Со мало задоцнување, од еден ден, му мина времето на последниот тапет. Наредни
GNR.
Guns N' Roses познати и по кратенката GN’R се амеркански хард рок бенд, формиран во Лос Анџелес, Калифорнија, во 1985 година. Класичната постава, која што потпиша договор со „Гефен Рекордс“ во 1986 се состои од вокалистот Аксел Роуз, соло-гитаристот Слеш, ритам-гитаристот Изи Страдлин, басистот Даф Мекеган и тапанаротСтивен Адлер. Денес, Ексл Роуз е единствениот оригинален член на групата, во која членуваат уште Дизи Рид, клавијатуристот од времето на Use Your Illusion, соло-гитаристите Ди Џеј Ашба и Рон „Бамблфут“ Тал, соло и ритам-гитаристот Ричард Фортус, басистот Томи Стинсон, тапанарот Френк Ферер и клавијатуристот Крис Питмен. Бендот има издадено шест студиски албуми, кои имаат достигнато продажба од повеќе од 100 милиони ширум светот, вклучувајќи продажба од 45 милиони во САД.
Една година по издавањето, деби-албумот на Ганс ен роузес Appetite for Destruction (1987) достигна до првото место на „Билборд 200“ по заслуга на нивниот хит „Sweet Child o’ Mine“, нивниот единствен сингл кој се искачи на првото место на „Билборд Хот 100“. Албумот се има продадено во успешни 28 милиони копии ширум светот, вклучувајќи 18 милиони продадени во САД, што го направи најдобро продаван деби-албум на сите времиња во САД. Успехот на нивното деби беше проследен со албумот со осум песни GN’R Lies (1988). Дуплиот албум Use Your Illusion I и Use Your Illusion II (1991) се искачија на второ и прво место на „Билборд 200“ со продажба од вкупно 35 милиони копии ширум светот од кои 14 милиони само во САД. Албумот со преработки The Spaghetti Incident? (1993) беше последниот студиски албум со Слеш и Мекеган. После повеќе од една деценија со работа и повеќе промени во поставата,GN'R го издадоа долго чеканиот албум Chinese Democracy (2008), кој е проценет на четиринаесет милиони долари за продукција и тоа го направи најскапиот продуциран албум во музичката индустрија. Достигна до трето место на „Билборд 200“, но ги разочара индустриските очекувања и покрај бројни позитивни критики.
Guns N' Roses ја имаат добиено заслугата за оживување на мејнстрим популарноста на рокенролот, во време кога во популарната музика доминираа денс музиката и поп-металот. Нивните доцни осумдесетти и деведесетти се опишани како период во кој тие потсеќаат на раните „хедонистички бунтовнички“ Ролинг Стоунс. Класичниот состав на бендот, заедно со подоцнежните членови Рид и тапанарот Мет Сорум, за прв пат беа внесени во Куќата на Славните на Рокенролот во 2012 година.
Музиката на Ганс ен роузес е фузија од панк-рок, блуз-рок, хеви метал и хард рок. Во деведесеттите години, бендот воведе клавијатури (свирени од Роуз или Рид и придружени од Теди Андреадис, на турнеја), и на половина од турнејата „Искористи ја твојата илузија“ додаде дувачка секција на сцената. Додека Рид остана на некои од демата на „Кинеска демократија“, турнеите после 2000 година немаат дувачки инструменти, иако бендот има воведено дувачки инструменти, отсвирени на синтисајзер, на некои од нивните нови песни.
Големо влијание на имиџот и звукот на бендот има финскиот бенд Hanoi Rocks. Роуз има изјавено дека бендот беше главно инспириран од групи како Queen, AC/DC, The Rolling Stones и Rose Tattoo и дека на звукот на „Appetite for Destruction“ влијаеја AC/DC, Led Zeppelin, Aerosmith, Black Sabbath, The New York Dolls и Hanoi Rocks. Ганс ен роузес исто така имаат влијаено на многу модерни мејнстрим рок бендови како што се Avenged Sevenfold, Mother Love Bone (кои на крајот ќе станат Pearl Jam), Buckcherry, Dir En Grey, X Japan, Nashville Pussy, Hinder, The Darkness, и Limp Bizkit, помеѓу други.
Воведов, вака у главно миниримејк на вики, би требало да врши работа. Сите знаеме кои се GNR, но дали ѓи сакате како музичари?