Е, е, е чекај малце. Како не била за него Трајанка? Од кај знаеш? Он дефинтивно не бил Трајан за неа, ама обратното од приказната не може да се заклучи. Друга работа-Демек бракот е гаранција за нешто? Онака (ова не беше кажано во приказната но да претпоставиме дека било така) од нигде никаде ти доаѓа некој и после кратко време ти вика-Јас сакам да те женам, and that's it? Тоа е рецептот, така лесно се паѓа и се напушта 5 годишна врска? Да знам како да настапам со оние што ќе ми фатат око а имаат долгогодишни врски
(сфатив дека има секакви идиоти па да си кажам-Се шегувам).
Бракот не е гаранција за ништо. Денес пред матично, утре алиментација. И браковите и врските пропаѓаат поради илузијата на сопственост која ја имаш споменато и поради тоа што партнерите си се земаат премногу здраво за готово. Ако нешто добро произлегува од правилото - никој не е незаменлив, тоа е дека никогаш, ама никогаш не треба партнерот/ката да се зема здраво за готово, како тривијална работа. И поради тоа треба и обајцата да вложуваат во релацијата и да се трудат истата да опстои.
Апропо приказната...
Извини, ама која е сврхата да се влечкаат со години, таа чека, тој ништо, се размислува и премислува бетер од баба која брои ситни парички на каса. Што треба, девојката да влезе во климакс и косата да и обеле дур тој се одлучи?!
Познавам случај каде е раскината 7 годишна врска која не водеше никаде. Девојката го остави, се запозна до друг и после 3 месеци се зедоа. Денес имаат две деца. Првин ја осудував, но кога подетално ја сфатив ситуацијата, сфатив дека секоја приказна има две страни. Неговата и нејзината. Затоа не можам да судам, ниту пак сакам. Секое "зошто" си има свое "затоа".
Да, бракот е голем ризик, но на крајот на краиштата, што не е ризично во животот? Уште повеќе е ризик ако е релативно тазе врска. Но,ако си со некого со години, го/ја знаеш како дише, и пак како педер ќутиш (нека ми извинат гејовите) и абер немаш да направиш нешто, епа јебига. Ако ти си кукавица, не значи дека и некој друг е. Работава е, ем не ја гризе коската, ем не ја дава на друг. Епа не може и едно и друго, некојпат човек треба да пресече и да се одлучи.
--- надополнето: 15 септември 2013 во 23:34 ---
Телото суди многу пред умот. Потоа доаѓаат рационализациите. Темата е скроз без врска. Демек, бираме и размислуваме. Ветар на магла. А дури и кога би бирале, кои се критериумите кој за кого е премија во една врска?
Сум видел ситуации кога една иста девојка за еден била принцезата од соништата, а за друг само уште една девојка. А првиот, по моите критериуми бил многу подобар избор за жена од вториот.
Токму така, луѓето по природа не се разумни суштества, а особено не во љубовните односи
. Да беа, ќе се поштедеа од многу нервози, болки и страдања. Ама, па тогаш не би биле луѓе
Околу второто болдирано, beauty is in the eye of the beholder. Toa што за тебе е дијамант, за некој друг е тиња и обратно. Се е субјективно и релативно, па и љубовта. Како инаку ќе видите заедно некои двајца за кои ни на сон не би можеле да претпоставите дека ќе завршат заедно?