Мистерот на Кајгана Правниче. Да жени, тоа е најубавиот лик на Кајгана кој куца од другата страна на тастатура. И не само што е убав него и внимателен, прав џентламен. Што би рекле постарите, секоја мајка би го посакала за зет.
Настрана од убавината да почнеме со анализата. Правниче долго не пишуваш на Кајгана, но имам да споделам сепак мислење за тебе, ова ќе излезе лично, но нема да ми замериш.
Ми стоиш за лик кој имал големи амбиции кога студирал. Мислам дека животот те научил само на фини нешта, фино воспитан се гледа дека многу внимавале на тебе како мал. Те уверувале дека ќе бидеш најдобар и најуспешен, те очекува блескава иднина, но заборавиле дека те родиле во Македонија. Дете полно со амбиции и високи оценки, доаѓа во контакт со реалноста. Работа колку да се рече дека нешто се работи, примањата секакво подценување. Филмот кој дотогаш си го возел во глава верувам се распукнал на милион делчиња. Останале само зборовите, делата ги нема. Каде и да погледнеш ги гледаш успешните колеги. Твојата работа никако да тргне напред, волонтерски не се обезбедува добар живот. Она што е добро што не се откажуваш, макар и знаел дека на слепо пукаш. Важно е да се заработи.
Некако го чувствувам во последно време твојот крик. Не е ова она што го очекуваше од себе си, не е ова она што го очекуваа од тебе. Те сруши реалноста на колена. Те сруши системот, опкружувањето.
Некаде прочитав дека сакаш да бегаш од државава. Ти посакувам успех во тоа и немој да се срамиш да почнеш од нула. Тоа е секаде така и неколку пати во животот може да ти се случи.
Каков си и што си, ќе мора да те фалам само. Овде ти ја гледам само слабоста.
кафанасекакоастишшомиегајле.