Да можеби ќе паѓаат цените на недвижностите во Скопје, и сега се во благ пад, ама во Јурија, Ново Лисиче, Кисела Вода и слични проградски населби кои јас не ги рачунам за релевантни и меродавни кога се дискутира за цени на недвижнини во Скопје.
Маломорген што ќе паднат во строг Центар, Водно, Тафталиџе, Капиштец. Зашто? Локација и квалитет на градба (читај постари градби) и просторно планирање - паркчиња, паркинг простор, продавници. Во нова градба нејќете да влезете - ефтина дограма, врати, патос, глуп распоред со коси соби, изработено без внимание на детали.
Тоа за постот над мене со орочување на парите во денари сум го чул многупати, само еден детал заборавате - што ако рокне девалвација? Инфлација? Хиперинфлација? Дури и да не се случи ниедно од можните сценарија (инфлацијата е неизбежна, а како што се најавува и ќе биде поголема во наредниве години), денешната вредност на парите со идната вредност на парите не е иста, наспроти таа на недвижнините.
Мое мислење е дека секоја населба во Скопје треба да си има своја цена која би била предмет на дискусија, па колку пари толку музика. Генерална цена не врши работа бидејќи има гооолема разлика меѓу најниската и највисоката. И јас сакам стан на Водно за 600 евра квадрат ама нема.