Како и за повеќето работи кај нас цената е проблем .Секако дека стрипот најмногу подсеќа на старите добри времиња и детството.На пример мои омилени стрип херои ми беа ЗАГОР,МИСТЕР НО и ДИЛАН ДОГ.Меѓутоа тоа време е веќе позади нас.А и искрено зошто кога денес има можности да постојат самостојно изданија на македонски јазик наместо на српски или хрватски(кои нормално се разлбирливи,сме читале) ги нема.Прашањето е кога ќе отпочнат самостојни изданија на македонски јазик во континуитет,а не само повремено како мега пресс 33 или варм па колку и да звучел чудно македонскиот јазик (гледам некој коментари по форумов и на фб и твитер на сметка на нашиот јазик-несфатливо од кој било љубител на стрип или книга такво подценување дека било навика или подобро звучеле итн.).Мислам дека тоа е рецептот за подигнување на домашната стрип сцена-нова читателска публика посебно кај помладите генерации, стрип јунаци кои се бестселери како тие што ги спомнав погоре (на македонски јазик-нормално квалитетен превод и хартија и поволна цена) па во комбинација со повозрасните и поискусни фанови на стрипот обезбедување на континуитет на изданијата па и промоција на можеби и нови македонски автори кои верувам ги има.Дали звучи нереално незнам ама без тоа ќе нема стрипови по трафиките,како што немаше пред некој ден кога побарав.
Се сложувам дека можеби цената е најголем проблем ама мислам и дека не е единствен.Е сега, доколку на пример цената би била 60 ден за примерок сигурно полесно би се популаризирал и би бил повеќе читан стрипот само дали е реална таа цена (во смисла трошоци за печатење итн.).Како и за повеќето работи кај нас цената е проблем .
Уште од мал (некои 8 години од прилика) почнав да читам стрипови. За жал сега немам ни толку време, а и тие стрипови што ги имав (околу пеесетина) тогаш, моите ги фрлиле најверојатно кога се селевме од станот во кој живеевме тогаш. Од тогаш имам купено само некои десетина.
Ги читав најмногу Загор, Блек Стена, Командант Марк, Текс, Мистер Но. Поретко Марти Мистерија, Дилан Дог, Лазарус Лед и Натан Невер.
За жал со новите технологии изумира полека ова хоби, се помалку луѓе читаат стрипови денес.
Најновиот стрип херој што се популаризира кај нас, посебно од другата страна на Вардар после Супер Тоше мислам дека е Шќипоња.Новиве генерации живеат во поинакво опкружување и има разлика од претходно ама гледам дека се појавуваат и нови стрип јунаци во чекор со времето, па дури и кај веќе познативе стрипови можам да забележам промени,нова содржина,по продлабочени приказни, посовремен хумор итн.