Инвестициски БУМ во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Како тргнало со бумот во Кавадарци, градоначалникон нивни изгледа пред Охрид ќе стајт рампи на влез кај Јасмин и од кај Глишич посебна дупла за Ниготинци...
Вија провинцијалци че ни а земат работата даа :pos:
 
Кавадарци е после Гевгелија по невработеност. Гевгелија е 0%, а Кавадарци е 5%. Тоа е убава работа (имаше официјална статистика за ова) :) Но затоа тука се Велес и Прилеп со 70 000 жители и 90% невработеност.
 
101 милион евра странски инвестиции

Во првите 6 месеца влегле 101 милион евра СДИ ... очекувањата на Владата беа дека во 2013 ќе имаме помеѓу 400-500 милиони евра.

Никаде не се зборува толку многу за странки инвестиции , а сепак најмалку ги има ...(Македонија)
 
При толку невработени, во Македонија има 5.000 слободни работни места!


Во Македонија има речиси 5.000 слободни работни места, иако стапката на невработеност во земјава е речиси 30 отсто, пишува порталот „Фактор“ повикувајќи се на статистики на Агенцијата за вработување.

Последните статистички мерења покажаа дека во вториот квартал од годинава, во различни сектори , како што се преработувачката индустрија, трговијата, услужните дејности, здравството и други има 4.873 слободни работни места. Најголем број слободни работни места (1.347) има во преработувачката индустрија и во трговијата (824).

Со недостиг на соодветен кадар се соочуваат компаниите и во менаџерскиот сегмент. Од Организацијата на работодавачи велат дека недостасуваат и обучени и специјалзирани менаџери кои секторски би управувале со компаниите, како што се експорт – менаџерите стратегиски меџери или на пример ИТ-менеџерите. На пазарот има потреба и од 295 научници и стручњаци.

Според последните мерења на Заводот за статистика, најолем број на слободни работни места има во Скопскиот регион, а на второ и трето место се Источниот и Вардарскиот регион.

Според податоците на Заводот за статистика, стапката на вработеност на ниво на Македонија изнесува 40 отсто или вкупно 668.957 вработени, а бројот на невработени е 284.823 лица, или 29.9 отсто.
http://www.plusinfo.mk/vest/104699/...vo-Makedonija-ima-5000-slobodni-rabotni-mesta



И една споре мене многу важна и позитивна вест:



„Дрекслермаер Македонија“ ќе стипендира 15 студенти


Компанијата „Дрекслермаер Македонија“ ќе додели стипендии на 15 студенти од техничките факултети. Основен услов за добивање на стипендијата е студентите да имаат завршено прв семестар, а дополнителните критериуми за избор ќе бидат објавани во конкурсот кој ќе биде објавен наскоро.

- Првпат една странска компанија се одлучува и обврзува да стипендира студенти – рече министерот за образование Спиро Ристовски, кој смета дека овој потег на компанијата е вистински придонес кон развој на образованието и создавањето кадри според потребите на пазарот на работна сила.

Министерот за странски инвестиции Веле Самак, пак, смета дека одлуката за стипендирање на студенти на странската компанија е индиректен ефект од привлекувањето странски инвестиции.

- Една од директните придобивки од влезот на странски инвестиции е отворањето нови работни места.„Дрекслермаер“ веќе има вработено 1.000, а планира во наредните 1,5 година да достигне до целосната планирана бројка од 4.000 вработени - рече Самак.

Меморандумот за соработка го потпишаа ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски, министерот за образование и наука Спиро Ристовски и претставникот на „Дракслермаер Македонија“, Ѓорѓи Тренкоски.

http://www.plusinfo.mk/vest/104228/Drekslermaer-Makedonija-kje-stipendira-15-studenti
 
Невработените се знае како се намалени, вештачки. Критериумите за невработени можеби се ок за развиени земји, но не и за ваква држава. Ако лицето не се согласи да работи било што нудено од агенција, ако поработил 2 часа минатата недела, тој не влегува во невработени што е нелогички. Друга работа е што во т.н. слободни места влегуваат и породилните отсуства...па ако ги бројат и нив и моментално испразнетите (додека најдат за недела-две друг работник), тоа се нарекува флуктуација или не, не знам. Само бројот на родилки е повеќе од доволен за да се објави така ударен број на слободни места.
Треба да ги бројат новосоздадените слободни места и нововработените, и тоа не во буџетските фирми. Притоа нека објават и колку нудат фирмите за такво место просечно од до 10, 12, 15 илјади...Вака создаваат лажна слика (што е најверојатно и намера) да еве има работа, но никому не му се работи. Добро знаеме колку има и колку е платена и колку навистина се инвестиции. Затоа ни избегаа луѓето по бродови и по Чешки и Америки.
 
„Џонсон Мети“ ќе вработи 600 лица во двете фабрики во Македонија
Генералниот директор на „Џонсон Мети“, Џатин Такрар во интервју за Нова Македонија посочува дека новата фабрика ќе ги произведува истите видови на производи како и првата фабрика. Со воведувањето на ново законодавство за емисии во Европа, ќе има зголемување на побарувачката за автомобилски катализатори, а втората фабрика е наменета за проширување на нивните капацитети, за да се одговори на порастот на побарувачката, главно од тешките возила како што се камиони и автобуси.

-Во првата фабрика имавме 300 вработени, а таа бројка сега се искачи на околу 450. Ќе регрутираме повеќе луѓе, како што ќе воведуваме нови смени на секоја линија, и се надеваме дека ќе стигнеме до 600 вработени кога двете фабрики ќе работат со полн капацитет, посочува тој.

Најголемиот број на вработени во компанијата се Македонци, но има и мал број на вработени прераспределени од сестринските компании.

- Засега сме многу задоволни од нашата работна сила, и тоа врз основа на резултатите постигнати во фабриката во однос на сите клучни индикатори на производство. Од почетокот имавме неколку ревизии од потрошувачите од европските автомобилски групи, и сите беа импресионирани од фабриката за производство и способностите на локалниот тим. Покрај тоа, посетителите од другите компании на „Џонсон Мети“ од целиот свет беа, исто така, импресионирани од нивните македонски колеги и тоа што го постигнале во краток временски период од почетокот на работата. Позитивниот фидбек од тие посети се прифаќање на нашата локална работна сила и она што може да се постигне, вели тој за Нова Македонија.

Кој може са се вработи?

-Главните критериуми за селекција што ги применуваме зависат од вештините и квалификациите потребни за одредена работа позиција. Некои места бараат релативно основни нивоа на образование, а ние обезбедуваме обука за квалификации специфични за работата. Има позиции кои се поспецијализирани и бараат и универзитетски степен и идеално ниво на реално професионално искуство, рече Џатин Такрар.
http://evesti.mk/2013/09/14/djonsokn-meti-ke-vraboti-600-lica-vo-dve-gafbiriki/
 
Инвестициски бум ја погоди Македонија

Во периодот од јануари до јули годинава во државата влегле странски директни инвестиции (СДИ) во вкупна вредност од 130,5 милиони евра, што е за 42 милиона евра, или за 47,7% повеќе од истиот период лани

CD2EC3CC43379C4E9697F12D10FA5347.JPG
Инвестициски бум и се случи годинава на Република Македонија. Во периодот од јануари до јули годинава во државата влегле странски директни инвестиции (СДИ) во вкупна вредност од 130,5 милиони евра, што е за 42 милиона евра, или за 47,7% повеќе од истиот период лани. Според најновиот извештај на Народна банка на Македонија, во јули годинава во државата влегле странски директни инвестиции во вредност од 29,1 милион евра.
Значајно влијание за раст на инвестициското салдо на државата имаат технолошко-индустриските развојни зони кои последниве две години се полнат со фабрики, кои го билдаат и извозот на државата. Според очекувањата на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, во ТИРЗ се очекуваат нови инвеститори, уште вработувања и зголемен извоз.
- Концептот на Владата за привлекување странски инвестиции дава се повеќе резултати. Само во зоните Скопје 1 и Скопје 2 имаме 1.350 вработени, а во зоната во Штип 750 вработувања. Дополнително очекуваме да има нови вработувања и да се зголемува извозот иако и сегашните 700 милиони евра извоз на компаниите кои работат во ТИРЗ е огромна бројка и веќе претставува над 20% од вкупниот извоз на Република Македонија - вели тој, забележувајќи дека Бунарџик сега е модерно опремена зона која им ги нуди сите потребни услуги на инвеститорите.
Би било добро, потенцира тој, лицата кои коментираа дека Бунарџик е една ливада сега да дојдат, да ги видат големите фирми како Џонсон контролс, Џонсон Мети, Кемет електроникс, Технокозе и да го видат целокупниот резултат на напорите на Владата и посветеноста да се привлечат странски инвестиции и да се создадат услови за нивно работење во зоната.
Во Македонија се предвидени 15 зони, од кои до сега се основани девет, а во функција се три: Скопје 1, Скопје 2 и зоната во Штип. Во скопските зони се сместени производствените капацитети на Џонсон Мети, Џонсон Контролс, Кемет Електроникс, Продис, Текнохозе и Ван Хул.
- Наскоро се очекува зголемување на инвестициите во државата со отворање нови производствени капацитети, но и со проширување на постоечките - најавува директорот на дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо.
37C6CD2A5542CB40BD7904A2651B1D5F.jpg

Скопје 1 е првата и засега најразвиената ваква зона во Македонија. Во текот на 2012 година компаниите кои се лоцирани во неа инвестираа над 57 милиони евра, додека оваа година се очекува нивните инвестиции да надминат 60 милиони евра. Во фабриките во Скопје 1 и Скопје 2 засега се вработени 1.350 лица, а годинава се очекува да има над 1.500 вработени. Исто така, годинава се очекува овие компании да извезат производи во вредност над 700 милиони евра.
-Ние како Дирекција ќе продолжиме да ја реализираме зацртаната визија за изградба и развој на зоните во Македонија како комплекси што ќе овозможат рамномерен регионален развој на државата - најавува Мизо. (С.Ву.)

Охридска банка со експозитура во Бунарџик
Охридска банка Сосиете женерал отвори експозитура во ТИРЗ Бунарџик. Експозитурата е сместена во административната зграда и единствена во зоната. Според претседателката на Управниот одбор на Охридска банка, Јитка Пантиучкова, ова е многу значајна инвестиција не само за банката, туку и за сите други компании во Бунарџик и за нивните вработени, со оглед на фактот дека ќе имаат банка во својата околина и трансакциите што ќе ги вршат ќе бидат полесни од досега. Таа рече дека работат на оваа експозитура е организирана според стандардите на Сосиете Женерал групацијата.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој присуствуваше на вчерашното свечено отворање на експозитурата оцени дека сега ќе им станат подостапни банкарските услуги на компаниите од Бунарџик, а истовремено ќе и се даде и поголема атрактивност на зоната.



:pos::pos::pos:

Бум!
 
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D6092A9CB89012489A77418C559AB653

Pazi go ova,koga se cukaat vo gradi od investiciite a zaposlile edvaj 3000 luge. E sega interesnoto:
- Javna uprava +2001 fikusari
- Zdravstvo +2244
- Snabduvanje so voda (ova mi e najinteresno) +2162
Se cudam kako vo obrazovanieto padnal brojot skoro za 1000, a se gleda deka masovno se zaposluva partiski vojnici.
Znaci suma sumarum 5-6.000 novi fikusari a samo 2-3000 zaposleni vo mega investiciite. Ili drukcije kazano na sekoj edno investicisko magare po 2 državni vampiri. Bravos!!! Da živee komunizmot !!!
--- надополнето: 1 октомври 2013 во 09:06 ---
Eve uste edna golema investicija ! Nek se ugode !
http://www.sitel.com.mk/mk/vo-uchilishtata-kje-bidat-vraboteni-294-psiholozi-i-pedagozi-0
:tapp:
 
Инвестициски бум ја погоди Македонија
http://vecer.mk/?ItemID=0C65BB961EBEDE49BB209744B58C4CC4

:pos:

Планирани беа 400-500 милиони евра за 2013та , а сега кога влегоа 130 милиони за 6 месеци овие од Вечер велат дека не погодило бум.

Раст од 47% во споредба со 2012та , ама пази , со 2012та :) Година во која имавме најмалце инвестиции последните 6 години.
 
Инвестициски бум ја погоди Македонија
http://vecer.mk/?ItemID=0C65BB961EBEDE49BB209744B58C4CC4

:pos:

Планирани беа 400-500 милиони евра за 2013та , а сега кога влегоа 130 милиони за 6 месеци овие од Вечер велат дека не погодило бум.

Раст од 47% во споредба со 2012та , ама пази , со 2012та :) Година во која имавме најмалце инвестиции последните 6 години.


Ti ne ja znaes najnovata informacija ??? Se stepale na granicniot premin Tabanovce koj prv da investira vo Makedonija nastradale i policajci koi go stitele preminot od mnogute investitori zainteresirani da dojdat vo Mk da investirat ...Najnova vest od Tabanovce e samo sto ne dosle ;)
 
Темава вечно ќе стои на форумов како доказ која иронија ја проживуваме овие 7 години.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom