Потребни ми се прозорци со максимална изолација на звук - ве молам за совет

Член од
17 септември 2013
Мислења
194
Поени од реакции
54
Не сум многу упатен само знам оти дрвото е далеку поголем изолатор од ПВЦ-то бидејќи дома сум на дрвени прозорци. Никогаш ниту имало проблем за лакирање а се веќе 12 години монтирани.
Да ама многу се поскапи
--- надополнето: 27 септември 2013 во 15:39 ---
Стаклото игра голема улога. Не само за термичката изолација, туку и за соларните фактори и провидноста. Има сега некое ново кинеско стакло увезено, цело е со бранови на него :)
Не викам дека нема квалитетни производители во МК, само треба да се внимава.
Да, Генеото е без железо, и до одредени димензии, нема потреба да се става железо. Оставено е на прозиводителите на прозорците, никој неможе да го спречи производителот да стави или да не стави железо. Само Генео-то треба да биде без железо, сите други профили МОРА да имаат железо. Тоа е уште еден елемент кој е важен, не е важно само да има железо, туку начинот на кој е свиткано, дали е перфорирано или не, дали го има низ целиот прозорец, која дебелина е и сл.
Да ама крајниот корисник и нема баш можност тоа да го провери. Во секој изложен салон ви даваат пресек на кој се гледа челикот, на понудата они можат се да ви пишат ама кога ќе ви донесат дома вие немате можност да го проверите тоа освен да го пресечете прозорецот. Така да на крај се сведува на купување од некој кој ви е препорачан, во кој имате доверба или некоја реномирана компанија за која барем се надевате дека работи професионално.
--- надополнето: 27 септември 2013 во 15:40 ---
436053
Имаш некави информации за Kommerling профилите.
Знам дека пред едно 10 години беа изгор скапи и не можеше никој да ги купи. Заедно со Века беа само сон.
Денес некако само рехау-то остана како број еден, а века и комерлинг и ги нема во мкд.
 
436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
68

Кемерлингот го има, ама точно е дека е скап. Јас не сум многу запознаен со тој профил, ама знам дека е А класа. Века го има, го кројат у Тетово (Меда 3) и прават суперквалитетни прозори.
Века-та изгуби име некако, го работеа некои шалабајзери и сега неможеш да го протуриш на пазарот, иначе супер профилче е.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.749
Поени од реакции
2.564

Со века нели работат роломатик?
 
Член од
3 октомври 2013
Мислења
1
Поени од реакции
0
Барам изведувач,монтер ( производител ) на алуминиумска столарија за деловно-станбен објект во Гевгелија.Хитно е!
--- надополнето: 3 октомври 2013 во 08:53 ---
Ве молам сите кои произведуват и оние кои сакат со ,,добри,, совети да ми помогнат........да ми се јават.
 
436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
68
Барам изведувач,монтер ( производител ) на алуминиумска столарија за деловно-станбен објект во Гевгелија.Хитно е!
--- надополнето: 3 октомври 2013 во 08:53 ---
Ве молам сите кои произведуват и оние кои сакат со ,,добри,, совети да ми помогнат........да ми се јават.
Кажи што ти треба конкретно?
Или кликни на потписот кај мене, имаш таму контакт инфо, јави се, пушти спецификација на маил, па ќе те контактираме.
 
N

nikola2004mkd

Гостин
436053

Бидеќи предпоставувам (по потписот и по постовите) дека работиш со ПВЦ столарија, како постручен би те замолил да ми одговориш на неколку прашања кои верувам дека би биле интересни и за другите?

Зошто се јавува влага и кондензација на прозорите и ѕидовите?
Дали монтажата на ПВЦ прозори по РАЛ-правилата (со користење на парапропусни и водонепропусни траки) може во целост да ја елеминира појавата на влага?
Дали кај нас некој ја монтира столаријата на овој начин? Колку би чинело да се монтира на овој начин?

Дали си запознат со системите за вентилација кои се вградени во профилите, или барем мене ми изгледаат како да се вградени, (како на пример Basic Air Plus и Regel-Air на Aluplast).
Дали кај нас некој работи со вакви системи, колку чинат, дали има некоја загуба на топлина со овие системи?

Понатаму, каков стаклопакет препорачуваш за објект каде има релативно малку светлина а треба да се зголеми топлотната и звучната изолација?
Дали користењето на 4сезонско стакло ја намалува пропусноста на светлината?
Како можам да бидам сигурен со стакопакетот дека го добивам тоа што го плаќам (исполна со аргон, нискоемискионо стакло и сл?
 
Член од
7 август 2012
Мислења
14
Поени од реакции
2
Моментално во ПРОСПЕРА има попуст на тројниот стакло пакет - ТРИПЛЕ. Иначе што и да ве интересира во врска со ПВЦ - ВРАТИ од Проспера - можете слободно да прашате
 
ти одговорив еднаш,ама нешто се има случено :)
во врска со влагата,таа се појавува само на стари објекти, каде претходно имало стари прозори кои не дихтувале, па се ставаат нови кои дихтуваат. Не е идеата само траката, целата градба треба да биде правилна за тоа да функционира :)
Тој систем за вентилација го има секој профил, само што на различен начин се буши. Тоа е во прозиводството на прозорите (значи треба производителот на прозорецот да го направи, не производителот на профилот). Инаку >
Микровентилациjа – Активирање со вртење на рачката на 135 º; блокирање на крилото во 6 различни позиции на пад што придонесува за 6 степени на вентилациjа:

ова е микровентилација
Во однос на топлоизолацијата, на простории каде што нема директно изложување на сонце е добро да има К стакло, тоа дозволува да влезе топлината, а не дозволува да излезе. Додека 4сезонското го изолира просторот со својата сопствена топлина.
За звучна изолација, само трето стакло. За најголема звучна изолација, треба средното стакло да е различна дебелина од другите две пр. 4+5+4
Да 4сезонското стакло го намалува протокот на светлина, за малку, ама го намалува.
4 сезонско можеш да го познаеш по изглед, зеленкасто или сифкаво. К стаклото неможеш да го познаеш.
Аргонот се познава по тоа дали има дупчиња на лајсната меѓу стаклата.
Тоа е тоа одприлика :)
--- надополнето: 11 октомври 2013 во 18:45 ---
Моментално во ПРОСПЕРА има попуст на тројниот стакло пакет - ТРИПЛЕ. Иначе што и да ве интересира во врска со ПВЦ - ВРАТИ од Проспера - можете слободно да прашате
поздрав до Проспера :)
 
N

nikola2004mkd

Гостин
ти одговорив еднаш,ама нешто се има случено :)
во врска со влагата,таа се појавува само на стари објекти, каде претходно имало стари прозори кои не дихтувале, па се ставаат нови кои дихтуваат.
Овој дел баш и не ми е нај јасен. Зошто "само" на старите објекти кога ќе се наместело ПВЦ столаријата се јавувала влага? Зошто не и на новите? Зошто само на старите градби ако дихтувала столаријата би се јавила влага?

Не е идеата само траката, целата градба треба да биде правилна за тоа да функционира :)
На што точно мислиш? Дали на тоа дека отворот на кој се мести столаријата треба да биде обработен (мазен) како би можела траката добро да се залепи? Те молам објасни ми подетално.

Тој систем за вентилација го има секој профил, само што на различен начин се буши. Тоа е во прозиводството
Дали со ова нема да се намалат термалните карактеристики на профилот?

Микровентилациjа – Активирање со вртење на рачката на 135 º; блокирање на крилото во 6 различни позиции на пад што придонесува за 6 степени на вентилациjа:

ова е микровентилација
Не мислев на ова. Системот за вентилација за кој прашував (конкретно Regel-Air, иако верувам дека другите производители имаат слични системи под други имиња) функционирал на принцип на различни притисоци на воздухот. Значи воопшто немало никакво отварање на прозорецот. Еве и линк на што конкретно мислам: http://www.aluplast.at/eng-int/produkte/lueftungssysteme/regel-air.php

Во однос на топлоизолацијата, на простории каде што нема директно изложување на сонце е добро да има К стакло, тоа дозволува да влезе топлината, а не дозволува да излезе. Додека 4сезонското го изолира просторот со својата сопствена топлина.
Што би се случило ако има К стакло на места каде има директна изложеност на светлина? Дали би делувало како стаклена градина?

Пробувам да разберам кој стаклопакет би бил идеален мојата ситуација (замена на стари врати и прозори со експозиција југо-запад и запад, на главна улица со многу бука и послаба светлина, можеби околу 3-4 часа директна изложеност на сонце во текот на летото, нормално во попладневните часови и скоро никаква изложеност во текот на зимата)

Исто така дали има некој препорака што да се прави со старите ролетни и кутии за ролетни? Дали комплетно да се исфрлат и да се затвори отворот за кутии? Дали е подобро да останат? Дали да се заменат за нови со надворешна кутија?
 
436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
68
Овој дел баш и не ми е нај јасен. Зошто "само" на старите објекти кога ќе се наместело ПВЦ столаријата се јавувала влага? Зошто не и на новите? Зошто само на старите градби ако дихтувала столаријата би се јавила влага?
Заради тоа што стариот објект е „навикнат„ на микровентилација :) односно на константен провев преку прозорците кои не дихтувале, сега таа влага (од константниот начин на функционирање на просторот) од сушара, кујна или сл. нема од каде да излезе и се појавува влага. Старите прозорци ретко имаа кип, сега новите прозорци речиси задолжително имаат кип, и ние (оние кои ги користат прозорите) не ни приметуваме дека константно имаме проветрување на просоторот.

На што точно мислиш? Дали на тоа дека отворот на кој се мести столаријата треба да биде обработен (мазен) како би можела траката добро да се залепи? Те молам објасни ми подетално.
Не, не мислев само на отворот околу прозорецот, мислев на целата градба. Значи елементите кои се користат при изградба на објект треба да бидат сите произведени, транспортирани, вградени и оддржувани според некои спецификации за да се добие целосниот ефект, ние како пазар, ниту имаме пристап, а фала Богу, ниту култура и џеб, да изработиме и оддржуваме нешто такво. Конкретен пример, кој од тука, последен пат си ги подмачкал прозорите? Кој од тука последен пат направил мерење на притисок во еден објект, со, без и со отворени прозорци? Многу детали се тоа, и би ти перпорачал да не се трудиш да добиеш нешто такво, заради тоа што, едноставно неможеш да го добиеш :)

Дали со ова нема да се намалат термалните карактеристики на профилот?
Профилот како изолатор има многу мал удел во изолацијата на еден прозорец, инаку да, ги намалува изолационите својства, незначително, но ги намалува.

Не мислев на ова. Системот за вентилација за кој прашував (конкретно Regel-Air, иако верувам дека другите производители имаат слични системи под други имиња) функционирал на принцип на различни притисоци на воздухот. Значи воопшто немало никакво отварање на прозорецот. Еве и линк на што конкретно мислам: http://www.aluplast.at/eng-int/produkte/lueftungssysteme/regel-air.php
Јас искрено ова прв пат го гледам и сум немал искуство со нешто вакво, меѓутоа повторно, што ако ти го напарвиш тоа и фасадерите ти го затворат? или не фасадерите, оние кои ќе местат окапници?

Што би се случило ако има К стакло на места каде има директна изложеност на светлина? Дали би делувало како стаклена градина?
Точно се добива стаклена градина.

Пробувам да разберам кој стаклопакет би бил идеален мојата ситуација (замена на стари врати и прозори со експозиција југо-запад и запад, на главна улица со многу бука и послаба светлина, можеби околу 3-4 часа директна изложеност на сонце во текот на летото, нормално во попладневните часови и скоро никаква изложеност во текот на зимата)

Троен термопан со 3 бели стакла од кои средното стакло е или 5мм или 6мм дебелина а останатите 2 се 4мм дебелина, без никакви покритија (к или 4с) се идеални за тој објект.

Исто така дали има некој препорака што да се прави со старите ролетни и кутии за ролетни? Дали комплетно да се исфрлат и да се затвори отворот за кутии? Дали е подобро да останат? Дали да се заменат за нови со надворешна кутија?
Ако сакаш можеш да поставиш исти такви (само пвц кутија) за да ти го исполни просторот, или да ја извадиш старата кутија, па оди 5-ка стиропор, па тервол, па гипс картон. Никако да останат старите кутии.
 
N

nikola2004mkd

Гостин
Благодарам на информациите.

Ќе може на ПП информативна цена за:
4 х прозори (140х80см) и
4 х балконски врати (220х80) со
стаклопакет (3 бели стакла) и
стаклопакет (4сезони - бело стакло - нискоемисионо) и
со механизам за киповање на сите прозори/врати и одличен профил?
 
ruller

Expert
Член од
5 септември 2011
Мислења
532
Поени од реакции
364
Сакам да си купам пвц дограма ама не знам по квалитет која фирма е најдобра. Знам за Саламандер и Рехау (од тие што вреди да се спомнат). Дали има некоја друга поквалитетна фирма од овие, а ако нема која е подобра од двете?
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Пред недела дена ставив Трокал 5коморен со 2 дихтунга и 1 к-стакло 1 обично со аргон, 3 прозорци, ми местеа од Проспера, задоволен сум. Рано е уште нема јака зима, ама сега за сега ноќе не паѓа температурата под 19степени. Дење може и без палење шпорет. Стаклата светлина пропуштаат, но топлина/студ не.
 
Член од
22 ноември 2007
Мислења
2
Поени од реакции
0
Да ве прашам мислење за пвц прозори ги нарекуваат половни со некој мерки не стандардни али мислам дека може да се употребаат за нова градба ѕидот може по нив да се искрои . Квалитет непознат а некој се фалат дека биле ок се продаваат пред Драчево и с.Батинци а со цена биле поевтини . Изговор е дека биле нарачани за некојси ама ја утнале мерката и искочиле како што се сега а не биле никогаш на објект поставени .Увезени и некој си прави бизнис . Имам идеја да ги поставам или да ми остане само идеја и да си нарачам од фирмиве . Дали има некој искуство со тие прозори фала
 
Kajgana Shop

На врв Bottom