Партнер/ка со повисока или пониска цена

Член од
3 јуни 2013
Мислења
329
Поени од реакции
218
Пред да ме нападнете зборот цена е употребен метафорички.
Прашањето ми е: Дали би биле со дечко, девојка, маж или жена кој е поубав/а, попаметен/а, повеќе заработува од вас итн... Или тоа би ви сметало?
Колку мислите дека овие работи се важни и влијаат врз една врска?
Дали може на тоа некако да се влијае?

За почеток ќе дадам едно кратко мислење. Не ми смета да сум со поубава или попаметна женска, али ако заработува повеќе од мене е тој срам не би го издржал - значи раскин.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Биди среќен да најдеш добра девојка бидејќи веројатноста денес да запознаеш нормална девојка
е еднаква на веројатноста да видиш еднорог... :icon_mrgr: Мала шала инаку што се однесува ако најдеш добра девојка дали таа е попаметна или пак поубава,има повеќе финансии не игра некоја значајна улога во врска бар за мене тоа воопшто не игра улога битно ми е да има нешто помеѓу нас поврзаност. парите и не се битни толку сепак ако и 2 партнери имаат заеднички планови каде што и двајцата ќе вложуваат без разлика тоа што едниот помалку другиот повеќе како и да е тоа ќе биде и за двајцата. моабетот ми е финансиите не се толку важни битното е да се има заеднички јазик и поврзаност,разбирање во врската другото се ќе си дојде како што треба само по себе...
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.737
Поени од реакции
18.483
Чекај малце, нели светот/општеството се стреми кон полова еднаквост, како сеа одеднаш стана срамота едниот партнер да заработува повеќе, или да е по привлечен? :rolleyes:
 

Shemsa

Певаљка
Член од
2 октомври 2012
Мислења
174
Поени од реакции
285
За почеток ќе дадам едно кратко мислење. Не ми смета да сум со поубава или попаметна женска, али ако заработува повеќе од мене е тој срам не би го издржал - значи раскин.
За ова има одличен иљач, се вика заедничка сметка во банка. Кога парите одат на едно место, и се расфрлаат за секакви можни трошоци, брзо се заборава кој јаде и кој плаќа. Тоа ти овозможува да и ја намалиш заработката, со тоа што на пример ќе ги трошиш парите од заедничката сметка по кафани, певаљки и слични забавни активности. За кратно време ќе станете еднакви, како во највлажните социјалистички соништа.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
329
Поени од реакции
218
За ова има одличен иљач, се вика заедничка сметка во банка. Кога парите одат на едно место, и се расфрлаат за секакви можни трошоци, брзо се заборава кој јаде и кој плаќа. Тоа ти овозможува да и ја намалиш заработката, со тоа што на пример ќе ги трошиш парите од заедничката сметка по кафани, певаљки и слични забавни активности. За кратно време ќе станете еднакви, како во највлажните социјалистички соништа.
Е да знаеш која контрола може да ти ја прави на тој начин. Ќе погледне што (и каде) се си плаќал со картичката и ќе те праша: ,, Кој испил 10 пива на 15ти прошлиот месец?,,
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Најдобро е еднакво и треба да се избегнуваат долготрајни врски или бракови каде што нема еднаквост.
Не само во однос на заработката туку во однос на се друго
Најповолни се врските кога партнерите се на еднакви години, со еднаков степен на образование, потекнуваат од еднакви социјални слоеви, се со еднаква културна и религиозна определба, имаат еднакви приходи, имаат заеднички пријатели и тн.
Според мое мислење најповолни брачни партнери, се другарките и другарите од школо, од маало, комшиите, децата на фамилијарните пријатели и слично, односно тие кои однапред ги познаваме и во кои нема изгледи да се вљубиме на „ романтичен начин “.
Таквите врски не се одликуваат со „страствена заљубеност и романтичност„, но се постојани и успешни за подолг рок.
Познавам еден брачен пар кои пред да стапат во брак живееа едниот на 2 а другиот на 4 кат, во ист влез. Бракот им е одличен, имаат две деца ....
 

Shemsa

Певаљка
Член од
2 октомври 2012
Мислења
174
Поени од реакции
285
Е да знаеш која контрола може да ти ја прави на тој начин. Ќе погледне што (и каде) се си плаќал со картичката и ќе те праша: ,, Кој испил 10 пива на 15ти прошлиот месец?,,
Таа што прави толкав кеш не проверува кај отишле парите, слободно стави повеќе во деколтето на певаљката.
 
Член од
6 февруари 2009
Мислења
496
Поени од реакции
462
Druze nekoj namerno bara taa da zarabotuva poishe!! Vikaat se zbogatil so ku..t za takvite! Ushe ako ti se pogodi ubava...taman
Eve na primer " prof dr. Bojo Andrevski" :) si kupi 2 zeta i prezimeto NEGOVO odnosno na zenata go zemaa...toa e toa
Nekoj raskin nekoj mudata pod kirija za cel zivot
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Јас сепак мислам дека најдобро е да се најде некоја златна средина, односно цените (метафорички) на двајцата партнери да се приближно еднакви. Зошто? Па еве, барем според мое искуство, што се дешава во вакви ситуации:
1) Партнерот е многу по(убав/паметен/образован/богат...) од мене
Во ваква врска јас би се осеќала инфериорно и несигурно, дури и ако во принцип сум особа со голема самодоверба. Постојано би се прашувала што видел тој во мене, дали бргу ќе му се здосадам, дали ќе ме остави за некоја по(убава/паметна/образована/богата...) и дефинитивно тоа не би била здрава врска.Уште па ако се погоди некој партнер што ужива да си го билда егото на тој начин... :cautious:
2) Партнерот е многу по(непаметен/необразован...) од мене
Овде го исклучив финансискиот аспект, бидејќи не би ми пречело доколку партнерот заработува помалку од мене. Исто така физичкиот изглед не ми е пресуден, а секако доколку сметам дека партнерот ми е грд, истиот не би ми бил партнер. Што се однесува на останатите два аспекти, не верувам дека би успеала врска во која партнерот е на многу пониско интелектуално ниво од мене, од причина што едноставно бргу би ми здосадил. Ми треба партнер со кој што ќе можам да разговарам и да дискутирам на теми кои не се сведуваат на „Што да јадеме?“, „Каде ќе одиме вечер“ и сл. Значи не мора да е некој Ајнштајн, па дури не мора ни да е високо образован, ама и те како мора да е паметен, остроумен и сестран човек со добра смисла за хумор.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Не ми смета да сум со поубава или попаметна женска, али ако заработува повеќе од мене е тој срам не би го издржал - значи раскин.
Материјалиста :) Се зезам, а можит и не ;)
Не е поентата дали таа заработува повеќе од тебе, туку дали го покажала и злоупотребила тоа.
Како и да е, денешницава има многу успешни жени кои со право го диктираат темпото на живот кај партнерот.
Не е тоа доминација, туку преземање на обврските и адаптација во опшеството.
Хармонија постои.. и полова еднаквост.. Но факт е дека жените тоа го научија на потешкиот начин. што не ги уби, ги напрај посилни.. во време кога голем дел од мамините синчиња, се изгубија во транзицијата и чекаа наследството да падни од на таван. :pipi:
Да е партнерката поубава од нас, е сон и желба на секое машко. Нема ваљда да посакувам да сум поубав од неа. Прашање е колку тоа е оправдано, кога ќе се погледнеме во огледало. Истото и за нив важи.
Кога сме кај мудроста, мислам дека не пости зборот попаметен/попаметна во речникот кај луѓето. Секој е попаметен од секого.

Заклучок.. Дали би ми сметало да е попаметна, поубава и да заработува/има повеќе од мене? НЕ, не ми смета да имам бујна фантазија,
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.146
Поени од реакции
16.080
Убаво се вика за се во животот дека ти треба златна средина.

Не ме интересира колку е богат, т.е колку се мајка му и татко му богати, туку колку тој истиот е амбициозен и сака да направи нешто од себе во животот.
Под тоа подразбирам образование, факултет и работа во кој се пронаоѓа, во која ќе може да се надоградува. Таков човек е само по себе паметен и се грижи за иднината.
Мразам неамбициозни луѓе, значи не можам да ги поднесам, не се наоѓам на иста бранова должина со нив. Луѓе кои се задоволуваат со помалце, а можат многу повеќе да направат.
Со нискоинтелигентни не пронаоѓам заеднички јазик, не знам што муабет да направам со нив, а камоли да почнам било што со таков.
Значи, барам некој сличен на мене, па сега ако е попаметен или заработува повеќе нема да ми биде гајле.

За убавината, таа е секогаш релативна работа, оти може јас да го сметам за лепотан, а во други очи јас да бидам многу поубава од него. А и тие ептен убавите типци некако не ме ни привлекуваат, така што, тешко да е поубав од мене. :D
 
Член од
19 јуни 2012
Мислења
404
Поени од реакции
417
Јас сепак мислам дека најдобро е да се најде некоја златна средина, односно цените (метафорички) на двајцата партнери да се приближно еднакви. Зошто? Па еве, барем според мое искуство, што се дешава во вакви ситуации:
1) Партнерот е многу по(убав/паметен/образован/богат...) од мене
Во ваква врска јас би се осеќала инфериорно и несигурно, дури и ако во принцип сум особа со голема самодоверба. Постојано би се прашувала што видел тој во мене, дали бргу ќе му се здосадам, дали ќе ме остави за некоја по(убава/паметна/образована/богата...) и дефинитивно тоа не би била здрава врска.Уште па ако се погоди некој партнер што ужива да си го билда егото на тој начин... :cautious:
2) Партнерот е многу по(непаметен/необразован...) од мене
Овде го исклучив финансискиот аспект, бидејќи не би ми пречело доколку партнерот заработува помалку од мене. Исто така физичкиот изглед не ми е пресуден, а секако доколку сметам дека партнерот ми е грд, истиот не би ми бил партнер. Што се однесува на останатите два аспекти, не верувам дека би успеала врска во која партнерот е на многу пониско интелектуално ниво од мене, од причина што едноставно бргу би ми здосадил. Ми треба партнер со кој што ќе можам да разговарам и да дискутирам на теми кои не се сведуваат на „Што да јадеме?“, „Каде ќе одиме вечер“ и сл. Значи не мора да е некој Ајнштајн, па дури не мора ни да е високо образован, ама и те како мора да е паметен, остроумен и сестран човек со добра смисла за хумор.
Браво бе девојче <3 голема почит за таквите како тебе што размислуваат (y) :love:
--- надополнето: 15 септември 2013 во 11:13 ---
994334_10151894069340482_160388533_n.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom