Најекономично греење и ладење

Член од
12 септември 2013
Мислења
222
Поени од реакции
184
Mozebi losho ja koristi. Ne znam ni kolku btu e a stanot mu e 72m2. No za provevot e drugi na forum se pozalija. Mozebi predimenzioniranje e reshenie. Mozebi.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.365
Bash vcera se sretnav so eden prijatel koj ima toshiba daiseikai 5 (mozebi zgresiv vo pisuvanjeto no znaesh za koj model stanuva zbor, t.e. za koja serija na toshiba) i bash mi se pozali deka mu preci provevot koj mu se javuva vo sobata koja ja gree (dnevnata). Ako se zemi vo predvid deka ja nabavil za nekoi 80 000 mkd i ne e bash najprijatno iskustvo, da se dade tolkava para i povtorno da imash nekoe cuvstvo na nelagodnost.
Tоплотна пумпа воздух-воздух, народски кажано КЛИМА, мора да прави активно движење на воздухот.
Да те дува топол воздух не е непријатно, непријатно е да те дува ладен воздух. Но дување на ладен воздух во мод на греење е можно само ако твојот пријател ја исклучува СКРОЗ климата кога не е дома, и потоа кога ја вклучува климата, истата дува ладен воздух се додека не постигне зададена температура. Поевтино и поекономично е да остави постојано греење.

Плус, треба убаво да се размисли каде се поставува внатрешната единица, да не дува директно на местата каде најмногу се седи. За вакви провеви многу понезгодни се фикс спид климите, инверторите еднаш кога ќе постигнат температура скоро да не осеќаат дека дуваат.
Така да твојот пријател или ја исклучува климата скроз кога не е дома, или како што напиша gigovit, климата му е преслаба за просторијата (заради волуменот или заради топлотната загуба).


П.С. ако на типот му смета било какво движење на воздухот, тогаш што зимал уред што грее со дување?? Тоа е како да купиш мотор и да се жалиш колку ти смета вожњата на само две тркала... ;)
--- надополнето: 16 октомври 2013 во 23:32 ---




Од тој аспект можеби и најдобра варијанта се подните инвертери кои не случајно се многу поскапи од зидните клими за истите модели и квадратури.
Мислиш на воздух-вода, клима со воздушна надворешна единица и внатре со приклучување на подно/парно?
...или нешто сосема друго?
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.498
Мислиш на воздух-вода, клима со воздушна надворешна единица и внатре со приклучување на подно/парно?
...или нешто сосема друго?
Или тоа или мисли на подна(парапетна) за внатрешна едница.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.365
Тоа што ти постира е некоја варијанта на таква печка која рака на срце не е ништо поразлична од шпоретот од металец ( оние старите белите).
Инаку ова е права ракетна печка па видија разликата.

Каде е тука твојата термална маса која ке ја загреваш и зошто ја нема.
И не велам дека твоето решение нема да брка работа но тоа не е ракетна печка а и ефикасноста би била многу дискутабилна. На крај земи најобично шпоре од металец и обложиго со тули од термо печка и нити ке се замараш да ѕидаш нити ке се кашкаш дома и ке изиграваш сам свој мајстор а од друга страна ке добиеш термална маса и спрема тебе ракетна печка.
И сепак мислам дека овие дискусии не се за тука туку за другата тема каде дискутираме за алтернативни начини на загревање.
Не можеш истото да го направиш со обичен шпорет, затоа што шпоретот ни од блиску не влече така добро како ракетните печки. Тоа е заради вентури ефектот, во горилникот од шпоретот нема толкава температура за да се развие јак провев.

Владе, тоа на сликата горе е само горилникот на печката. Може и како таков да се користи, како штедлива печка за готвење.
Термалната маса доаѓа окулу издувот. Тие цевките на сликите што ги гледаше во предходниот пост, се хоризонтален оџак врз кој ќе дојде солидна количина на глина која ќе има функција на термална маса во тој пример.
Еве илустрација, и уште пар фотографии на готов производ.

Заштедата во потрошувачка на дрва (според корисниците), била голема, два-три пати помалку дрва. Затоа и мислам дека сме во правата тема.​
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Но дување на ладен воздух во мод на греење е можно само ако твојот пријател ја исклучува СКРОЗ климата кога не е дома, и потоа кога ја вклучува климата, истата дува ладен воздух се додека не постигне зададена температура. Поевтино и поекономично е да остави постојано греење.
Сакаш да кажеш дека климите ако се ставени на греење, ќе дуваат ладно додека не успеат да постигнат да дуваат топло? И наместо да греат, ќе ладат? Од мое искуство, додека не почне да дува топло, воопшто не дува.

No za provevot e drugi na forum se pozalija. Mozebi predimenzioniranje e reshenie. Mozebi.
Јас се греам и ладам на клима и воопшто не го чувствувам провевот. Правецот на дување на секоја клима може да се подесува по вертикала, така да во зависност од положбата на климата во просторијата и местото на седење, само се одбира оној кој не се чувствува.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.365
Сакаш да кажеш дека климите ако се ставени на греење, ќе дуваат ладно додека не успеат да постигнат да дуваат топло? И наместо да греат, ќе ладат? Од мое искуство, додека не почне да дува топло, воопшто не дува.
Поентата е дека ако во собата е ладно, воздухот е ладен, без разлика колку топло дува од климата (внатрешната единица) на другиот крај од собата ќе има движење на ладен воздух. Без разлика што климата грее, субјективното чуство е дека те дува ладно.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Поентата е дека ако во собата е ладно, воздухот е ладен, без разлика колку топло дува од климата (внатрешната единица) на другиот крај од собата ќе има движење на ладен воздух. Без разлика што климата грее, субјективното чуство е дека те дува ладно.
Да де, дува топло а тебе ти иде ладно. Од промајата што ја прави топлиот воздух. ;)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.365
Шпанија става данок на сонцето!!
Какви пациенти, се надевам дека во нашата држава нема вака да се уништи употребата на обновливите извори на енергија.


http://www.bbc.co.uk/news/business-24272061

 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Денес бев на Технома - на Скопски саем
Има доста да се види од опрема за затоплување. За тоа ќе напишам повеќе наредните денови да ми се средат впечатоците
Сега само за најефтините печки на дрва
Најефтини печки кои ги видов, е една од Металец Битола која чинеше 6600 денари и една мала печка од Смедерево за 7990 денари.
Имаше и други не многу поскапи, Целосно лиените и поголемите беа поскапи, ако сте заинтересирани за купување има и саемски попуст. не е лошо да прошетате
 
Член од
12 септември 2013
Мислења
222
Поени од реакции
184
Tоплотна пумпа воздух-воздух, народски кажано КЛИМА, мора да прави активно движење на воздухот.

Da narodot ja narekuva klima.


П.С. ако на типот му смета било какво движење на воздухот, тогаш што зимал уред што грее со дување?? Тоа е како да купиш мотор и да се жалиш колку ти смета вожњата на само две тркала... ;)
--- надополнето: 16 октомври 2013 во 23:32 ---



Epa tuka doagame do eden od problemite so kompetentnosta na vrabotenite vo Neptun, Tehnomarket i taka natamu. ZNaci koga kupuvash proizvod od 80 000 mkd shto se realni 7 prosecni plati (ne 3 ili 4) treba prodavacot da ti predoci shto i kako kupuvash. Ti kako kupuvac ke se informirash a mozebi i ne, no fer e koga na nekoj mu davash EDEN KUP PARI za neshto, da ti kazi za pozitivnitite i negativnite strani na toj proizvod. Jas ne velam da se pluka po prodavnicite, prodavacite ili kupuvacite, velam deka treba da se kazi otvoreno za da se namalat vakvite neocekuvani i loshi rezultati.
Inace i jas ke nabavam klima za doma i se nadevam deka nema da go imam toj problem, t.e. ke se rakovodam po se ona shto go procitav kako sovet na ovaj forum.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.365
Epa tuka doagame do eden od problemite so kompetentnosta na vrabotenite vo Neptun, Tehnomarket i taka natamu. ZNaci koga kupuvash proizvod od 80 000 mkd shto se realni 7 prosecni plati (ne 3 ili 4) treba prodavacot da ti predoci shto i kako kupuvash. Ti kako kupuvac ke se informirash a mozebi i ne, no fer e koga na nekoj mu davash EDEN KUP PARI za neshto, da ti kazi za pozitivnitite i negativnite strani na toj proizvod. Jas ne velam da se pluka po prodavnicite, prodavacite ili kupuvacite, velam deka treba da se kazi otvoreno za da se namalat vakvite neocekuvani i loshi rezultati.
Јас од обратна страна би тргнал.
Да дадеш 80 илјадарки за нешто, а да не знаеш што купуваш... ниеден продавач не може да ти биде крив за тоа. Работата за која е предвиден, тој уред сигурно си ја врши повеќе од добро.
Продавачите може единствено да се криви за погрешно димензионирање на уредот, но и тоа не е едноставно. Во секој случај, не може да купуваш уред што грее со дување воздух, и да кажеш дека не си знаел дека... ќе има дување на воздухот. ;)


Како и да е, премалку конкретни информации имаме за случајот, за да знаеме што точно е проблемот. Може и да се работи за баналност, нешто што може да се реши со преместување на положбата на внатрешната единица, или правилно подесување на соодветни параметри во уредот.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На Технома видов и котли на дрво со автоматика....
Важен инструмент за мерење е ламбда сонда или сензор или оксиген сонда или сензор
Се работи за мерен уред кој го мери количеството на кислород во издувните гасови кај моторните возила, но и кај печките
http://en.wikipedia.org/wiki/Oxygen_sensor#Automotive_applications
Дали сте сретнале ваков уред, дали имате искуство, дали некаде може да се набави и колку чини?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.365
Има на темава вакви информации, ама еве уште една табела со дата за разните видови дрво (за огрев):

 

Kajgana Shop

На врв Bottom