Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Една ситница ради која ќе изгледа дека цепидлачам, али во последнава сезона ми фати око тоа што големите пресврти се случуваат како резултат на некоја безначајна коинциденција или мал превид на главните ликови. Прво, Хенк дозна дека Волт е Хајзенберг откако случајно ја пронајде книгата во вц-то, и тоа смени се. Потоа Џеси кога веќе беше спремен да замине за Аљаска, сконта дека Волт го отрул Брок откако јајцеглавиот му ја дрпна ќесичка со трева од џеб. И сега во последнава епизода, Волт дозна дека Џеси ќе го исцинкари (ваљда) ради некој рандом сомнителен лик кој уствари нема никаква врска со дејството на приказната. Се разбира ББ е се уште ултраквалитетна серија и таква ќе остане до крајот ама малку глупо ми е ова, затоа што ја покажува немоќта на сценаристите умешно да ги спојат битните делчиња од приказната, па ајде ќе вметнеме некоја безначајна ситница поради која приказната ќе се сврти за 90 или 180 степени. Ми се чини и дека Винс Гилиган одамна спомна дека долго време немал појма на кој начин Хенк би го поврзал Волт со Хајзенберг.
Useless post, eh?![]()
Не се рандом настани, ако не беше ова нешто друго ќе се случеше што ќе го натера Џеси да се однесува вака. Тој е ептен параноичен и постојано мисли дека Волт сака да го убие, ако видеше човек на прозор во некоја околна зграда ќе мислеше дека е снајпер од тимот на Тод. Премногу му беше изгледа целиот притисок посебно убиството на хемичарот и несреќната смрт на детето во пустината .Потоа Џеси кога веќе беше спремен да замине за Аљаска, сконта дека Волт го отрул Брок откако јајцеглавиот му ја дрпна ќесичка со трева од џеб. И сега во последнава епизода, Волт дозна дека Џеси ќе го исцинкари (ваљда) ради некој рандом сомнителен лик кој уствари нема никаква врска со дејството на приказната.
Тие шо не се ја гледале епизодата, прескокнете ми го постов.
Последната сцена како во филм од Боливуд од осумдес четврта.Ептен предвидлива беше. И знаев дека другарчињата нема да го послушат туку ќе се фатат за работа, не се глупи да кренат раце послем "it's off". Можеле барем седумнаесет пати подобро да ја направеле последната сцена. Усерена е веќе серијава, само дали ќе си сменат пелени или ќе си останат во старите?
До продуцентите,
![]()
![]()
![]()
![]()