџот и звукот на бендот има финскиот бенд Hanoi Rocks. Роуз има изјавено дека бендот беше главно инспириран од групи како Queen, AC/DC, The Rolling Stones и Rose Tattoo и дека на звукот на „Appetite for Destruction“ влијаеја AC/DC, Led Zeppelin, Aerosmith, Black Sabbath, The New York Dolls и Hanoi Rocks. Ганс ен роузес исто така имаат влијаено на многу модерни мејнстрим рок бендови како што се Avenged Sevenfold, Mother Love Bone (кои на крајот ќе станат Pearl Jam), Buckcherry, Dir En Grey, X Japan, Nashville Pussy, Hinder, The Darkness, и Limp Bizkit, помеѓу други.

Воведов, вака у главно миниримејк на вики, би требало да врши работа. Сите знаеме кои се GNR, но дали ѓи сакате како музичари?

 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Како му мина море, јас за нив че си напишам пак, само да најдам посалам простор и малку мотивација, оти читањево мамата ми еба. :D

Кој ги еба ГНР :cool:
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Како му мина море, јас за нив че си напишам пак, само да најдам посалам простор и малку мотивација, оти читањево мамата ми еба. :D

Кој ги еба ГНР :cool:
абе изгубен! :D
Мина недела дена и според договорено, се мења тапет, ќе кажам на модераторо да те банира од темава ако тераш офтопик. oh wait..
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
ги слушав порано повеќе, сега исто како и бон џови, едноставно неитересни дури и аксл роуз и антипатичен
кога ќе ми текни дека Tale_slash ми беше првиот ник на форумов :eek::confused:
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.545
Поени од реакции
5.855
Кој биле на тапет. :icon_lol:
Да одвојам малку време и ќе ги тапетишам. :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lyn
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Ќе пишам покасно, немам време, учам, правам ручек, го шетам кучето. Доста бе таму не ви се коментира а сакате да се распукате со критики по предлозиве. :)

Добар бенд како за млад рокер кој допрва влегува во тој свет, па носи нивни маици и по третратки во средно пишува GNR. Супер гитарист, катастрофален пеач и крајно антипатичен лик, неколку добри балади и тоа е се.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom