AniMagus
ペルソナ
- Член од
- 20 октомври 2012
- Мислења
- 1.161
- Поени од реакции
- 4.293
Но, кога Сибил Гаталкова проговори, тоа не беше со вообичаениот духовен и мистичен глас, туку со остри и зарипнати тонови што Хари само еднаш ги беше чул од неа:
"Доаѓа оноj што ќе има моќ да го порази мрачниот господар... ќе им се роди на оние што трипати му избегаа, ќе се роди на самракот на седмиот месец... и мрачниот господар ќе го обележи како еднаков на себе, но тоj ќе jа има моќта незнаjна за мрачниот господар... едниот од нив мора да умре од раката на другиот, затоа што ниту едниот не може да живее додека другиот дише... оноj што ќе има моќ да го порази мрачниот господар, ќе се роди на самракот на седмиот месец..."
Професорката Гаталкова што бавно се вртеше повторно тонеше во сребрената маса под неа и исчезна.