Духовна смисла на моето заминување и живеење? Со Бога напред пријателе, патот ми го отвара, ми вели: Леандра бегај додека те држат нозе. Остај ги нека се изедат патриотите и душегрижниците меѓу себе. Ти си предавник Леандра бегај Божјо чедо, бегај. Јас ќе те чувам каде и да си.
Во земјата Македонија ја сакам храната, природната убавина, убавите планини, најубавиот град на светот Охрид. Има повеќе работи што не сакам ама нема да ми стигне цел ден да пишувам: дупкине на автопат, валканоста, смрдеата, загаденоста, Скопје 2014, бродовине и врбине во Вардар, мостовите од милион, еве овој Докторов на науки не го сакам, партииве не ги сакам, Миленко не го сакам, Јанко бурек и Латас, не ве сакам.
Духот си го виде на протестот, броеше 20 младинци и пендраци од полиција. Дојдов покасно 10 мин не ти го видов говорот. Знам и кои завршија во притвор и кои добија кривична.
Не го сакам бе Тони, несакам бескичмењаци и политички лугуши, не сакам Миленковци гнаси и смрдловци. Не сакам. Јас сум граѓанин на РМ. И таков ќе останам. Дали сум внатре или надвор тоа е мое право и избор. Барем нема да ја гледам бедотијата таму и газолижачите. Нема да го гледам Докторов по филозофија на пример. Бедотија.