leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.562
ПЉУСКолку за евиденција нека го има и ова, на еден вработен во приватно, 7 вработени во јавна администрација
На лотарија избрани 1600 административци
МВР објави оглас за вработување на 400 нови полицајци
Месецов 300 вработувања во администрацијата на лица со посебни потреби
Saturday, October 12, 2013, by Петре Димитров
Во текот на месецов ќе биде објавен конкурсот за 300 вработување на лица со посебни потреби во администрацијата најави премиерот Никола Груевски.
„Меѓу тие лица има што не може да работат, не се работоспособни заради нивниот здравствен проблем, но има и лица коишто се работоспособни и може да им се најде работни места на кои подеднакво добро ќе ја вршат работата како што ја вршат останатите“, вели Груевски.
Вели дека изборот на лицата ќе биде спроведен на транспарентен начин.
„Се разбира, ќе биде внимавано на етничката застапеност согласно процентот на етничките заедници во Македонија. Меѓутоа, ќе бидат утврдени критериуми на кој начин тие ќе бидат примени како што да речеме имаше утврдено критериуми кога беа примани 1.600-те лица од различни ранливи категории. Така и за оваа категорија на лица ќе бидат утврдени посебни критериуми, соодветни на нив и на најтранспарентен начин ќе бидат избрани“, вели Груевски.
Критериумите ќе ги одредува Министерството за труд и социјална политика.
http://emagazin.mk/месецов-300-вработувања-во-администраци/
Собери му ги сега на археолог вработувањата во приватен сектор изминативе 4 години дали е во минус ако не те мрзи