Лик на тапет: Лигеја
Ова е девојката која ја запознав лани во бурни времиња.
Треба да ја анализирам од постови, без да мешам приватност и лични заклучоци. Тоа ќе оди навистина тешко, но ќе се обидам.
Лигеја има две страни. Првата страна никад не сум и ја видела, само сум и ја прочитала. Дел во ветернинарно катче каде се расправа за животињи, дел во литература и уметност каде пишува поезија, дел од нејзиниот лик се наоѓа во филозофија и дел е распрснат во боеми, дами и сваштологија. Колку конфузни тематики за мојот мозок и интереси. Ми изгледа како да го читам Рејзи, само во женско издање:
Лигеја со свој поетски израз на изразување љубов:
Мислам кој разбра разбра, јас сигурно ништо не разбрав. Али важно се изнасмеав за флекава на ќилимот и пиперките на селскиот балкон склопени во пост во врска со љубовта. Нормално некој да не ја познава и само да ја чита ќе се запраша на што дроги е малава.
Може да се префрлам на втората страна од Лигеја која ја разбирам. Таа почнува со зборовите: Кај си пичкати ќорава?! Каков почеток на вториот дел од приказната кој нема да ви го раскажам во детали по изминати стотици километри во ноќна вожња, буквално лежење од смеа по улици, присустно на чудни места, приказни за раскажување на внуци. Ја барам неа низ постовите али не се споделила, па нема ни јас.
Она што го забележав, а е во делот критика е непостојани мислења. Има мал број на постови али овие се интересни за љубовта. Ако ги анализирам сите до еден, еден со друг се доста различни. Емоциите преминуваат од „љубов блика, птиците пеат и совршено е се“ до:
Па повторно одново сложувалки и букет рози до ѕвездите. За некое време повторно гитла парти.
Тоа ми зборува за предомислување. Но сепак се емоции во прашање, така да замижувам во карактерна црта.
За пријатели дава втора шанса:
До 50та подобро звучи.
Сака да си игра и одмаздува, читам нишка на хранење од мавање на шлаканица:
Само што знам дека си свесна дека резултатот е повторно ист од оној момент кога си ја почнала играта. Кога играш со емоции, секогаш си од ебаната страна запомни. И не заборавај кога си играш пресметај што може да изгуби, а што да добиеш. Ако вреди продолжи, ако вагата тежи кон губиток откажи се не вреди.
За крај не заборавај што си посака:
Среќен роденден