... доколку се иде на опција да грее па да не грее во текот на едно деноноќие, тогаш подното греење е итекако поголем потрошач од класично радијаторско греење...
сите ние имаме горе доле сличен работен ден, стануваме насабајле, отсутни сме од дома помеѓу 8 и 10 саати и пак сме дома попладне-навечер... ретки се луѓето што остануваат или им останува некој дома со потреба од постојано греење на сите простории... па автоматски одтука гледано, подното греење е лош избор за било кого....
Со должна почит за искуството и се друго, ама не се согласувам сосема со горенапишаново.
Кога би биле на пристапно место соодветните вентили за собите кои поретко има потреба да се греат -тогаш и тие трошоци нема да ги има. Впрочем (поправете ме ако грешам) системите со топлинска пумпа вода-воздух или вода-вода (па и доста од по-саглам климите (воздух-воздух)) имаат опција за програмирање каде се мести која температура системот да ја одржува навечер, или претпладне кога никој не е дома.
Тоа кажано, во доста случаи во семејството ама баш секогаш има некој дома (мојот случај на пример). Така да неточно е дека подно греење е лош избор за било кого.
Подното греење грее со радијација исто како и класичното греење со метални радијатори, разликата е донекаде во инерцијата на термо-акумулационите својства на подот, кој во случајот е радијационото тело (наместо металните радијатори).
Инерцијата не е проблем со оглед на тоа што цевките во подното греење се блиску до површината, а енергијата секако останува во домот.
Конфорот е секако на страна на подното греење, кога на нозете е топло целото тело има поголем впечаток на топлина.
Во тој контекст, изјавата дека „
подното греење е итекако поголем потрошач од класично радијаторско греење„, -ова може да биде точно само во опишаниот случај кога сите домашни не се дома претпладне (па има потреба од греење само од 15-16 па до навечер пред легнување), а системот нема опции за фина регулација и schedule на интензитетот на греењето.
Од аспект на заштеда, а сега зборам за топлинските пумпи, системот е секако поефикасен и поштедлив кога водата ја загрева на 45с наместо на 55с. За системот Кано не знам, ама ако сакаш можеш да кажеш нешто од овој аспект: дали во ситуациите кои ги опишував, системот би бил поефикасен со класични радијатори или со подно греење?
Само да нагласам дека сето ова е мое гледиште, а искуството (со тоа и знаењето) на Кано е секако поголемо. Па Кано, ако грешам некаде: поправи ме.
--- надополнето: 6 октомври 2013 во 21:35 ---
Ke se informiram i jas. Me interesira i mene bidejki imam stan od 50m2 za koj treba da si najdam reshenie za efektivno i ne skapo greenje. Najverojatno ke odam na kombinacija inverter i termo pecka (za ladnite denovi) no i ova ke go ispitam bidejki ako ja isklucam golemata pocetna investicija, bi trebalo da e ekonomicno.
Пази ти имаш само 50м2 да ги решиш и затоа инвертер + термо ти е ТОП РЕШЕНИЕ и јас лично мислам дека не ни имаш поекономична варијанта.
За поголема квадратура се соочуваш со заебанции од типот колку инветори/клими да земам, каде да ги ставам, некоја од собите е премала за клима, како ќе грееш купатило/WC, итн итн. Така да со 3-4 инвертори доаѓаш до цената на еден централизиран систем со топлинска пумпа воздух/вода (вода/вода се поскапи заради бушотините и други заебанции).