Проблемот не е едноставен. Ако се оставаат камините да горат на најјако согорувањето навистина ќе биде поефикасно, ама што да се прави со вишокот топлина? (кој секако ќе се јави пошто сите земаат појаки камини кои имаат капацитет да греат и на споро (неефикасно) согорување). Да се отвараат прозори и врати?

Воопшто не е едноставно одпосле да се направат измени, одпосле да се испланира и да се поставува термална маса и слично, во готов наместен стан.
Во секој случај.
Премисата е: јако и брзо согорување на високи температури = ефикасно согорување, но согорување при кое се добива многу топлина.
Една опција (лошата) е да се димензионира големината на каминот (горилникот) така да истиот при такво јако и брзо согорување, да ослободува одприлика онолку топлина колку што треба за загревање на просторијата/објектот. Тогаш не треба термална маса, ама треба постојано ложење. Лошо (по ложачот) но ефикасноста сепак ќе биде тука, но само ако се остави голема должина од оџакот во просторијата и на него на се постават некакви изменувачи на топлина.
Втора опција (добрата) е да се употреби термална маса за термо-акомулација. Тогаш не треба постојано ложење, туку само онолку колку што треба да се затопли термалната маса до потребното количество топлина за да се грее просторијата/објектот до следното ложење (пожелно е да е следниот ден).
Не може секој да иде на варијантата со термална маса, тука се работи за големи тежини и објектот мора да биде во состојба да издржи таква тежина. Во тие услови печка/камин со помал горилник е опција, но со задршка дека ќе мора постојано да се ложат дрва. Но тоа секако е праксата со обичните секојдневни печки за дрва, со таа разлика што тие по дифолт и по дизајн не се ефикасни.