По вчерашниов мел со Галата,повеќе е од јасно дека тимот е во криза,која мора што побрзо да се надмине.Добро е што кризава дојде во почетниов дел на сезонава,каде сеуште има време да се средат некои работи.Тука е и Јануарскиов преоден рок,каде по потреба,можат да се донесат некои играчи.
Мора и Конте да проба со некоја друга формација,како во ЛШ,така и во Серија А.Добро е познато дека тимов е составуван од страна на Конте за 3-5-2,али јасно е дека слабо функционира оваа сезона.Со 3-5-2 и не сме толку лоши во одбрана,колку што нема креативност и идеи во нападот.Клучни во формацијава се бековите(како во напад така и во одбрана),а моментално не се во најдобра форма.
За со Милан ја би идел со нешто вака
-----------------Buffon---------------------
Lichtesteiner/Padoin-----Barzagli------Chiellini------Peluso/Asamoah/Ogbonna
---------Vidal---------Pirlo--------Marchisio-------------
---------------------Tevez----------------------------
--------Quagliarella-----------Llorente---------------
Ако веќе Лихт не е во комбинација за со Милан,подобро е Падоин да се проба на таа десна страна,сигурно подобро ќе изигра отколку црепон Исла.За левата страна има нешто повеќе опции.Асамоа солидно ги изигра 20те минути како лев бек со Галата,Огбона има играно и во Торино и за Италија како лев бек,а Пелусо иако е кататрофа како LWB,за лев бек е солиден (бар во дефанзива).
Тевез на неколку пати откако дојде во Јуве има изјвено дека не му е омилена позицијата на крилен напаѓач во 4-3-3,така да оваа формација е подобра за него,каде би играл позади Кваљарела и Љоренте.
Вчера Кваља беше повторно стрелец во ЛШ и моментално покажа дека е во најдобра форма од напаѓачите.Така да МОРА да биде стартер во натпреварите што следат.