Хари Потер

AniMagus

ペルソナ
Член од
20 октомври 2012
Мислења
1.161
Поени од реакции
4.293
Но, кога Сибил Гаталкова проговори, тоа не беше со вообичаениот духовен и мистичен глас, туку со остри и зарипнати тонови што Хари само еднаш ги беше чул од неа:

"Доаѓа оноj што ќе има моќ да го порази мрачниот господар... ќе им се роди на оние што трипати му избегаа, ќе се роди на самракот на седмиот месец... и мрачниот господар ќе го обележи како еднаков на себе, но тоj ќе jа има моќта незнаjна за мрачниот господар... едниот од нив мора да умре од раката на другиот, затоа што ниту едниот не може да живее додека другиот дише... оноj што ќе има моќ да го порази мрачниот господар, ќе се роди на самракот на седмиот месец..."

Професорката Гаталкова што бавно се вртеше повторно тонеше во сребрената маса под неа и исчезна.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.984
Поени од реакции
5.597
Но, кога Сибил Гаталкова проговори, тоа не беше со вообичаениот духовен и мистичен глас, туку со остри и зарипнати тонови што Хари само еднаш ги беше чул од неа:
„Доаѓа оној што ќе има моќ да го порази мрачниот господар... ќе им се роди на оние што трипати му избегаа, ќе се роди на самракот на седмиот месец... и мрачниот господар ќе го обележи како еднаков на себе, но тој ќе ја има моќта незнајна за мрачниот господар... едниот од нив мора да умре од раката на другиот, затоа што ниту едниот не може да живее додека другиот дише... оној што ќе има моќ да го порази мрачниот господар, ќе се роди на самракот на седмиот месец...“
Професорката Гаталкова што бавно се вртеше повторно тонеше во сребрената маса под неа и исчезна.
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
3.159
Поени од реакции
375
Ги има ли Хари Потер книгите на англиски во некоја скопска библиотека?
 

~Miss Tete~

Грофица
Член од
6 септември 2009
Мислења
25
Поени од реакции
17
Сибил Гаталкова? :pos:Ете затоа не ги читав овие книги со превод на македонски. Значи колку се нервирам со преводите. Воопшто не обрнуваат внимание на тоа како е делото преведено, туку побрзо да им помине низ раце. Па и преведувањето е уметност, бара умешност, креативност и идеи од преведувачот. Инаку ги имам читано сите делови, едно време ептен ги сакав а и сега знам да се потсетам со филмовите. Навистина единствено дело. (y) Само Снејп беше премногу запоставен во филмовите. Неговата улога беше нешто магично. :)
 

Sapphire

Persona non grata
Член од
30 јануари 2011
Мислења
935
Поени од реакции
1.559
Хари Потер дефинитивно ми го одбележа животот, ќе го паметам и ќе ги препрочитувам книгите и ќе ги гледам филмовите се дури сум жива... нема никогаш на ми здосадат.
Инаку што се однесува до книгите.. тоа не се книги.. тоа се ремек дела.. Џоана е навистина еден совршен писател кој толку убаво и топло ја раскажа приказната за Хари што невозможно е некој да не ја засака оваа приказна..
За филмовите ќе речам дека сепак не е се опфатено од книгите и нормално е дека книгите се секогаш подобри од филмовите, но сепак мислам дека и филмовите се мноооогу професионално изработени.. ликовите се апсолутно погодени.. актерите се страшна екипа. Даниел, Руперт и Ема совршено се вклопија во улогите и во вистинско светло ги доловија.. секоја му чест.. Филмовите се епски во секој поглед..
Навистина ова е нешто посебно и НЕ САКАМ да слушнам никакви критики, на оние на кои не им се допаѓа Хари Потер сигурно не имаат прочитано ниту една цела книга... затоа што невозможно е кога ќе ја прочиташ да не ја засакаш и затоа не прифаќам никакви критики од хејтање поради популарност.
И благодарам на Џоана што го создаде Хари и што не внесе во еден сосема поинаков свет за кој секогаш ќе сонуваме... и не е само тоа, во овие книги има нешто повеќе од само фантастика.. има многу поуки за животот, љубовта и пријателството.
Како и да се рече.. вредат за која секунда потрошена читајќи. ;)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Ја прочита некој новата книга на Џ. К. Роулинг?
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Ја прочита некој новата книга на Џ. К. Роулинг?
Јас ја меркам, ама некако после Casual Vacancy немам толку ентузијазам за уште 500 страни од Роулинг.

Од коментарите на Goodreads има добра оценка, ама многу спомнаа дека слободно можела да скрати 100-150 страни. Ќе ја читнам јас во блиска иднина, имам 2-3 книги на ум кои сакам прво да ги прочитам, па после може да ја фатам таа.
 
Член од
20 јули 2011
Мислења
576
Поени од реакции
203
Дали кај нас ја има Хари Потер на Англиски? Сите дела?
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Жената е извонреден писател. Фатив да ги читам книгите преку чиста случајност. Едно девојче пред мене во библиотека земаше една од книгите и ми даде идеја да ги фатам да ги читам. Прекрасно, немам коментар. Ретко да може да најдете книга во која би се заљубиле и деца и возрасни. Која фантазија само треба да ја поседувате за да создадете толку делови во детали и да ја доловите приказната на таков начин. Јас сум сигурна дека ќе ги препрочитам уште по еднаш книгиве во некоја друга прилика, а сигурно и дека ќе ги купам штом ми се пружи прилика. Дури не ми пречи ни што ги изгледав филмовите пред да ги прочитам книгите. Ниту еден филм не може целосно да го пренесе светот кој Роулинг го опишува во книгите за Хари.

Ако морам да бирам тогаш Фред и Џорџ ми се омилените ликови. Ама ако морам. :)

Ова за македонскиов превод влеговме во дебата со неколку луѓе и уште не сум на чисто околу Загубенковски, Лошотковски итн итн. Мора да се земе предвид дека се првично наменети за деца и преводот мора да соодвествува за да ја направат потребната асоцијација за ликовите.
 

Sapphire

Persona non grata
Член од
30 јануари 2011
Мислења
935
Поени од реакции
1.559
http://kajgana.com/dzk-rouling-podgotvuva-spin-na-svetot-na-hari-poter

Што ќе биде сега ова, нов филм за Хари Потер или што? Оваа Роулинг изгледа малце се обогати од 7-те филма.. уште не и се наполнија џебовите.
Ајде да видиме што ќе виде ова.. а знае некој дали ќе биде со истите актери? :cautious:
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
http://kajgana.com/dzk-rouling-podgotvuva-spin-na-svetot-na-hari-poter

Што ќе биде сега ова, нов филм за Хари Потер или што? Оваа Роулинг изгледа малце се обогати од 7-те филма.. уште не и се наполнија џебовите.
Ајде да видиме што ќе виде ова.. а знае некој дали ќе биде со истите актери? :cautious:
Јас малку се разочарав кога дознав, ми нема смисла веста.
А тоа за обогатувањето мислам дека нема врска - доволно е да напише ново продолжение и ќе си го дуплира богатството. Мислам дека ова и е само нов предизвик.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
http://kajgana.com/dzk-rouling-podgotvuva-spin-na-svetot-na-hari-poter

Што ќе биде сега ова, нов филм за Хари Потер или што? Оваа Роулинг изгледа малце се обогати од 7-те филма.. уште не и се наполнија џебовите.
Ајде да видиме што ќе виде ова.. а знае некој дали ќе биде со истите актери? :cautious:
Нема да биди поврзано никако со старите актери. Читај серијалите ќе бидат 70 години пред Хари Потер и ќе се осврнат на Magical Beasts. Ако ти смета дека си ги полни џеповите не ги гледај незнам зошто исфрустрирано делуваш. И Роулинг не се обогати од ОСУМТЕ филма туку од СЕДУМТЕ книги. Ова ќе биди прв филм кој ќе има сценарио напишано од Роулинг.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom