Кока Кола - не е веќе иста

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.779
Поени од реакции
18.528
Приметив интересен феномен во последниов период, иако пијам доста ретко јас а и моите другари, (кои пијат многу често т.е. сега веќе не) приметивме дека не е веќе иста.

1. Не е толку газирана - не реже, лесен доказ за ова е што сега може да се пие на екс, и тоа во големи количини, без разлика дали е ладне, и кога е отворена - не испарила. Ако порано го направев ова, завршував со грч на лице, од газираноста, и гребењето на грло.

2. Вкусот и е како да стоела неколку часа отворена, повеќе се осеќа захаринот/шеќерот или што и да ставаат, го нема силниот и уникатен вкус како на времето, недостаток на карамела? исто така.

3. Шмекот после да речеме неколку минути од конзумирањето е друг, малце повеќе како да се осеќаат адитивите, хемиите или што и да има во неа, едноставно вкусот е осетно променет и полош.

Некој да приметил нешто од ова? исто така намалувањето на цените го "потврдуваат" горе доле овој податок...
 
Јас веќе подолго време сум на Pepsi ем е поблаго, ем реже таман, ем нема тежок вкус како CocaCola-та.
 
и ја не пијам често.........ама од кока кола ни К нема.......газирано и осеќам само некој јаки прашкови.......вкусот го нема на како кола..едноставно срање...шоката златна :D
 
И јас не сум љубител на газирани сокчиња, ама некогаш знам да пивнам. Кока колата си нема врска. Некако не е толку газирана и ми има некој киселкаст вкус :confused:
 
Види од која фирма е, затоа што едно време се појави Српска кока-кола кај нас, таа нема врска со нашата.
Пиев пред некој ден и има сосема ист вкус....
 
Јас немам ништо осетено иста ми е :D
 
Навистина не е како што беше, јас просечно еднаш неделно купувам и врска нема во последно време. Најубавата Кока-Кола на светот (официјално) ја упропастија...
 
Општо македонско правило, намалена цена = зефркнат производ.
Не знам за коко-колата ама знам за пепси секогаш кога пуштат празнично плати 3 земи 4 пакетчина шишината се како да има само вода за 4 а се останато како за 3 (по невкусна, ретка, понегазирана...) ништо чудно и скопскава финта да е истна, намали цена ама внатре водичка блага...
 
Мене ми одговара што е помалку газирана, повеќе на благо удира. Пијам како замена за благо т.е. десерт после ручек.
 
Ја реков да не правам "галама",ама изгледа вистина е дека квалитетот опаднал штом сте осетиле и вие.(n)
 
Уште од пред лето и тоа, се познава по тоа кога пиеш остава плунки во грло како ефтин сок. Ефтина благост. Не ми лизга и мене веќе.
Мислев сум ја препијал.

повеќе се осеќа захаринот/шеќерот или што и да ставаат, го нема силниот и уникатен вкус како на времето, недостаток на карамела? исто така.

Да, ова е тоа што сакам да кажам.
Зошто да бидеме најдобри ние во нешто од соседите, мислам...
 
Како потврда за постов да го пишам моето искуство. Значи алергичен сум на тој додаток во Кока-Кола и било кој црн газиран сок, најверојатно на карамела, му го заборавив името, и не ги пијам. Порано од половина чаша Кока-Кола одма ме фаќаше алергија, сега можам да испијам и пола литар а да не ме фати алергија. Додека другиве црни газирани сокчиња, Пепси, Кватро и остали, уште ми сметаат.
 
Ретко пијам газирано, ама тоа што викате дека го променила вкусот не ме чуди, како оди времето понапред изгледа и храната ( освен домашната) ќе биде пошкарт.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom