Се каете ли што сте се иселиле од Македонија?

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Ние од сестринството ќе направиме супа од јагнешки глави, чкембе чорба и кукуреч.
Каде можам да симнам формулар за членство во сестринството? Или губитници не примате :(
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Каква е таа родова дискриминација?!
Ќе основам група Македонски сестри, па да видиме кој е појак.
Забрането е жени да се активираат и делуваат. :pos: Шала на страна, во македонското братство мислам имаше посебен женски огранок тие се нарекуваа sisterhood.

Ние од сестринството ќе направиме супа од јагнешки глави, чкембе чорба и кукуреч.
Не заборавајте дека машките членови на братството покрај храна, имаат и други потреби, за кои вие сестрите треба да им излезете у пресрет. :D
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Каде можам да симнам формулар за членство во сестринството? Или губитници не примате :(
Маре, тек се формираме. Ти имаш почесно членство. Штом си се справила со малазот во Бон, не те даваме :)

Не заборавајте дека машките членови на братството покрај храна, имаат и други потреби, за кои вие сестрите треба да им излезете у пресрет. :D[/quote]

Мислиме и на тоа. На менито ќе има телешки јазик и онаков јазик, па кој што сака нека си земе. :sneaky:
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
329
Поени од реакции
218
Стварно застрамота. Па со емигрирање ли мислите дека ќе дојдат странски инвеститори .!? !!!!!

Онтопик: Многу се каам ево патиките ги искинав од трчање назад.
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Стварно застрамота. Па со емигрирање ли мислите дека ќе дојдат странски инвеститори .!? !!!!!

Онтопик: Многу се каам ево патиките ги искинав од трчање назад.

Инвеститорите што овој систем ги брка :) И нормално на крајот секогаш обичниот граѓанин ќе биде виновникот за валканите работи на државата... Пак ќе кажам да се сака економијата и законите да се оправат тоа ќе се стори, само 1 % од дијаспората да инвестира не ни требаат кампањите на владата за привлекување на странски инвеститори..

Имаше баш вчера читав статија за економските убијци на малите држави.. Колку е само лесно на вакви начини да се заебе целата економија тоа чудо едно.. Тоа САД почна да го прави во муслиманските земји, за на крај да ги подбуцне со војна... Има многу работи кои што не ги знаеме што се случува горе, на некој целата оваа ситуација му одговара:)
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
И кажими свати некоја поука од тоа? Свати дека денешната, модерна војна е војна на зборови, војна на политика, војна на стратегии? Сваќаш дека има голема причина зошто македонскиот народ масовно се населува?
Со својот ум и однос кој го имаат кон Македонија, кон другите околу, а и со тоа кон себе тие кои се исселуваат подобро и што си заминуваат. За да нема потреба да си ја грешиме ние душата подобро е самите што си одат. Ако треба и ќе се прочистиме и ќе спаднеме на неколку стотици илјади Македонци. И тогаш откако ќе ги отстраниме сите малодушни безрбетници ќе можеме да се договараме и се што ќе договориме заедно ќе го спроведеме и така ќе градиме силна држава во која ќе биде пријатно да се живее поради чувството дека си сплотен и силен заедно со другите.

Чепкаш по работи коишто многу луѓе ги боли многу. Лесно е кога имаш убава плата и размислуваш на мирна глава... Тешко е на човек со 300 проблеми , да му солиш памет што треба да прави и како треба да живее...
Економските причини како оправдување може да важат само за постарите исселеници.
Посебно откако е отфрлен социјализмот денешното време дава претприемачки можности и шанси за стекнувања за секој кој одлучи да мрдни малку со умот и кој се прекрсти и почни да работи. Тие можности се нешто поголеми во странство но и овде ги има сосема доволно. Проблемот е што малодушниците бараат оправдување за својата слаба вера. Во денешните услови слабата материјална состојба е заради малодушниот однос. Кога ќе заминат од дома, и природно принудени се повеќе да се ангажираат и борат отколку дома. Има делови од Македонија каде не се којзнае колку богати, но заради нивниот скромен и работен однос имаат се што им е потребно. Знам едно момче пријател кој се прекрсти и седна машки да работи. За 10-11 години, ги набројувам главните работи: прво го исплати долгот, си ја доправи и уреди куќата, купи голф од 6 000 евра и купи и го исплати нов имот од 13 000 евра. Ете 3ца луѓе само од земјоделие. Само овој пример ги отфрла изговорите за заминувањето од економски причини. Секој кој ќе го стори истото, ќе нема потреба да се стиска.

Живеј како што сакаш и оставиги другите да живеат како што сакаат..
Никој никого овде насила не го тера да остане или да замине. Изнесуваме мислење. На нападното убедување дека треба се да се остави и да се замине џенем без свртување на главата, одговорив соодветно.
Најмалку јас би го молел некого да остане. Само наместо лажно да ги тешам, на нивната совест им ја кажувам вистината. И токму затоа сега погледни ги мислењата свртени кон мене, а не кон моите мислења. Тоа се одговори на чепнатата нечиста совест.

Да се сакаше Македонија како што ти пишуваш на постовите те уверувам немаше да ги има сите овие гомнарии. Човек кој е патриот и си го сака коренот ќе се откаже од кражбата на народните пари и ќе ги насочи во вистинскиот правец. Човек кој ја сака фамилијата и семејството , народот ќе биде чесен пред сите ! Ете тоа е патриот.. Патриот не се станува со говори и ветувања како ќе биде подобро ... Многу добро знам како размислуваш пошто и јас сум бил ист како тебе , ама среќа имам мозок за да размислам кога е време да се стави крај на овие гомнарии.
Те совладале и ја изневеруваш Македонија сега, ...и минатото, ...и иднината. Совреме свести се, за да не ти помине животот, за кога ќе немаш повеќе време да речеш глуп јас што изгубив толку време и стоев не правев ништо.
Затоа што многумина кои од глупавост не сториле ништо, сега вербално работат да не успее, за да не излезе дека тие биле умствено слабите што се излажале на нечии обмани и се откажале од борбата која ДРУГИТЕ без нив ја добиле. Можеш да ги видиш таквите и на овој форум.

Државата се пратениците и владата, не сме ние за жал.. Таму треба да ја насочиш својата борба и да ги убедиш останатите да работат за идеалите за сите нас.. Пробај ако можеш види како е, те уверувам ќе се откажеш за брзо време :)
Само да знаеш колку лесно тие кои ти глумат сила и моќ се голи и страшливи ако еден дел од народот им затропа на врата.
 

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.863
Поени од реакции
4.815
Со својот ум и однос кој го имаат кон Македонија, кон другите околу, а и со тоа кон себе тие кои се исселуваат подобро и што си заминуваат. За да нема потреба да си ја грешиме ние душата подобро е самите што си одат. Ако треба и ќе се прочистиме и ќе спаднеме на неколку стотици илјади Македонци. И тогаш откако ќе ги отстраниме сите малодушни безрбетници ќе можеме да се договараме и се што ќе договориме заедно ќе го спроведеме и така ќе градиме силна држава во која ќе биде пријатно да се живее поради чувството дека си сплотен и силен заедно со другите.

Економските причини како оправдување може да важат само за постарите исселеници.
Посебно откако е отфрлен социјализмот денешното време дава претприемачки можности и шанси за стекнувања за секој кој одлучи да мрдни малку со умот и кој се прекрсти и почни да работи. Тие можности се нешто поголеми во странство но и овде ги има сосема доволно. Проблемот е што малодушниците бараат оправдување за својата слаба вера. Во денешните услови слабата материјална состојба е заради малодушниот однос. Кога ќе заминат од дома, и природно принудени се повеќе да се ангажираат и борат отколку дома. Има делови од Македонија каде не се којзнае колку богати, но заради нивниот скромен и работен однос имаат се што им е потребно. Знам едно момче пријател кој се прекрсти и седна машки да работи. За 10-11 години, ги набројувам главните работи: прво го исплати долгот, си ја доправи и уреди куќата, купи голф од 6 000 евра и купи и го исплати нов имот од 13 000 евра. Ете 3ца луѓе само од земјоделие. Само овој пример ги отфрла изговорите за заминувањето од економски причини. Секој кој ќе го стори истото, ќе нема потреба да се стиска.


Никој никого овде насила не го тера да остане или да замине. Изнесуваме мислење. На нападното убедување дека треба се да се остави и да се замине џенем без свртување на главата, одговорив соодветно.
Најмалку јас би го молел некого да остане. Само наместо лажно да ги тешам, на нивната совест им ја кажувам вистината. И токму затоа сега погледни ги мислењата свртени кон мене, а не кон моите мислења. Тоа се одговори на чепнатата нечиста совест.


Те совладале и ја изневеруваш Македонија сега, ...и минатото, ...и иднината. Совреме свести се, за да не ти помине животот, за кога ќе немаш повеќе време да речеш глуп јас што изгубив толку време и стоев не правев ништо.
Затоа што многумина кои од глупавост не сториле ништо, сега вербално работат да не успее, за да не излезе дека тие биле умствено слабите што се излажале на нечии обмани и се откажале од борбата која ДРУГИТЕ без нив ја добиле. Можеш да ги видиш таквите и на овој форум.

Само да знаеш колку лесно тие кои ти глумат сила и моќ се голи и страшливи ако еден дел од народот им затропа на врата.
Dobra e be Grujo...!!! So sto prasok te isprale tebe?
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Леа, овој на српски те вреѓа:pos:
Прво и основно, на српски/хрватски се вели губитница, а на македонски ГУБИТНИЧКА.
Аман веќе од вас квазипатриотчињата, кои ни правописот не си го знаете. :facepalm: Ама затоа многу знаете да јадете бурек. Многу.

Ај кажи во кое министерство работиш?
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Во кој дел? Нема дел бе Тони, цел е. Да беше дел да спориме, вака ни остана само да се срамиме.
Се гледаш колку си малициозна. Го обвинуваш човекот, а немаш ни лажно прикажана причина зошто.

Духовна смисла на моето заминување и живеење? Со Бога напред пријателе, патот ми го отвара, ми вели: Леандра бегај додека те држат нозе. Остај ги нека се изедат патриотите и душегрижниците меѓу себе. Ти си предавник Леандра бегај Божјо чедо, бегај. Јас ќе те чувам каде и да си.

Во земјата Македонија ја сакам храната, природната убавина, убавите планини, најубавиот град на светот Охрид. Има повеќе работи што не сакам ама нема да ми стигне цел ден да пишувам: дупкине на автопат, валканоста, смрдеата, загаденоста, Скопје 2014, бродовине и врбине во Вардар, мостовите од милион, еве овој Докторов на науки не го сакам, партииве не ги сакам, Миленко не го сакам, Јанко бурек и Латас, не ве сакам.

Духот си го виде на протестот, броеше 20 младинци и пендраци од полиција. Дојдов покасно 10 мин не ти го видов говорот. Знам и кои завршија во притвор и кои добија кривична.

Не го сакам бе Тони, несакам бескичмењаци и политички лугуши, не сакам Миленковци гнаси и смрдловци. Не сакам. Јас сум граѓанин на РМ. И таков ќе останам. Дали сум внатре или надвор тоа е мое право и избор. Барем нема да ја гледам бедотијата таму и газолижачите. Нема да го гледам Докторов по филозофија на пример. Бедотија.
Тоа што не сакаш, нема да навлегувам. Твоја работа. Ако се сеќаваш не те ни прашав што не сакаш, ама ете не можеш да се ослободиш од твојата малициозна желба да плукаш. Ама сакам да знам ЗОШТО го сакаш тоа што го сакаш. Зошто овде природата те привлекува, кога има ненормални убавини низ светот. Земја ко земја, дрво ко дрво, планина ко планина. Зошто Охрид е најубавиот град во светот. Зарем таму каде што си, нема поубав град.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Леа, овој на српски те вреѓа:pos:
Прво и основно, на српски/хрватски се вели губитница, а на македонски ГУБИТНИЧКА.
Аман веќе од вас квазипатриотчињата, кои ни правописот не си го знаете. :facepalm: Ама затоа многу знаете да јадете бурек. Многу.

Ај кажи во кое министерство работиш?
Не сум сигурен дека си во право, бидејќи и двата збора можат да се користат во македонскиот јазик. Но дури и кога би била во право: ајде ќе го цедиме комарецот, а ќе ја голтаме камилата кога не можеме да дадеме друг приговор.
--- надополнето: 25 септември 2013 во 15:30 ---
Па момак, тие што имаат завршено машински факултет и останале во Македонија да возат такси, да ти кажам се осеќаат дури помалку и од губитници.
Тој кој што завршил машински факултет, а не знае да го искористи своето знаење и да заработува со него во слободно претприемачко време, тој и не ни учел за да го знае машинството туку само за да добие диплома. Тука државата е грешна по повеќе основи. Згрешила што им верувала на таквите дека можат да сторат нешто за заедницата како формално образовани личности, и со тоа му сторила зло. Таквиот изгубил години во школување, а тој требало уште веднаш да биде таксист или нешто друго за кое имал дарба. Има луѓе сакаат да бидат таксисти, таа работа им годи и успеваат нормално да заработат. Тој кој сакал да биде машински инженер, а завршил како таксист треба да се праша колку бил за таа наука.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.899
Сите кои што ја напуштиле својата земја и својот народ се губитници. Ако некој отишол привремено надвор, но тоа го сторил за некоја идна полза за заедницата на која и припаѓа, може да се разбере. Тие кои трајно се одвоиле колку и да успеале во приватниот живот секогаш ќе бидат губитници. Затоа што ниедно вртење на грбот и напуштањето на полето на битката не донело победа.
Животот е борба и прекрасно е што е така. Страшливците бегаат и се правдаат. Се гордеам што сум во малобројниот македонски народ кој покажа невидена цврстина во исклучително тешки времиња како од памтивек така и во изминативе две децении. Останавме овде, како Македонци и ја зачувавме верата во Господ. А која друга духовно-културна и национална битка е на Македонецот. Битката за Германија, Австралија, Шведска...??? За кого и за што?
Настрана од политичарите и дел од побогатите, сите други Македонци во Македонија се херои за се она кое го поднесуваме! Тие кои се надвор барем би покажале поштеност ако споменатите 2 вистини ги признаат. Дека се дезертери и дека треба да им се честита на оние кои останале овде на самото место на тешка животна битка. Ако се поштени и искрени...
aG4yJ.gif
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Не сум сигурен дека си во право, бидејќи и двата збора можат да се користат во македонскиот јазик. Но дури и кога би била во право: ајде ќе го цедиме комарецот, а ќе ја голтаме камилата кога не можеме да дадеме друг приговор.
Што приговори да ти дадам, колку повеќе те читам, толку повеќе сум убедена дека кај тебе завршија сите оние 80 саксии на Кили! :pos:

И не се срами, уште чекам да споделиш која министерско преродбеничка фотеља ја грееш. Оти само ним им е волку убаво во Македонија и свршаваат од преродбенички муабети, со наместени зделки и тендерчиња под маса како бонус.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom