Најекономично греење и ладење

Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.565
Поени од реакции
417
Глорифицирани греалки со фенси изглед, за киловат струја добијаш нешто помалку од киловат топлинска енергија и тоа е тоа.
Какви се тие, може некој линк? И не е некако малку 1Kw за 15 m2 ?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.361
Поени од реакции
33.460
fix-speed vs invertor, сигурен сум дека имало таква дискусија на темава. Ако има драматична разлика можам да позајмам уште некои 100 евра и да земам некој инвертор

Јас тешко дека ќе можам да ја оставам цел ден да врти, не можам да спијам и со мала бучава да има, јас кога треба да рендерирам некоја анимација преку ноќ, го носам комп во друга соба.
Ja делам твојата аверзија кон бучавата, до таа мера што мојот компјутер е во соседната соба (ходник уствари) а низ отвор кон мојата работна маса доаѓаат сите неопходни кабли за перифериите како: монитор, тастатура, глувче, УСБ хаб, аудио, итн итн...

Токму од аспект на бучавата инвертор моделите се многу... поудобни за користење. Додатна неудобност се и јаките воздушни струења во собата кои ги прават фикс спид климите.
Од аспект на бучавата, треба да се знае дека фикс спид климите работат на принцип работи-застани, и така одржуваат некоја температура во распон од 2-3 степени: ако наместиш на 25с штом температурата падне под ~22-23с климата почнува да дува додека не досегне 25с и тогаш се исклучува се додека темп. не се симне на ~22-23с. Значи гласно дување со една брзина во работи-застани принцип.
Инвертор моделите дувањето скоро па и никогаш не го запираат но ја регулираат јачината на дување преку варијабилност на брзината на дување на вградениот вентилатор. Во пракса, еднаш штом се постигне зададената температура, модот на одржување на температурата се сведува на споро непрестано дување кое заради спороста на вртењето на перките на вентилаторот не се слуша, или па сосема малку се слуша (зависно од брендот и моделот). Во споредба со ова фикс спид климите имаат многу појак звук на дување кој постојано се вклучува и исклучува. Плус јаките воздушни струења во собата сметаат прилично, посебно кога сеуште не е постигната зададената температура, замисли како е во зима да те дува јак млаз од 15-17с воздух.

Дап, удобност и комфор е главната разлика, но и фактот дека денес сите fix-speed клими се во најнискиот ценовен ранг и со тоа имаат осетно полоши карактеристики на работа.

Да не ги повторуваме работите, пред некое време имавме една интересна преписка со Смртта за Пајаци и Зони, каде од две спротивни гледишта имаш поучни факти за fix-speed vs invertor и со тоа можеш да изведеш твој став, во однос на сопствените потреби.
Погледај тука на линков доле (а можеш и некој пост погоре да погледаш каде имаш корисни податоци за климата во Скопје и како таа клима се однесува на ефикасноста на клима уредите, всушност топлинските пумпи воздух-воздух).
http://forum.kajgana.com/threads/Најекономично-греење-затоплување.39011/page-149#post-6048173

Според мое лично мислење, ако било како можеш да си дозволиш инвертор модел: нема да зажалиш. Но ако не можеш да си дозволиш толку пари (за кои знај дека ќе ги вратиш со време) тогаш и фикс спид клима е неспоредливо подобра варијанта одколку некои греалки како овие конвектор панелите и слично.

Какви се тие, може некој линк? И не е некако малку 1Kw за 15 m2 ?
Кога кажав дека за 1 киловат струја добиваш нешто помалку од 1 киловат топлинска енергија, сакав да ти кажам дека тоа не е економично. Со најобична клима за 1 киловат струја добиваш многу повеќе од 1 киловат топлинска енергија.
Зависно од ефикасноста на уредот и од надворешната температура, за 1 киловат струја со клима уред (кој всушност е топлинска пумпа воздух-воздух) добиваш од 2 па до 4+ киловати топлинска енергија. Колку точно топлина добиваш зависи од COP факторот на климата, ама секако и најевтината најинфериорна фикс спид клима, е неспоредливо поефикасна од панелните конвектори и ним сличните греалки .
За понаучно објаснување гуглај „топлинска пумпа„ или „heat pump„.

Инаку тоа колку киловати топлинска енергија ти треба за твоите 15м2, зависи од повеќе фактори како квалитет на изолација, дрвенарија (или поверајтно пластикарија) на прозори и врати, висина на плафонот, дали соседните простории се греат, итн, итн.
Некое често повторувано (и често неточно) правило е дека со 1KW загреваш некои 7-8м2.
 
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.565
Поени од реакции
417
Моментално имам обична клима од 3.5 Kw но се користи само летоска, сега зимето нема шанси под 0 штом падне температура тешко да загрее климата, не е од оние скапите инвертер.
Најверојатно ќе земам конвектор од 2 kw, ќе биде таман за 15те квадрати простор.

Туку колку трошат овие конвекторите, климата знам дека троши 1kw/h и на саатот покажува толку и по проспект, а дава 3.5кв моќност, за конвекторите претпоставувам дека повеќе трошат?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.361
Поени од реакции
33.460
Повеќе пати кажав, конвектор и било која друга греалка дава помалку од 1kw топлина за 1kw струја. Како и да направиш, додека не падне под нула греј се на таа клима што ја имаш.
Глорифицирани греалки со фенси изглед, за киловат струја добијаш нешто помалку од киловат топлинска енергија и тоа е тоа.
 
Член од
12 септември 2013
Мислења
222
Поени од реакции
184
Моментално имам обична клима од 3.5 Kw но се користи само летоска, сега зимето нема шанси под 0 штом падне температура тешко да загрее климата, не е од оние скапите инвертер.
Најверојатно ќе земам конвектор од 2 kw, ќе биде таман за 15те квадрати простор.

Туку колку трошат овие конвекторите, климата знам дека троши 1kw/h и на саатот покажува толку и по проспект, а дава 3.5кв моќност, за конвекторите претпоставувам дека повеќе трошат?

Ako veke zemash konvektor (panel) za 15m2 podobro zemi 2.5 ili 3kw. Jas vo ista kvadratura imav 2.5 a pokasno (sega) 3KW od VALIANT. I DVETE zadovoluvaa, a jas sum od Bitola....zimite ne se bash zabavni ponekogash ovde..... No sepak mozesh da probash taa klima shto veke ja imash koga ednash ke ja pushtih da ne ja gasih voopshto ( na eden post napishan od nick: Smrt za zoni i pajaci... ima napishano deka toj taka ja koristi edna od negovite obicni, neinverter klimi). Probaj nemash shto da zagubish. I ne zaboravaj da ja servisirash klimata.

i da, konvektorite grubo kazano, kolku shto troshaat tolku toplina davaat. 1kw struja = 1 kw toplina
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Препорака за камин од 7-8 КВ до 15.000 ден.
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Preporaka za greenje na kuka od 300m2???
Nesto ekonomicno a toplo da bide sekade.Okolu 300metri kubni ke bide za greenje.Izolacija golema na kukata so solidni prozorci,2 soncevi kolektora sum vo plan da stavam e sega za greenje seuste ne znam.Eventualno sakam da napravam golem kamin so kotel za parno greenje.Dali ima nesto solidno ili??Laik sum inaku vo ovie raboti.
 
Член од
15 мај 2012
Мислења
653
Поени од реакции
576
Parite sto planiras da gi dades za solarno prefrli gi za greenej, od solarnoto nemas nekoj golem kar.
Mnogu pogolem prioritet i pari ke ti odat da gi zagrees tie 300 kvadrati nego da zagrees voda za banjanje.
Izolacija dali imas i kakvi prozori imas, tavan itn, i kolku pari planiras da dades i kolku povrsina imas u plan da grees, i kolku pari imas u plan da davas mesecno za greenje
--- надополнето: 6 октомври 2013 во 08:10 ---

Не кажуваш за колку пари, па затоа еве ти едно од подобрите решенија (каде имаш поголема стартна давачка во опрема а потоа помали сметки за греење):

http://www.toshiba-estia.rs/index.html

  • Топлинска пумпа инвертер воздух/вода со DC twin rotary компресор
  • Поврзување на подно греење, фенкојлери и радијатори
  • Најдобар коефициент на заштеда COP од 4,66
  • Работа до -20 oC надворешна температура
  • Капацитет ладење/греење:
    6,0 - 13,0 / 8,0 - 16,0 kW
Воздух/вода инвертер топлински пумпи Estia на Toshiba е идеaлно решение за домови без разлика дали биле станови или индивидуални куќи.
Системот е направен така што надворешната единица е малку поголема од класичен сплит уред и може да се монтира на фасада (помал капацитет) или на тераса или под.
Внатрешната единица преставува топлински разменувач ладилен медиум / вода која понатаму се користи за централно греење / ладење во подно греење, фенкојлери или во радијатори. Постои можност да се приклучи и бојлер за санитарна топла вода, посебен разменувач за греење на базен како и интегрирање со сончеви колектори. Главната придобивка е самата надворешна единица во инвертер изведба која овозможува во номинални услови вложување на 1kW електрична енергија + 3kW обновлив извор на енергија (надворешниот воздух) = 4kW капацитет греење/ладење.
Самата топлинска пумпа овозможува големи растојанија помеѓу внатрешната и надворешната единица (до 70м) што ја олеснува нејзината монтажа и широк опсег на работа при промена на надворешната температура од -20 oC до +46 oC.
Надворешната единица е така дизајнирана да нејзините компоненти: компресорот, вентилаторот и куќиштето се звучно изолирани така што бучавата што ја произведува оваа единица е сведена на минимум.
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.361
Поени од реакции
33.460
A i sistemov Vanlok e dobar kako sto go gledam.Kolku pari bi kostalo takvo nesto
Кај нас ги носат Енергија и Аиркон (или така нешто), гуглај ги за контакт и прашај си. Од Енергија мислам дека едната варијанта (не ми текнува која KW јачина) е некои 3.300 е. без фен којлерите, кои не ти требаат ако идеш на хидропонската варијанта (подно греење низ цел стан) која воедно е и поефикасна/поштедлива пошто водата не мора да се загрева над 55с+, доволно се некои 40с и нагоре.
--- надополнето: 6 октомври 2013 во 15:33 ---
ПС. Печка со пелети во комбинација со централно гр. мислам дека иде накај 2000е ама тоа си повлекува и одржување (ложење пелети, чистење горилници, оџаци, итн).
 
Znaci so edna investicija solidna od 5-10 iljadarki ke resis golem problem em ladenje em toplenje i plus smetka mala.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom