Крај на "златната генерација" на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата the_kop
  • Време на започнување Време на започнување
Коментаров е како овој тим да е единствен во светот кој што после добар пласман на наредниот турнир кикснале и ништо не направиле.
Турција пред неколку години беше во финале на СП сеа губат од кој најдат,и тоа со истиот тим.

Претпоставувам, тоа беше златната генерација на Турција?:гик:
 
Претпоставувам, тоа беше златната генерација на Турција?:гик:

Претпоставувам не ме сфати добро.Не мислев да потенцирам дека тој тим на Турција е нивната златна генерација или не,туку дека се дешавало репрезентации кои биле прваци или направиле големо изнанадување како нас на наредното првенство потполно да потфрлат.
Сепак сме мала земја и земја каде не се вложува многу во спортот,па и за нас претставуваше успех тоа 4то место.Достигнување кое ретко кој и да го очекуваше па затоа и оваа екипа е златна генерација за нас.
 
Не само у кошарка, у многу спортови е така. Италија и Франција играа финале на Светско првенство у фудбал, па на следното и двете си отидоа дома по групните фази. Франција беше шампион 1998, па после пак на следното си отиде дома и нишо не напраи.

Тоа е затоа што и кај Франција и кај Италија доаѓаше промена на генерации. Тоа го има кај секоја репрезентација, сега се најавува и кај Шпанците, Пујол, Чави, Виља итн. се на залезот на кариерата.

Истото сега и нас ни се случува, кога веќе најавиа повлекување Гече, Антич, Илиевски, потребно е одново создавање на скелетот во репрезантацијата. Но, бидејќи ситуацијата е мизерна, тоа ќе оди многу споро, најверојатно ваква репрезентација ќе имаме повторно за 10 години. Најоптимистички.

Лоша ти беше паралелата со Италија и Франција, нивните домашни првенства се во Топ 5 во светот, имаат едни од најсилните младински школи во светот и вложуваат многу.
 
Го избришав мислењето, кога успеа да ме цитираш...:pos:

Баш затоа што нивните домашни првенства се во Топ 5 во светот, баш затоа што имаат најсилни младински школи во светот и што вложуваат многу. Тоа ми беше муабетот. И на оние кои се секогаш на врвот (во било кој спорт) се случува да кикснат, а не па една Македонија што у ништо не може да се споредува со нив.

Јас не велам дека ова што се случи е за оправдување и дека не можеше подобро, ама дека овие дечки не заслужија да бидат фалени е далеку од тоа. И се нервирам кога се се гледа од височина и со потсмев, као демек недостојно е тоа што ги фалиме момциве, без разлика на тоа што ни пружија најголема радост.
 
Ништо за нареден успех ќе чекаме она детено наше што игра у Реал Мадрид, да порасне. Сеа има негде 10-13 години, па за едно 15на би требало да имаме врвен играч налик нешто на Бо, само работата е што дали ќе доживееме до тогаш :D

Оваа генерација, ќе се памти, и по добро и по лошо, али капа доле за сите што играа и на ова и на претходното европсско. Сите имаат удел во тоа 4то историско место, сите имаат срце за играње, ама неизбежна е и спортската дисциплина, која може беше и пресудна за неуспехот на ова европско.
 
Историските утакмици и пласман на минатото првенство од 2011 година засекогаш ќе остане запишано во Македонската Спортска Историја и во нивните имиња, исто како кога Кометал Ѓорче стана Европски Шампион ( 2001 година мислам? ) Иако годинава одиграа доста слабо и далеку под нивното ниво бидејќи знаеме дека се способни за многу повеќе, сепак пред две години ни подарија многу радости и моменти кои се доживуваат ретко во Македонија на спортска сцена бидејќи знаеме дека спортот во Македонија е ендемски вид и ако не се негува во следните генерации ќе останеме без спортисти. Зборував многу за нив, и добро и лошо, за доброто не се каам, за лошото посакувам никогаш да не го помислив и кажав но се беше искажано во моменти на нервоза и разочарување поради годинешниот слаб пласман. Се надевам дека оваа генерација засекогаш ќе биде запаметена по историските моменти од Европското Првенство од 2011 година, а не по поразите од годинешното првенство. Се надевам ќе дојдат следни генерации кои ќе бидат многу подобри и ќе ни донесат многу повеќе радости од оваа генерација. Незнам што повеќе да кажам освен дека им благодарам за сите моменти на среќа и сплотеност кои ни ги подарија, за сите моменти на љубов и среќа кои ги остварија, за срцето на терен за националниот дрес и Македонскиот народ... Ќе ја паметиме оваа генерација уште долго време, а им посакувам уште повеќе среќа во понатамошниот спортски и приватен живот! Треба и ние и тие да бидеме горди што живееме во едно исто време и каде спортот е еден од ретките начини на кои Македонците можат да се соединат и без разлика на се да се чувствуваат горди што се Македонци!
 
Го избришав мислењето, кога успеа да ме цитираш...:pos:

Баш затоа што нивните домашни првенства се во Топ 5 во светот, баш затоа што имаат најсилни младински школи во светот и што вложуваат многу. Тоа ми беше муабетот. И на оние кои се секогаш на врвот (во било кој спорт) се случува да кикснат, а не па една Македонија што у ништо не може да се споредува со нив.

Јас не велам дека ова што се случи е за оправдување и дека не можеше подобро, ама дека овие дечки не заслужија да бидат фалени е далеку од тоа. И се нервирам кога се се гледа од височина и со потсмев, као демек недостојно е тоа што ги фалиме момциве, без разлика на тоа што ни пружија најголема радост.

Јас те разбрав дека по истот тој терк како на Италијаните и Французите и ние ќе се вратиме во кошарката. :)

Но, потполно се сложувам. Многу вложуваат, огромни пари. Буквално се тепаат за секој млад талент.

Знаеш дека, кога некое дете од МК ќе прикаже игра, соседиве веднаш му нудат пасош ? Сега е тоа случај со Магдевски и Николов, за првиот, Србите се потепаа да го донесат во Партизан и понатака и пасош му понудија, но одби (мислам дека и за некоја од јуниорските екипи на Србија има одиграно натпревар). На Николов, Турците му нудеа пасош.

Сега се сетив Ерик Гордон (кошаркар во НБА) кога завршуваше средно. Важеше за огромен талент, еден од најголемите во САД. Универзитетите се тепаа за кој да го потпише, Кентаки, UCLA, DUКЕ, сите најголеми, и на крајот потпиша за Индијана.

Кај нас, немаат гајле, ако некој прикаже квалитетна игра остануваат неми. :)
 
Што ќе стане со кошарката неможе да се предвиди има доста таленти , но кја нас е побитно чие дете е од да го бива! Мене друго ме нервира новинарите наши кои сеа ќе плукат по кошаркарите и после оди сакај да играш за репрезентација истите што ги величеа сеа ќе плукат по нив. Скромната плата и други работи ги чекаат со месеци доцнење , патување со ниско буџетски компании се дополнително демотивирање за играње во репрезентација и тотално вложување во спортот , не се само изградбите на сали фали вложување во спортот ! Асални тренери , клубови спонзори итн.
 
Темата е промовирана на главната страна, мислам дека ќе биде убер-актуелна во периодот што следува...
 
се надевам одговорните ја научија грешката, избирање на правилен селектор кој ќе ги користи сите играчи од клупата и ќе им дава шанса,ќе нема недопирливи и сите ќе играат за еден тим........доста е од оваа баскетџиска распашана банда без команда која премногу влезе во небото,изгледа не го заслужи тоа......резултатите се почитуваат во континуитет,а не од едно првенство.....лично ми е жал што Пеце и Врба не доживеаја некој успех со репрезентацијата,играчи со кои се гордееше секој Македонец,а не сега на некој му пречи Антич,на друг Самарџиски,на трет Гечевски итн итн

кондициски тренер и тренер што го познава ростерот како би играче и замените добра улога во натпреварите,притисок врз другиот тим во целиот натпревар големи натпреварувања одново не се недостижни........нека му е со среќа на наследникот на Пипан,очигледно ќе го чека доста работа ако сака да дојде до успех
 
Коментар од фејсбук за нашата златна генерација...

Decki, so licna i moralna odgovornost ve uveruvam deka Jas i moe drustvo so svoi oci gi vidovme Antic, Gecevski, Maccaleb, Gurovski i Cekovski kako se krajno pijani vo 6 sabajle posle pobedata nad Srbija vo diskoteka vo Ljubljana- mesto ramno na skopska Despina (blago kazano dupka). Sramota i nepocituvanje kon site makedonski fanovi koi so srce, resursi i odvoeno vreme dojdoa da gi bodrat vo ogromen broj! Sekoja cest na poedinci (brakjata Stojanovski, Sokolov, Kostovski...), no nasite heroi ovojpat ne izneveria!!!

Оваа генерација можеше и мораше многу повеќе на ова првенство, добивме релативно лесна група, и вкрстувавме со релативно лесна група. Квалитетот на ова ЕП е никаков и сега беше шансата да стигнат до медал...

Ама алкохол и спорт заедно не идат.
 
Добро е што нема веќе оваа ''златна генерација '' да ја гледаме како изиграва Новицки во секоја ебана акција..

Перо Антич е висок 2.11 ,колку и Двајт Хауард а е дрво невидено кое мисли дека е 3-каш..цццц:facepalm:

Самарџиски -оф мори мајко е 2.14 ,дрво кое неможе да рипне под кош,дрво кое неможе да се загради за да изигра центарски,дрво ,дрво ,дрво,дрво...

Двајцата неможат да закуцаат на утакмица:facepalm:

Греота..

Едина разлика од пред 2 години и сега е константноста на Бо..
Пред 2 години на Европското немаше натпревар под 15 поени..На ова Европско кога он имаше поени над 15-16п Македонија беше блиску до победа тоа беа натправарите со Црна Гора,Србија и Бих ..кога него го нема ја нема ни Македонија.
Успехот пред 2 години лежи на негови раменици,еве сеа беше неконстантен и завршивме последни во група.

Секој што тврди дека Македонија има кошаркари,квалитет итн е тотална незналица.
 
Коментар од фејсбук за нашата златна генерација...

Decki, so licna i moralna odgovornost ve uveruvam deka Jas i moe drustvo so svoi oci gi vidovme Antic, Gecevski, Maccaleb, Gurovski i Cekovski kako se krajno pijani vo 6 sabajle posle pobedata nad Srbija vo diskoteka vo Ljubljana- mesto ramno na skopska Despina (blago kazano dupka). Sramota i nepocituvanje kon site makedonski fanovi koi so srce, resursi i odvoeno vreme dojdoa da gi bodrat vo ogromen broj! Sekoja cest na poedinci (brakjata Stojanovski, Sokolov, Kostovski...), no nasite heroi ovojpat ne izneveria!!!

Оваа генерација можеше и мораше многу повеќе на ова првенство, добивме релативно лесна група, и вкрстувавме со релативно лесна група. Квалитетот на ова ЕП е никаков и сега беше шансата да стигнат до медал...

Ама алкохол и спорт заедно не идат.

И на утакмицата потоа против Босна најдобри беа Антич и Мекејлеб, додека браќата кој не пиеле беа дупки :pos:
 
Дечки фала ви за секоја радост што ни ја приредивте,се надевам дека ќе се деси повторно некој ваков успех за нашава држава.А ние до тогаш ќе се присетувамо на Литванија 2013:(.http://www.youtube.com/watch?v=fSqs0V3VtOM&feature=player_detailpage
watch
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom