Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Хоуп, што мислиш за Drag me to Hell? :p
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Ајде вака да ве прашам сите оние кои мислите дека со самото тоа што ке го исклучите греењето во текот на денот ке заштедите. Претпоставувам дека имате автомобили и сите имате заклучено дека како прво кога е загреан помалце троши и второ на отворено пак помалце троши одколку во градска вожња. Се имате прашано зошто?
Тука ви е одговорот и зошто е подобро системот да биде цело време уклучен и да ја одржува номиналната температура отколку на секое уклучување да почнува од нула па да работи со полна снага за да ја постигни зададената температура без разлика дали сте дома или не. Секако ова не важи ако ве нема по цели недели, но дека ве нема 1/3 од денот дома да го терате системот наново да ја загрева цела просторија е рамно на лудост( освем ако домот ви е хотел промаја и немам никаква способност да ја зачува температурата). Замислете само колку енергија ( а со тоа и струја) му е потребно да ја доведе водата на пример од 14 до 50 степени, а колку му е потребно да ја одржава на 50 степени, посебно кога нема никој дома и нема влези излези од собата каде се грее.
 
Ајде вака да ве прашам сите оние кои мислите дека со самото тоа што ке го исклучите греењето во текот на денот ке заштедите.
Потполно се согласувам со тебе, потрошувачката на енергија можеби и е поголема за повторно да се загрее просторијата, отколку само да се оддржува температурата. Правев мерење во двете ситуации и тоа само кога навечер го гасев греењето, а наутро го пуштав и кога работеше цела ноќ, за степен-два намалено. Потрошувачката беше во најмала рака иста или поголема во првиот случај. Настрана комодитетот што кога грее цела ноќ, постојано е топло ако затреба да станеш во текот на ноќта и наутро е веќе топло, не треба да чекаш да се згрее. Може математиката е поинаква за големи куќи од неколку стотини квадрати, ама за просечна големина на станбен простор е таа.
 
Правев мерење во двете ситуации и тоа само кога навечер го гасев греењето, а наутро го пуштав и кога работеше цела ноќ, за степен-два намалено. Потрошувачката беше во најмала рака иста или поголема во првиот случај.

Ова е голема вистина...
Препорака за сите, Не го прекинувајте затоплувањето, освен ако повеќе дена сте одсатни
 
Замислете само колку енергија ( а со тоа и струја) му е потребно да ја доведе водата на пример од 14 до 50 степени, а колку му е потребно да ја одржава на 50 степени, посебно кога нема никој дома и нема влези излези од собата каде се грее.
Едно од погодностите со изборот на подно греење како грејно тело, наспроти стандарните радијатори, е во тоа што кошулицата од подот станува термо-акумулациона маса. Така да во случаите кога никој нема дома, и системот се подеси на 6-7с пониска температура (на пример од 25с на 17-18с), подот ќе се излади и потоа попладне му треба време за пак да се загрее. Ова ваљда зависи од изолацијата под подното греење и од дебелината на кошулицата каде се наоѓаат цевките за хидропонскиот систем.

Наспроти тоа, радијаторите или фен којлерите не се така инертни, и за релативно кратко време можат да ги загреат назад тие неколку степени, од 17-18с до некои 24-25с.

Сепак со ова намалување од неколку степени, не со целосно исклучување, би требало да се остваруваат одредени заштеди, во теорија...
Нормално, целиот овој муабет е ако претпладне нема никој дома. Во спротивно нема поента муабетов.
 
Проблемот во изборот на подно греење како грејно тело, наспроти стандарните радијатори, е во тоа што кошулицата од подот станува термо-акумулациона маса. Така да во случаите кога никој нема дома, и системот се подеси на 6-7с пониска температура (на пример од 25с на 17-18с), подот ќе се излади и потоа попладне му треба време за пак да се загрее. Ова ваљда зависи од изолацијата под подното греење и од дебелината на кошулицата каде се наоѓаат цевките за хидропонскиот систем.

Наспроти тоа, радијаторите или фен којлерите не се така инертни, и за релативно кратко време можат да ги загреат назад тие неколку степени, од 17-18с до некои 24-25с.

Сепак со ова намалување од неколку степени, не со целосно исклучување, би требало да се остваруваат одредени заштеди, во теорија...
Нормално, целиот овој муабет е ако претпладне нема никој дома. Во спротивно нема поента муабетов.

Зошто воопшто би го намалил, која е поентата на сето тоа.
како што рече подот е термоакомулациона маса. Зошто би ја ладеле за неколку степени само затоа што нема да бидете дома неколку сати. Што планирате да постигнете со тоа што ке ја намалите температурата на собата неколку степени. Подобро е за цвеќињата, на мачето да не му биди жешко, папагалот се поти ?
Што?
 
http://energija.com.mk/mkd/kalkulator.php

Se prashuvam zoshto tuka vika deka energetskata efikasnost na drvo e 65% a vo pdf-ot e 30%
Bi bilo bash fino ako ima vakva tela posvetena samo na elektrichni grejni tela
Зошто во најголемиот дел од печки на пазарот ефикасноста е тука некаде, накај 30%. Другото се реклами и чисто лажење. За поголема ефикасност е потребно секундарно согорување, прогуглај малку за wood stoves efficiency и прочитај си и сам.
--- надополнето: 7 октомври 2013 во 15:45 ---
Зошто воопшто би го намалил, која е поентата на сето тоа.
како што рече подот е термоакомулациона маса. Зошто би ја ладеле за неколку степени само затоа што нема да бидете дома неколку сати. Што планирате да постигнете со тоа што ке ја намалите температурата на собата неколку степени. Подобро е за цвеќињата, на мачето да не му биди жешко, папагалот се поти ?
Што?
Ma jaс секогаш имам некој дома и кај мене никогаш не се гаси греење.

Само велам дека во тој случај кога во домот секое претпладне нема никој, можно е да се оствари некаква заштеда со намалување на температурата (не со исклучување). Мене лично поубаво ми е за спиење на нешто пониска температура, накај 18с, така да спиење + претпладне излегуваат 16тина саати со намалена потрошувачка дневно, а тие 6-7 степени не се толку тешки за постигнување (се мести системот да се вклучи еден саат пред да се вратат дома домаќините). Значи не заради цвеќињата, папагалот или мачето, туку заради парите... :)
Во тој случај класични радијатори би биле посоодветни од подно греење.
 
http://energija.com.mk/mkd/kalkulator.php

Se prashuvam zoshto tuka vika deka energetskata efikasnost na drvo e 65% a vo pdf-ot e 30%
Bi bilo bash fino ako ima vakva tela posvetena samo na elektrichni grejni tela

Дрвото во обичните печки согорува со голем вишок на воздух, ложењето не е контунирано и постојано треба да се следи согорувањето и постојано треба да се регулира дотокот на воздухот, промајата во ложиштето е природна и тешко се регулира
Подобри резултати можат да се добијат при согорување на дрво во поголеми печки на пример за централно греење на згради, ако се постави вентилатор и цело време се контролира согорувањето.
Така да сосема е коректна проценката од 30% искористување. Ако успеете да искористите повеќе тоа е супер.
 
Ako ve zahejtam samo site po red.. oprajte se ajde. :D

The Heat 3/10
Pacific Rim 7/10 (#1 kako blockbuster godinava)

i ocekuvam mislenje za lone ranger, nikoj li ne go glea..?
na mara mu se dopadnal, pa da vidime. :D
 
The Lone Ranger како фан на Џони ми беше добар, интересен. Ништо посебно ама ептен брзо ми пројде во кино.
 
Сакав да ве прашам вас "привилегираните" што сте од Скопје, ќе одите на 10ти на Призонерс, Гравити ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom