olaf
Ајде, да не се осеќаш изоставено.
Многумина од овде ми вртеле муабети од типот - "Oд толку многу работи што си можел да бидеш во животот ти си одбрал да бидеш педер?". Некои такви фаци, као тебе друже. Истото можам да го кажам и за вашата група - од толку многу работи кои сте можеле да бидете, вие сте одбрале да бидете идиоти. Го задржувате тоа право да бидете што сакате, како и јас, нели? Гарантирано ви е со повелбата која толку ја искритикувавте низ темава и ти и остала компанија. Плукајте и понатаму, мене не ми пречи.
Ако мислиш дека овде сум за сериозно да наоѓам завршница на прашањето за хомосексуалците во МК многу си згрешил, и тропаш на погрешна врата. Ако тоа што моите фамилијарни динамики околу прашањето на хомосексуалност и каде јас стојам на тоа и каде тие стојат, не сум го споделил овде, ме прави дека ме снемало во муабетот и дека си погодил слаба точка, нека е така. На сите ни треба сон, па ако спиеш помирно со таа мисла во главата - слободно. Јас останувам на тоа дека не треба да те интересираат детали од нечиј приватен живот, во склоп на фамилија. А јас ако сакам, можам да кажам и што сум доручкувал денес, и колку пати сум дркал, и на што сум мислел додека сум дркал. Имам избор што сакам а што не сакам да споделам, нема ти да бираш за мене, звучиш постаро, така да би требало да ти биде тоа јасно до сега.
Јас воопшто немам проблем со мојот родов идентитет, си се осеќам како машко, одам како машко, се облекувам како машко, личам на машко во изглед. Има луѓе кои ме знаат надвор од форумот. За сите останати што не ме знаат сум замислен како буквално свашта - Од брадосан педер хипстер, или бодибилдер, до некој Боки 13ка лик. Пак ќе кажам ич не ми смета, баш ме фасцинира како според 100-1000 карактери напишана мисла некој вади секакви заклучоци за нечиј изглед, однесување, дневниот модус операнди. Можеш да си претпоставиш кој како се осеќа, но да знаеш со сигурност не. Јас ќе го земам тоа за себе "жена во душа" како дерогативен термин, ако сакаш. Но што збори тоа за тебе како машко, што го користиш спротивниот пол како мерка за нешто долно и одбивно. Ако нешто мразам повеќе од хомофоби тоа се мизогинисти. Ве асоцирам со миризбата од контејнер што излегува.
Споредувам облека бидејќи ти зема за облека да правиш споредби. Реално гледано, ако мноштвото мажи носат еден тип облека, ако нешто девиира надвор од тој колосек, не е нормално, барем аргументацијата ваша до сега била таа. Читни наназад, ќе видиш (ако имаш проблем со таа аргументација, не ми мрчи мене, туку тие кои ја употребиле, воедно твоиве колеги на темава). Така да, да, за мене е исто дали некој се шета по мантија, килт, или фустан. Ми прави нула разлика. Ако сум ги прифатил поповите, шкотите (јас се извинувам, последниот килт кој го видов го носеше Ирец, go figure ваљда работава, а?), или некој рандом трансексуалец/транвестит, што и да е. Да не треба и јас, кој не носи такви работи да ги осудувам? Ми спаѓа на исто рамниште да судам некој што носи розева облека, само затоа што "традиционално" тоа се смета за исклучиво женска боја. Да, до толку дебилно ми е. Јас, ако сакам, можам да облечам утре и танга ако сакам, па и фустан. Тоа нема да го промени фактот дека сум машко како што црнец кога би се обоил во бело не го прави белец. Се надевам ако не денес, некој друг ден ќе те стигне и таа логика. Бидејќи очајно ти фали.
Пенисов ме заболе што мислиш за тој на сликата, океј? Или било кој друг. Може од кур ќејф се облекол така да провоцира патетични изговори за машко како тебе. Со уште попатетични проценти цврстина на карактер, па реагираат на провокацијата и мрчат од дома или идат и му го пукаат носот (што е на некој начин автогол, бидејќи следуваат и казни за тоа). Бидејќи дозволени се ред други глупости, не гледам бариера за вакво нешто. А другите глупости само јас ги спомнувам по темиве, бидејќи на другите очигледно не им пречат. Зошто и да ви пречат? Како послушни лоботомирани овци сте проголтале се што ви се сервирало до сега. А ти, кога ќе поднесеш доказ црно на бело дека си некаков портпарол на природата, тогаш можеш да дрндаш што таа створла и кои правила ги крои. Дотогаш, само млатиш празна слама и не знаеш ништо за природата, инаку немаше да ја земеш како аргумент. И не збори за моето друштво кога не го знаеш. Од кај курац па ти знаеш со кого се дружам? Да, верувал или не, јас сум единствениот педер во друштво, а останатите знаат за мене и немаат ни најмал проблем во врска со тоа. Ако тебе ти ја ебе психата тоа, воопшто не е мој проблем, консултирај се со психијатар, реши си го. А за хомо сапиенс, имаш уште многу за еволуирање, и Комитава е далеку пред тебе на таа скала. Со ваков ментален склоп, и ќе останеш на таа бедна позиција.
Се надевам ти е доволно, зошто немам намера да ти реплицирам понатаму. Валцери во круг да вртам со некого само во живо, не вака во дискусија да мота на една, друга, трета, и пак да се врати на почетната мисла.