Инвестициски БУМ во Македонија

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Колку за евиденција нека го има и ова, на еден вработен во приватно, 7 вработени во јавна администрација

На лотарија избрани 1600 административци

МВР објави оглас за вработување на 400 нови полицајци
ПЉУС
Месецов 300 вработувања во администрацијата на лица со посебни потреби

Saturday, October 12, 2013, by Петре Димитров
Во текот на месецов ќе биде објавен конкурсот за 300 вработување на лица со посебни потреби во администрацијата најави премиерот Никола Груевски.
„Меѓу тие лица има што не може да работат, не се работоспособни заради нивниот здравствен проблем, но има и лица коишто се работоспособни и може да им се најде работни места на кои подеднакво добро ќе ја вршат работата како што ја вршат останатите“, вели Груевски.
Вели дека изборот на лицата ќе биде спроведен на транспарентен начин.
„Се разбира, ќе биде внимавано на етничката застапеност согласно процентот на етничките заедници во Македонија. Меѓутоа, ќе бидат утврдени критериуми на кој начин тие ќе бидат примени како што да речеме имаше утврдено критериуми кога беа примани 1.600-те лица од различни ранливи категории. Така и за оваа категорија на лица ќе бидат утврдени посебни критериуми, соодветни на нив и на најтранспарентен начин ќе бидат избрани“, вели Груевски.
Критериумите ќе ги одредува Министерството за труд и социјална политика.
http://emagazin.mk/месецов-300-вработувања-во-администраци/

Собери му ги сега на археолог вработувањата во приватен сектор изминативе 4 години дали е во минус ако не те мрзи:D
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Пљус 294 педагози во средни училишта!

Како е вагата бранчес?:D
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.085
Поени од реакции
11.481
Како е вагата бранчес?:D
За жал резултатот е многу на малку, во корист на јавна администрација. :(

Инаку едно време најавуваа

http://www.kanal77.com.mk/mk/vesti/ekonomija/item/1688-rudnikot-za-bakar-kaj-pehcevo-ke-zapocne-da-se-gradi-za-dva-meseci.html

па сега се пишманија

http://kanal77.com.mk/mk/vesti/makedonija/item/6245-rudnikot-kaj-pehcevo-nema-da-proraboti.html
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Хрватска компанија ќе гради фабрика во слободната зона во Штип

Monday, October 14, 2013, by Никола Осило
Хрватската компанија „Кумал“ ќе гради погон за производство на термоизолациски материјали во технолошко-индустриската развојна зона во Штип. Инвестицијата е вредна седум милиони евра и се очекува таа да донесе 50 директни и 100-тина индиректни вработувања. Погонот ќе се протега на површина од 25 илјади квадратни метри и планирано е неговата изградба да почне во пролет идната година.
Директорката на компанијата Александра Лалиќ по денешната средба во Владата со премиерот Никола Груевски изјави дека донеле одлука за инвестирање во Македонија поради поволната местоположба на државата и оптималните услови што им биле понудени за инвестирање.
„За донесување на една ваква одлука пресудни беа повеќе фактори како што се близината со Бугарија, Косово и Србија кои за нас се интересни за извоз, како и добрите услови што ни беа понудени како работната сила и даноците кои се регулирани на начин што на нас ни одговара. Затоа се одлучивме за оваа инвестиција која е во висина од седум милиони евра“, изјави Лалиќ.
Таа и се заблагодари на Владата за тоа што им понудила најповолни услови за инвестирање. Според директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони Виктор Мизо, важно е тоа што само два месеца по официјалното отворање на ТИРЗ во Штип веќе има интерес од нова компанија да инвестира.
http://emagazin.mk/хрватска-компанија-ќе-гради-фабрика-в/

Од оваа вест ќе се препрчев од стол. Компанијава која се најавува како инвеститор постои во Скопје со години, хрватска инвестиција. И постои во Основен Суд Скопје редовно како тужена странка. Обврски не подмирува кон никого, делата траат по 2 години, секое рочиште се одложува.

Ова е инвестиција? Ќе си пукнам од мака од вестиве во МКД.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.085
Поени од реакции
11.481
Ќе си пукнам од мака од вестиве во МКД.
Леа, подготви се за mindblowing вест

Груевски за економските движења
Невработеноста намалена за 9,2 отсто и тоа во услови на криза
--- надополнето: 14 октомври 2013 во 19:36 ---
Од оваа вест ќе се препрчев од стол. Компанијава која се најавува како инвеститор постои во Скопје со години, хрватска инвестиција. И постои во Основен Суд Скопје редовно како тужена странка. Обврски не подмирува кон никого, делата траат по 2 години, секое рочиште се одложува.
А од мене имаш награда за најдобро истражувачко новинарство од областа на економијата за 2013 (y)
 
mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
Холандската „Вптекс“ свечено ќе ја отвори својата нова фабрика во Илинден

Холандската фирма „Van Puijenbroek Textiel“ свечено ќе го означи отварањето на својата нова фабрика за производство на работна и заштитна облека „Вптекс Македонија“ во Општина Илинден.

Оваа компанија има лидерска улога на меѓународниот пазар за професионална индустриска и заштитна облека од високо квалитетни материјали со традиција долга речиси 150 години.

Мисијата на овој „Вптекс“ производствен капацитет е да им излезе во пресрет и да ги задоволи очекувањата и желбите на купувачите со систем на брза реакција и одговор. Исто така планираме да развиеме систем на продажба со рентирање и перење на работната облека.

„Вптекс Македонија“ брои 50 вработени ,бројка која ке достигне 100 веќе од 1 ноември со воведување на втора производствена линија и трета линија која следи во првиот квартал на 2014 година.

автор: Нетпрес
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.375
Поени од реакции
36.299
Од каде пари да се ранат човече од каде. Па приватњациве ќе прегориме уште малце. Милион лиценци, дозволи, одобренија што треба да се платат за се, казни за се, УЈП едвај чека да ти закачи нешто. Све тоа за да им ги раниве партијашиве ебате. Барем да знам дека плаќам данок за подобар пат, подобра железница, поефикасен државен систем, а не вака на ништо не личи... па после даночна евазија имало.. епа ќе има маме ви лоповско.

--- надополнето: 16 октомври 2013 во 22:53 ---

Баталете ги странците во индустриските зони. Добиваат државна помош зависно од бројот на вработени, не плаќаат данок на добивка и персоналец 3 години, придонеси за вработени исто не плаќаат 3 или 5 години, данок на земјиште не плаќаат, комуналии исто не се плаќаат.

Нас ни го ставаат јатаганот под врат, обичните смртници. Маќеа бе... права маќеа.

--- надополнето: 16 октомври 2013 во 22:56 ---

Од оваа вест ќе се препрчев од стол. Компанијава која се најавува како инвеститор постои воСкопје со години, хрватска инвестиција. И постои во Основен Суд Скопје редовно како тужена странка. Обврски не подмирува кон никого, делата траат по 2 години, секое рочиште се одложува.

Ова е инвестиција? Ќе си пукнам од мака од вестиве во МКД.
Исто и таа фабриката за балетанки во село Слепче што отидоа свечено цел врв да ја отвараат. Во Скопје шивална имаат веќе 7-8 години.
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
„Фич“ го потврди стабилниот кредитен рејтинг на Македонија
Агенцијата ги нотира и странските инвестиции во технолошко-индустриските зони како важен фактор во трговското салдо во земјава

Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ ја потврди фискалната стабилност на Македонија и го задржа кредитниот рејтинг на земјата на стабилен „ББ+“.

Рангирањето, како што наведува кредитната агенција, се базира врз подобрените проекции за економски пораст на земјата, умерениот буџетски дефицит и државен долг, стабилната валута и стабилниот банкарски сектор.

Според „Фич“, како што денеска соопшти Министерството за финансии, порастот на македонската економија во 2013 година, благодарение на одличните резултати во градежништвото, ќе биде 2,7 процента. За 2014 и 2015 година тие предвидуваат поинтензивен пораст како резултат на зголемувањето на извозот и на капиталните инвестиции на Владата. Исто така, агенцијата ги нотира и странските инвестиции во технолошко-индустриските зони како важен фактор во трговското салдо во земјава, кои сега учествуваат со една петтина во вкупниот извоз.

(Телеграф.мк)
http://www.telegraf.mk/aktuelno/ekonomija/49679-fic-go-potvrdi-stabilniot-krediten-rejting-na-makedonija
 
mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
“Кромберг и Шуберт“ стартува со работа во петок

„Кромберг и Шуберт“ е германска фамилијарна фирма во индустријата на автомобилски добавувачи која има успешна историја повеќе од еден век. Со над десетина илјади вработени низ цел свет фирмата развива и произведува високо технолоши производи, како кабли, кабловски исталации, пластична технологија и мехатроника.
На свеченоста свое обраќање ќе имаат Ханс Отто Кромберг сопственик на „Групацијата Кромберг и Шуберт ГмбХ“, премиерот Никола Груевски, министерот задолжен за странски инвестиции Веле Самак како и градоначалникот на Битола Владимир Талески.Фабриката на германската компанија „Кромберг и Шуберт“, во петок ќе биде свечено отворена во индустриската зона Жабени во Битола.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.295
Поени од реакции
15.512

Netting...

Со колку % учествуваат во увозот? Односно, netting on amount дај ми, не проценти... Ќе сакаш?
 
SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.032
“Кромберг и Шуберт“ стартува со работа во петок

„Кромберг и Шуберт“ е германска фамилијарна фирма во индустријата на автомобилски добавувачи која има успешна историја повеќе од еден век. Со над десетина илјади вработени низ цел свет фирмата развива и произведува високо технолоши производи, како кабли, кабловски исталации, пластична технологија и мехатроника.
На свеченоста свое обраќање ќе имаат Ханс Отто Кромберг сопственик на „Групацијата Кромберг и Шуберт ГмбХ“, премиерот Никола Груевски, министерот задолжен за странски инвестиции Веле Самак како и градоначалникот на Битола Владимир Талески.Фабриката на германската компанија „Кромберг и Шуберт“, во петок ќе биде свечено отворена во индустриската зона Жабени во Битола.
Фабрикава работи (читај: врбува дипломци и магистри за по 8 иљади,8 сати на нога во три смени да одделват црвени од зелени кабли) веќе година дена најмалку,ама дури денес стигна грујо да се слика
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Леа, подготви се за mindblowing вест

Груевски за економските движења
Невработеноста намалена за 9,2 отсто и тоа во услови на криза
--- надополнето: 14 октомври 2013 во 19:36 ---

А од мене имаш награда за најдобро истражувачко новинарство од областа на економијата за 2013 (y)

Koга стигна 28 % жити се. Ај валда до наредна година ќе одиме на 18 %. Па ние со овој напредок и Кина ќе ја поминеме. :cuc:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Koга стигна 28 % жити се. Ај валда до наредна година ќе одиме на 18 %. Па ние со овој напредок и Кина ќе ја поминеме. :cuc:
Кина ти е мачкина кашлица за нас. Сега годишно по 5% ќе иде надоле невработеноста - оти по 10% се иселуваат :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom