Фан клуб: ЖРК Вардар

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Машала :D

Аморим кравата у кал што живееше ракомет и покажавме како се игра и избега кучката од кај нас. Сега е у Ѓер. Добро е тоа.
Лоши се оние Булатовиќ и Горбич, Локе и Ковачич.

Углавном имаме појак тим од Ѓер, само да се уиграат им треба време.

фала за линкот ме мрзи да гуглам ко шо гледаш :)
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Машала :D

Аморим кравата у кал што живееше ракомет и покажавме како се игра и избега кучката од кај нас. Сега е у Ѓер. Добро е тоа.
Лоши се оние Булатовиќ и Горбич, Локе и Ковачич.

Углавном имаме појак тим од Ѓер, само да се уиграат им треба време.

фала за линкот ме мрзи да гуглам ко шо гледаш :)

Ќе видиме како ќе биде. На хартија сме у топ 4, ама не се сеќавам дека некој уште прва сезона со вака склопен тим да освои титула.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Ќе видиме како ќе биде. На хартија сме у топ 4, ама не се сеќавам дека некој уште прва сезона со вака склопен тим да освои титула.
Имаше и таков случај, инстант екипата на Шлагелсе со Ања Андерсен како тренер.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ќе видиме како ќе биде. На хартија сме у топ 4, ама не се сеќавам дека некој уште прва сезона со вака склопен тим да освои титула.
Сега ќе се сеќаваш :D

Од Данска тимот е јак Мидтјуланд (како и да се пише), Будуќност имаат добри имиња со таа група нејќам да скрстиме. Сакам со Ѓер и Турингер.

И да, по можност со Скандинавкии само во финале. Од нив мир нема 20 години, другиве се тепаат некако, на сила :D
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.994
Поени од реакции
16.438
Не треба многу да се залетува, Унгарските тимови се доста добри, исто и Будуќност не е екипа за потценување, па и Ларвик, без разлика што на домашен терен извадивме нерешено со нив, а и бевме близу до победа.
На хартија имаме добар тим, ама одамна веќе тоа што е на хартија не се прикажува (колку моќни екипи се направиле, па на крај со празни раце останале..), треба многу добро да се склопат работите, па за да се дојди до некој поголем успех во оваа прва сезона.
Мене сеуште не ми изгледа екипата баш толку уклопена, на страна големата разлика денеска против Подравка, сепак Подравка далеку е од рангот на тие погоре екипите што ги набројав/ме.
Треба сега до крај да се совладаат Подравка на гости, и Бера Бера на домашен терен, па после ќе се размислува на нешто повеќе од 1/4 финална група.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Не треба многу да се залетува, Унгарските тимови се доста добри, исто и Будуќност не е екипа за потценување, па и Ларвик, без разлика што на домашен терен извадивме нерешено со нив, а и бевме близу до победа.
Се во ред во постот освен ова , значајно е што ќе направиме ние на гостински терен кај Ларвик, кога дома испуштивме победа.
 

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.159
Поени од реакции
2.758
Значи сите си ги задржале спонзорите изминативе години. Само Бера Бера не ги знам.

Кој се звучни имиња во Ѓер годинава? И како играат? Има ли некој позвучен состав од нашиот? Од тие што ги пратите годината, кој ви оставил добар впечаток на уиграност?

Елена тиква зелена. Баш ми е криво за детево, а толку многу се надевав на неа. Штериова или како и да денес што играше има силен шут, добра одбрана, нула тактика. Мора да се работи на тоа дете, висока и млада. Од составот што ги читав другине наши не ги познавам, а и чисто се сомневам да добијат некоја минутажа од Инди покрај накви фаци во тимот. Али Инди знае деа мора да направи репрезентација, затоа ќе има форсирање :)
--- надополнето: 19 октомври 2013 во 22:06 ---


Мими Чупиќ, нашата легенда и најголем борец кој играл со срце за нашиот Кометал и репрезентација.

Од Ѓер само ако ти ги спомнам Булатовиќ,Аморим и Хејди Локе све ќе ти стане јасно (y)

Иначе Штериова кога играше прво за РК Еуростандард ветуваше дека ќе прерасне во добра ракометарка.Но потоа ја префрлија во Кометал и го фати баш оној период кога се распаѓаше :(

Иначе Елена оваа година ја дели повеќе минутажата со Камила Далби.И двете се млади ракометарки тешко дека Будуќност ќе ја пушти така лесно Ѓеоргиевска.
Од фаворитите за освојување на трофејот секако се Ѓер,Ларвик и како од сенка се Вардар,Љубљана,Турингер и Будуќност.
Толку со тебе :D

Околу играта на Вардарки немам некоја замерка дури мислам дека веќе напредуваат со секоја изигран меч од ЛШ.Кастратовиќ одлично ги ротираше играчиве и им даде шанса и на вториот тим кој исто така се покажа како квалитетен.Со оваа победа веќе и 99% се пласиравме во втората фаза од ова натпреварување.Дури мислам дека може да се изненади Ларвик и на гости ако се форсира малце повеќе.

Ја видовме на паркетот Штериова која изигра добро во одбраната а во напад даде 1 гол.Леќиќ и Радичевиќ повторно блескаа и тие се вистинските лидери на тимов.Лејно исто така стави до знаење дека мора да биде стартер на екипата со своите преку 12 успешни интервенции.Пино исто така беше добра какви само асистенции имаше секоја чест :cuc:
Во напад за момент ја видовме и Кликовац која исто така добро се покажа.Лојпур мора да добива и она малце од малце минутажа денес си изигра колку што и даде минути Индира.

Е овакви голови ни фалат лесни од контра и полуконтра.Само каква транзиција имавме во прво полувреме :vozbud: ги толчевме буквално противничките.Подравка очигледно дека е млад тим,релативно нов но има потенцијал и во овие девојки.

Нареден меч играме повторно со нив овој пат во Копривница.Ако си ја сфатат сериозно работава нашиве не гледам да имаме и таму проблем и да извојуваме победа.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.994
Поени од реакции
16.438
Се во ред во постот освен ова , значајно е што ќе направиме ние на гостински терен кај Ларвик, кога дома испуштивме победа.
Зошто да е толку значајно, кога со тие две победи над другите екипи ние веќе ќе го имаме обезбедено пласманот во наредна рунда. А за дуелот против Ларвик на гости, не сум нешто оптимист.
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.251
Поени од реакции
8.168
Хипо дефинитивно не...ФТЦ може на нивно место...
Женскава ЛШ ја пратам уште од почетоците на Ѓорче Петров (подоцна Кометал Ѓорче Петров) во неа и онаа историска победа од 20-16 над моќниот Хипо во тоа време. Тогаш речиси цел тим ни беше составен од македонки (Трифун сеуште ја немаше преземено палката) а го земавме скалпот на најдоминантниот тим во женскиот ракомет кој некогаш се појавил. Во реваншот нормално, изгубивме 15-16 разлика ама победата во првиот меч одекна како бомба во Европа, а кај мене остана во сеќавање како една од најдрагите победи на наша женска ракометна екипа. Од тогаш секогаш сме имале проблеми со Хипо и повеќето пати сме останале тажни отколку што сме имале радосни моменти во меѓусебните дуели. Ако не фаворит, за мене Хипо секогаш е фаворит од сенка па каков и тим да има:)
 
R

Rigel Kent

Гостин
Зошто да е толку значајно, кога со тие две победи над другите екипи ние веќе ќе го имаме обезбедено пласманот во наредна рунда. А за дуелот против Ларвик на гости, не сум нешто оптимист.
Па токму тоа ти го предочив , како со резерва ги стави Ларвик во фаворити затоа што Вардар играл нерешено со нив . Вистинското мерило на двете екипи ќе се види со тоа што Вардар ќе направи на гостински терен кај нив. Пласманот понатаму е повеќе од извесен, овој состав на Вардар е во топ 4 најквалитетни екипи оваа година во ЛШ.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Имаме и добра клупа. А тоа токму значи медал во Лига на Шампиони. Јас чим викам дека земаме медал со овој тим, ич да не се сомневате, опуштете се и гледајте цепелини :D

И голон на Црногоркана за нас денес прекраснотии.
--- надополнето: 19 октомври 2013 во 22:36 ---
Женскава ЛШ ја пратам уште од почетоците на Ѓорче Петров (подоцна Кометал Ѓорче Петров) во неа и онаа историска победа од 20-16 над моќниот Хипо во тоа време. Тогаш речиси цел тим ни беше составен од македонки (Трифун сеуште ја немаше преземено палката) а го земавме скалпот на најдоминантниот тим во женскиот ракомет кој некогаш се појавил. Во реваншот нормално, изгубивме 15-16 разлика ама победата во првиот меч одекна како бомба во Европа, а кај мене остана во сеќавање како една од најдрагите победи на наша женска ракометна екипа. Од тогаш секогаш сме имале проблеми со Хипо и повеќето пати сме останале тажни отколку што сме имале радосни моменти во меѓусебните дуели. Ако не фаворит, за мене Хипо секогаш е фаворит од сенка па каков и тим да има:)
Имаме флешови од Гунар Прокоп, не од Хипо. Сите натпревари со нив ни беа тесни, но секогаш игравме против судии и делегати. Се сеќавам на таа победа. Уште подобро се сеќавам на техничкиот нокаут на Гунар кој му го дадоа во Кале. Е тоа беше празник за Македонија :)
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Со победа и во Копривница, Вардар ќе си обезбеди пласман во наредната фаза..:)
 
Член од
2 јули 2007
Мислења
236
Поени од реакции
172
Имав прилика денеска да отидам и да ги гледам нашите девојки. Во салата имаше околу 3500 луѓе и сметам дека они заслужуваат да имаат многу повеќе публика. Се надевам дека понатаму како што тече времето и како што ЖРК Вардар ќе победува понатаму, ќе има и се повеќе народ во сала, затоа што според мене ова дефинитивно е тим што ќе се бори за пласман во полуфинале и финале.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom