Купопродажба на недвижности во Скопје

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
види факт е дека сите недвижнини генерално ќе паднат. Тоа е најнормална работа. Па после ќе се креваат пополека со тек на време па за десеттина години можеби и ќе го достигнат денешното ниво. Ама зборуваме за сите генерално. Тоа значи дека едни цени ќе паднат повеќе додека други и може да пораснат. Плус тоа кај и да е мора и економијата надвор да се опорави (за извоз зборувам пошо домашниот пазар ќе си остане трајно на ниско ниво). Значи во строг центар добра градба не верувам дека може на краток рок да изгуби повеќе од 5%. На долг секако ќе расте цената.
А за кладба, ти предложи мене не ми текнува во моментов
Може по две заушки? :)
 
Член од
19 септември 2013
Мислења
30
Поени од реакции
6
Добро ќе паднат. Но што правиме со големата понуда, како тоа ќе се реши? По западноевропските земји се решава овој проблем со планското градење, и менаџирање на градежното земјиште. Дури скандинавските земјси креираа и нови насоки на градежните факултети за менаџирање на урбано уредување, па сето ова се изучува таму.

А Скопје ќе си тапка во место.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
329
Поени од реакции
218
Може по две заушки? :)
Не може :)

Добро, паѓаат цените итн. Сепак стан на добра локација засега си останува најисплатлива инвестиција. Не за друго пошо нема услови за никаква друга инвестиција.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.754
Поени од реакции
4.524
Не смее да падне цената како тоа не смее?
Во економија не постои такво нешто има закон на понуда и побарувачка и тоа е тоа.
Доколку има потреба од нови станови цената ќе расте во спротивно ќе опаѓа.

П.С Цената може вештачки да се оддржува некое време, но на крај балонот мора да пукне.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.438
Поени од реакции
5.485
Auf pa vie ne ste zdravi....Sega otkopav edna tema po internet....Pa toa Skopje se gradi gradi gradi...uste kolku li ke se polni be toj grad...auuuu strasno!
 
Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
506
Поени од реакции
288
Цените на недвижности се енормно високи во Македонија, без разлика кај и да е. Охрид едно време достигна до 1200 еур м2, сеа падна на 800, реално требит 600. Скопје реално цената треба да е 700 еур максимум, 900-100 во екслузивни објекти.
Неможе на средна плата од 250 еур да продаваш стан 1000 еур м2. Па ни за 50 години нема да може да се отплати со редовни примања.
Еве на пример Бугарија, реално имаат повисоки примања од нас скоро дупло. Стан во центар Пловдив е 400-450 еур м2. Има и за 350 еур. Софија е нешо малце поскапа.
А платите им се мин 500 евра. Стан од 100 м2 можеш да купиш за 35-40 000 во центар. Кај нас со тие пари ГАРСОЊЕРА во предградие.
Солун има поефтини станови отколку Скопје.
Реално на градежните компании м2 ги кошта до 200 до 250 еур м2 вклучувајки ги сите можни трошоци. Без разлика дал е Скопје или Пробиштип градежните материјали се иста цена, горе долу и работната рака. Разликата е во земјиштето само. Па видете кој е ќарот сеа
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Провинцијалци ...а :facepalm:

Интересно :)
Омг, колку сте ми интересни што се вреѓате од зборов.
Јас сум провинцијалка, не гледам што има тука навредливо? Потекнувам од провинција, да.
Исто како што човек кој потекнува од село е селанец, факт.
Грижи се кога некој ќе те нарече глуп, а не ова.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
околу купување стан за рентање/праење пари.
орочи 30 000 евра во штедилница на 3 години и ќе зимаш секој месец по 12000 денари
купи стан од 60 000 евра и рентај го за 15000 денари
и мисли се секој месец дали ќе платат и дали ќе имаш цело време станари.
 
smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.700
Поени од реакции
288
Да можеби ќе паѓаат цените на недвижностите во Скопје, и сега се во благ пад, ама во Јурија, Ново Лисиче, Кисела Вода и слични проградски населби кои јас не ги рачунам за релевантни и меродавни кога се дискутира за цени на недвижнини во Скопје.

Маломорген што ќе паднат во строг Центар, Водно, Тафталиџе, Капиштец. Зашто? Локација и квалитет на градба (читај постари градби) и просторно планирање - паркчиња, паркинг простор, продавници. Во нова градба нејќете да влезете - ефтина дограма, врати, патос, глуп распоред со коси соби, изработено без внимание на детали.

Тоа за постот над мене со орочување на парите во денари сум го чул многупати, само еден детал заборавате - што ако рокне девалвација? Инфлација? Хиперинфлација? Дури и да не се случи ниедно од можните сценарија (инфлацијата е неизбежна, а како што се најавува и ќе биде поголема во наредниве години), денешната вредност на парите со идната вредност на парите не е иста, наспроти таа на недвижнините.

Мое мислење е дека секоја населба во Скопје треба да си има своја цена која би била предмет на дискусија, па колку пари толку музика. Генерална цена не врши работа бидејќи има гооолема разлика меѓу најниската и највисоката. И јас сакам стан на Водно за 600 евра квадрат ама нема.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
околу девалвацијата...
примерот со цената од 1200 евра квадрат на 1090 евра квадрат. колку девалвација е тоа?
колкава беше девалвацијата на денарот? 17%
значи станот девалвираше за 1 година цирка 15%.
денарот девалвираше 17% пред 16 години официјално,без "ползечката инфлација".
ако има хиперинфлација мислиш дека некој ќе купи стан?и парите и станот ќе изгубат вредноста од хиперинфлацијата
 
И секоја година година становите мислиш ќе девалвираат? За 15%? Не. Како паѓаат цените сега, така после некое време ќе растат.

При хиперинфлација со парите можеш:
a. Да се грееш (да ги запалиш)
б. Да ги користиш во ВЦ

Во станот можеш да живееш. Незнам што поише од ова.

Изгледа и ти забораваш еден детаљ, што ако рокне 7+ степени по Рихтер?
Веројатноста на тоа е многу помала од веројатноста на девалвација, инфлација или хипеинфлација.
 
Член од
15 мај 2012
Мислења
117
Поени од реакции
79
Омг, колку сте ми интересни што се вреѓате од зборов.
Јас сум провинцијалка, не гледам што има тука навредливо? Потекнувам од провинција, да.
Исто како што човек кој потекнува од село е селанец, факт.
Грижи се кога некој ќе те нарече глуп, а не ова.
Aма не , не е така...
Нас што сме си од село перфектно ни одговара се што Вас во Метрополата ви одговара...
Ние таму само доаѓаме....гледаме дали Железара & Цементара уште си чурат и си се враќаме назад...во провинција :)

Инаку во склоп на темата...во нашиот ни сакан град во Провинција, новите станчиња се движат од 550 до 670 еури...кај постарите станчиња сидро е 500 еури +/- 10 % во зависност од локацијата и кондицијата...!

Поздрав & Ноу хард филингс :)
 
Член од
19 септември 2013
Мислења
30
Поени од реакции
6
Ја отворив темата да се дебатира. Вие многу излегувате од нејзините граници. Неколкупати јасно кажав не сакам никого да навредам, а се надевам и вие не го посакувате истото. Затоа ве змаолувам да дебатираме по темата и да се движиме по две насоки

1 - Цена
2 - Решение на хаосот на пазарот со недвижности

Јас пак ке повторам има многу фактори. И јас сакм стан за 500 евра по м2, ама нема и тешко дека ќе има. Но со овие изјави по медиуми само се стрвара хаос дополнителен. Сегха многумина ги познавам што имаат некое евро на страна па сакаат за 30 000 до 35 000 да купат стан во Скопје од 50 до 60 м2. И убедени се дека ќе купат.

Да оставиме висока економија на страна, да не навлагаме во тие насоки. Кој од вас би си го проддал станот за оваа цена? Што после, тргнете од себе (да пазарна економија е, понуда побарувачка се разбирам) ама секој си го цени својот имаот. Па дури и на периферија на Скопје неможе да се најде стан за овие пари.
--- надополнето: 21 септември 2013 во 00:21 ---
Да можеби ќе паѓаат цените на недвижностите во Скопје, и сега се во благ пад, ама во Јурија, Ново Лисиче, Кисела Вода и слични проградски населби кои јас не ги рачунам за релевантни и меродавни кога се дискутира за цени на недвижнини во Скопје.

Маломорген што ќе паднат во строг Центар, Водно, Тафталиџе, Капиштец. Зашто? Локација и квалитет на градба (читај постари градби) и просторно планирање - паркчиња, паркинг простор, продавници. Во нова градба нејќете да влезете - ефтина дограма, врати, патос, глуп распоред со коси соби, изработено без внимание на детали.

Мешаш населби и локаџии, Кисела Вода која што е на 10 мин пешки од ПЛОШТАД не е исто со Јурија и Ново Лисиче, како што Ново Лисиче не е исто со Аеродром или Автокоманда.

Што се однесува до градбата тоа си во право тсарите градби се подобри од секој апсект.
--- надополнето: 21 септември 2013 во 00:23 ---
Да можеби ќе паѓаат цените на недвижностите во Скопје, и сега се во благ пад, ама во Јурија, Ново Лисиче, Кисела Вода и слични проградски населби кои јас не ги рачунам за релевантни и меродавни кога се дискутира за цени на недвижнини во Скопје.

Маломорген што ќе паднат во строг Центар, Водно, Тафталиџе, Капиштец. Зашто? Локација и квалитет на градба (читај постари градби) и просторно планирање - паркчиња, паркинг простор, продавници. Во нова градба нејќете да влезете - ефтина дограма, врати, патос, глуп распоред со коси соби, изработено без внимание на детали.

Тоа за постот над мене со орочување на парите во денари сум го чул многупати, само еден детал заборавате - што ако рокне девалвација? Инфлација? Хиперинфлација? Дури и да не се случи ниедно од можните сценарија (инфлацијата е неизбежна, а како што се најавува и ќе биде поголема во наредниве години), денешната вредност на парите со идната вредност на парите не е иста, наспроти таа на недвижнините.

Мое мислење е дека секоја населба во Скопје треба да си има своја цена која би била предмет на дискусија, па колку пари толку музика. Генерална цена не врши работа бидејќи има гооолема разлика меѓу најниската и највисоката. И јас сакам стан на Водно за 600 евра квадрат ама нема.
Мешаш населби и локаџии, Кисела Вода која што е на 10 мин пешки од ПЛОШТАД не е исто со Јурија и Ново Лисиче, како што Ново Лисиче не е исто со Аеродром или Автокоманда.

Што се однесува до градбата тоа си во право тсарите градби се подобри од секој апсект.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Ја отворив темата да се дебатира. Вие многу излегувате од нејзините граници. Неколкупати јасно кажав не сакам никого да навредам, а се надевам и вие не го посакувате истото. Затоа ве змаолувам да дебатираме по темата и да се движиме по две насоки

1 - Цена
2 - Решение на хаосот на пазарот со недвижности

Јас пак ке повторам има многу фактори. И јас сакм стан за 500 евра по м2, ама нема и тешко дека ќе има. Но со овие изјави по медиуми само се стрвара хаос дополнителен. Сегха многумина ги познавам што имаат некое евро на страна па сакаат за 30 000 до 35 000 да купат стан во Скопје од 50 до 60 м2. И убедени се дека ќе купат.

Да оставиме висока економија на страна, да не навлагаме во тие насоки. Кој од вас би си го проддал станот за оваа цена? Што после, тргнете од себе (да пазарна економија е, понуда побарувачка се разбирам) ама секој си го цени својот имаот. Па дури и на периферија на Скопје неможе да се најде стан за овие пари.
--- надополнето: 21 септември 2013 во 00:21 ---

--- надополнето: 21 септември 2013 во 00:23 ---

Мешаш населби и локаџии, Кисела Вода која што е на 10 мин пешки од ПЛОШТАД не е исто со Јурија и Ново Лисиче, како што Ново Лисиче не е исто со Аеродром или Автокоманда.

Што се однесува до градбата тоа си во право тсарите градби се подобри од секој апсект.
Мислиш дека никој не би продал за тие пари ?
Зортот чуда прави, реално кажано недвижностите со годините и губат на цена, не ти е ова некоја западна економија каде што поединци кој изнајмуваат станови поседуваат цели станбени блокови па се доволно моќни да излобираат некој закон, ситна риба се сопствениците на станови во скопје, поготово ко земеш во предвид дека со 30000 евра ќе купиш плац и ќе направиш куќа од 100 м2 со двор во околината на скопје тогаш ќе ти биде јасно дека станот не ти вреди ни упола од тие 30 000 евра поготово сега кога инфраструктурата дозволува за 15 минути да бидеш од катланово до плоштад или од ѓорче, умреа времињата кога десет минути од плоштад значеа нешто.
Водовод и канализација сегде се спроведува, банки, банкомати,амбуланти,маркети, имаш насекаде телефон одамна има башка што и сите фирми се селат надвор од центарот.Цената не ја одредуваш ти ја одредува побарувачката ти можеш и 2000 евра да бараш по квадрат ама нема да продадеш и ќе ти седи така се до оној момент додека не бидеш спотеран у ќоше и сакал нејќел ќе мораш да го продадеш, да не ги спомнуваме какво влијание имаат зголемените даноци, комуналии, задолжителното плаќање на парно во зградите кој биле приклучени на мрежата, паркингот кој што се наплаќа да не набројувам, на становите ништо веќе не им оди во прилог ама баш ништо.
Пустиот инат јас мислам дека толку вреди и не го давам за помалку не ви помага ама ич.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom