Albafone - Нов мобилен оператор само за македонските албанци во Македонија

Статус
Затворена за нови мислења.

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Дали овој нов четврти мобилен оператор(Албафон) ќе има и Македонска поддршка ... или ќе биде 100% само на Албански !
Ако има поддршка и на МК јазик и ако цените се поповолни тогаш Т-Мобиле, Оне и Вип нека се е*ат во газот ... гарант и голем број на Македонци ќе го користат !
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.711
Поени од реакции
49.049
Може и на добро да испадне. Реално преку кур ми е веќе кога ќе ми се јави некоја шпунга од Австрија и ми го бара брат и на телефон упорно , а не разбира што значи грешка кога ќе и се каже дека утнала број.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Трите оператори знаат албански, само „Албафон“ не знае македонски
Од трите мобилни оператори во земјава истакнуваат дека не ги делат корисниците по етничка основа и дека предвиделе и употребуваат во обраќањата кон корисниците-Албанци во Македонија соодветна маркетиншка и друга комуникација на албански јазик
Пазарната логика не ги дели граѓаните по етничка линија
ЕТНИЧКА ПОДЕЛЕНОСТ И ВО ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИТЕ
Македонија доби четврти мобилен оператор, чија целна група ќе бидат првенствено граѓаните со албанско етничко потекло. Оваа информација, која произлезе од прес-конференцијата на операторот „Албафон“ во понеделникот, поведе низа прашања за функционирањето на мултиетничноста во земјава.
Досега вообичаено главните дебати беа за технолошкиот, економскиот, ценовниот и за конкурентскиот аспект, но сега се отвора прашањето дали е нормално и коректно да се појави оператор што уште во почетокот ќе ги дискриминира граѓаните што не се Албанци.
Според извршниот директор на „Албафон“, Адријан Хоџа, тие ќе ги третираат албанските корисници онака како што заслужувале, рамноправно, со почит и на мајчиниот јазик.
Од „Македонски телеком“ и „Те-мобајл“ велат дека тие се трудат да излезат во пресрет на корисничките барања на сите граѓани, без разлика на националната и етничка припадност. Извршниот директор за комуникации на „Македонски телеком“ и „Те-мобајл“, Димитар Ковачевски, вели дека и досега во контакт-центарот имаат вработено оператори што зборуваат албански јазик, говорните автомати се на три јазици, македонски, албански и англиски, исто е и со интернет-страницата на компанијата, пакет-услугите како „3 макс“ и маркетинг-кампањите.
- Се обидуваме да излеземе во пресрет и да ги решиме јазичните бариери таму каде што постојат, со цел најдобро опслужување на корисниците и задоволување на нивниот интерес и потреба од одредена услуга - истакна Ковачевски.
И од „Вип оператор“ посочуваат дека од самиот почеток на своето работење им се обраќаат на корисниците и на македонски и на албански јазик, преку сите канали што се во директен контакт со корисниците. Оттаму велат дека нивните корисници не се делат по етничка или религиозна основа, секој корисник го има истиот третман, а јазикот на комуникација го гледаат само како средство за поуспешна комуникација со корисниците, според нивната сопствена преференција.
Тријазична комуникација, на македонски, на албански и на англиски јазик, користи и „Оне“, со цел, како што велат, да се олесни и поедностави комуникацијата, но и да ги приближат своите производи и услуги до корисниците. Конкретно, посочуваат дека сите соопштенија до јавноста се на македонски и на албански јазик, а веб-страницата е на македонски, албански и на англиски јазик. Сите кампањи и промоции, реклами и рекламни материјали се печатат и се емитуваат паралелно и на македонски и на албански јазик, а Центарот за грижа на корисници исто така функционира на сите три јазици. „Оне“ за промоција на својот бренд, а воедно и за промоција на поп-музиката на албански јазик, од неодамна одбра нивно заштитно лице да биде манекенката и пејачка Аделина Тахири.
И експертите се зачудени од ваквата кампања. Според политичкиот аналитичар Насер Зибери, пазарната логика не оди со таков начин на размислување.
- Не верувам дека таквата изјава е резултат на меѓуетничка нетрпеливост, туку е дадена во контекст на остварување подобри економски резултати. Но таа логика не оди со пазарната и некој што сака да биде сериозен оператор не треба да се води од таква логика и да се насочи кон една целна група, етничка, религиозна или по која било основа - вели Зибери.
Сепак, аналитичарот наведува дека ова не е изолиран пример.
- Во поширок контекст, ние во Македонија имаме повеќе такви случувања. Во некои клубови, базени и дискотеки категорично им се забранува пристапот на немакедонците. Такви примери, за жал, имаме, но тие може да се индикација за етничката поделеност. Македонија, за жал, живее во два различни света, еден на Македонците и еден на Албанците - вели Зибери.
Автор: Благоја Јанев Фросина Димеска http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7313936419&id=9&prilog=0&setIzdanie=22918
Навреди
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
А што им фали/фалело на Т-Мobile, One и VIP ... имаат покрај на Македонски исто така и опции на Албански како и на Англиски јазик ... ?!!
Oвој па Албафон/Аlbafon ќе биде само на Албански и можеби и на Англиски јазик !
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
Гледам албафон партал направи на македонскиот пазар:pos:
 

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.732
Поени од реакции
1.308
Tashmë gjithçka është gati, #Albafone shënon fillimin e punës ditën e Premte, më 11 tetor 2013.

Për të pasur një fillim të mbarë, do të ndajmë nga 1.000 numra falas në dy dyqanet e para që do të hapen ditën e Premte. Dyqani i parë në historinë e Albafone do të hapet në Q. T. City Gallery Shkup, në katin e dytë, duke filluar nga ora 09.00. Kurse, dyqani i dytë i Albafone do të jetë në rrugën Xhon Kenedi, dhe do të hapet në ora 11.00, po ashtu ditën e Premte. Të gjithë të interesuarit për numra falas mund t'i vizitojnë dyqanet tona për të marrë numrin e tyre dhe për të hyrë në historinë e operatorit mobil të parë Shqiptar në Maqedoni.

Le të flasim #Shqip me 073!
Со превод:
Сега се е спремно, # Albafone го означува почетокот на работата на петок 11 октомври, 2013 година.

Да има добар почеток, ќе ги делат на 1000 бесплатниот броеви во првите две продавници ќе биде отворена во петокот. Првата продавница во историјата на Albafone ќе се отвори во П Т Градска галерија Скопје, на вториот кат, со почеток во 09:00. Додека пак, втората продавница ќе биде Albafone начин Џон Кенеди, и ќе се отвори во 11.00 часот, исто така во петокот. Сите заинтересирани за бесплатни броеви може да ја посетите нашата продавници да се добие нивниот број и да влезе во историјата на првата албанска мобилен оператор во Македонија.

Ајде да зборуваме албански јазик со # 073!
 

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.360
Ќе пропаднат...Теоретски да замислиме дека целата албанска популација со 30% да имаат нивен број со тоа нема ни оперативните трошоци да си ги покријат така да можам само да кажам nice try Albafone. Националистички оператор нема да функционира. Ја само би ги плукал од АЕК што воошто дозволија вакво нешто да се појави на пазарот. Ова е срам за нас колективно како ентитет држава.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
АЉБАФОН АЉБАФОН ДАЈ МИ ТЕЉЕФОН ДА СЕ ЈАВИ БРАТА У ПРИШТИНА МОРЕ МОРЕ ХЕЈ!
 

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.732
Поени од реакции
1.308
А постои ли можност да се преиспита одлуката од АЕК и овие да се затворат или пак да им се наложи да се ребрендираат и да воведат и македонски јазик?

Иначе што викате, дали е потребно другиве три оператори во целост да ги укинат услугите на талибански што им се?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom