БиХ - Македонија | 08.09, недела 14.30 часот |

Статус
Затворена за нови мислења.
Значи ако победи ЦРна гора утре во дуелот со србија ќе има 4 селекции со по 2 победи.Разбираш?И како од тие 4 селекции ние ќе се пласираме?Ќе имаме само една победа против Латвиа, а Латвиа и бих ќе имаат по 2 разбираш? Прво се гледааат меѓусебните победи во тој круг од 4 селекции и долку имаше со ист број победи тогаш ќе се гледа кош разлика.ИЛи вие за се кош разлика сметате?Ботови

значи ЦГ ако изгуби денес испаѓа 100% само нас може да не заебе последната утакмица. Ќе има дуел Србија-ЦГ каде што на србиве нема да им се игра за да изгубат намерно и да пренесат 4 бодови а ЦГ ќе играат ради реда(ако изгубат денес нарамно)
 
Сосема заслужен пораз. После ваква игра, нема потреба од никакви математики. Нека загубат од Летонија и нека си дојдат дома. Кога нас сами не не бива, други ќе не спасувале.
 
Majko mila, ushte ne mi se veruva od koi pacienti izgubivme, mi ide da skoknam od trotoar i da se samoubijam :facepalm:
Ееееј Ноне Неделковска, не знаев дека Ivica^ ти е никот на Кајгана :icon_lol:
 
Победата против Србија не ја рачунаш?

Aбе вие тролате или озбилно ништо не разбирате?
Ако се направи круг од 4 репрезентации со ист број на бодови, се гледа скорот само помеѓу тие 4 репрезентации. Каква Србија, какви бакрачи. Ај ако не нека ни ги дадат и бодовите од турнирот во Германија е***е беља!!!
 
Клучен момент беше кога имавме 43-39 и кога Гечевски шутна тројка во втората секунда од нападот, како од тој шут да му зависеше животот. Тука да избегавме на 6-7 разлика многу работи ќе беа поинакви и ќе имавме тотална контрола над мечот.

Да ти се намочам у животов смрден, од факинг Един Бавчич, од Кикановиќ, од Гордиќ и од остала багра инвалиди изгубивме. :facepalm: Шлаг на тортата беше Аца такозвани трица Петровиќ, го исклучија и пак тепаше неговата репрезентација, којзнае што се мисли сега, дека е Фил Џексон. :facepalm: Некои играчи и некои репрезентации име си прават на нас...
Па една од главните причини зашто изгубија босанците е таа, им го исклучија Петровиќ, еден од најужасните кошаркарски тренери. Боље до крај на првенството да им е исклучен, поголеми шанси имаат нешто да направат.
 
Дечки не се лажете со математики. Како прво нема да ја тепаме Летонија со повеќе од 10, а како второ не ни заслужуваме да одиме по ваква мизерна игра денеска. А и оној селекторот за што седи таму, место да им каже прекинете со шут за 3 упорно, идете преку центар или пик ен рол пробиви у рекет. Па пола од тоа да се погодеше или фаули да ни правеа, сигурно ќе тепавме место вака еден куп шутеви за 3 и напади кај што се заглаувавме и имавме исофрсиран шут у последна секунда од напад. Како и да е Босанциве беа дупки ама ние бевме нешто невидено до сега.
 
Aбе вие тролате или озбилно ништо не разбирате?
Ако се направи круг од 4 репрезентации со ист број на бодови, се гледа скорот само помеѓу тие 4 репрезентации. Каква Србија, какви бакрачи. Ај ако не нека ни ги дадат и бодовите од турнирот во Германија е***е беља!!!


Епа ко така сме го јаделе :D
 
Дечки ОК е бе..... РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА 4 МЕСТО ВО ЕВРОПА.....стасавме да се молиме да ни попуштат да се протнеме НА ГЛУВЧЕШКА ВРАТА.

Дај славете си го празников...не туку се глупирајте со молби. :pos:
 
Победата против Србија не ја рачунаш?

ООо БОТУУУ
погоре ми се правиш експер ми солиш памет а незнаеш како идат работите.СЕ ГЛЕДА ВО МЕЃУСЕБНИТЕ УТАКМИЦИ НА ТИЕ 4 ЕКИПИ кој колку победи има.
Ко така веќе ко сметаш ти од србија победава што сме е направиле сметај и кош разлика на цела група :D
 
А дали приметивте на Русите што им се дешава на ова европско?
grupa.jpg
 
ООо БОТУУУ
погоре ми се правиш експер ми солиш памет а незнаеш како идат работите.СЕ ГЛЕДА ВО МЕЃУСЕБНИТЕ УТАКМИЦИ НА ТИЕ 4 ЕКИПИ кој колку победи има.
Ко така веќе ко сметаш ти од србија победава што сме е направиле сметај и кош разлика на цела група :D


:) Ок ок не ја пресметав победата на Србија деншна над Латвија, во таков случај, не се фурај толку ке ти даеме ајде златен медал по пресметки на првенства :D
 
Една од поголемите разлики од минатото првенство е тоа што Бо не игра во SUPER SAYIAN форма...сега кога ќе загусти,го нема никаде и тоа не го сметам за критицизам туку едноставно не е семоќен.

И таму игравме топло ладно,проблемот е што сите имаат селективна меморија па ги паметат мечевите со Грција и со Литванија па сме играле супер...што не беше секогаш случај.

Со Црна Гора,Хрватска,Финска,Грузија играа слични мечеви како денес ама во последната 1/4 Бо превземаше одговорност и ги даваше нашите последни 10 кошеви.Сега Бо не ни се обидува да влегува последните 5 минути,топки трошат Гечевски и Самарот.

Се виде и на ланскиот турнир дека тим немаме...под тим подразбирам континуитет.Не еден одличен меч 8 лоши...и Шарлот Бокетс можат да ги победат Мајами на еден меч ама таква игра не можат да пружат често и затоа не можат ни во плејоф да влезат.Таму изгубивме од Ангола и од Доминикана...така што поразиве од ЦГ и Босна се на тоа ниво.

Како прво немаме никаква психолошка подготовка...ако си професионален кошаркар а ти е страв да шутнеш,страв да влезеш во рекет,си ја утнал професијата.А кај нас освен Бо никој не влегува со намера да изнуди фаул или да оди на кош,сите влегуваат со цел да ја извадат надвор на тројка.Дозволуваме премногу лесно да не извадат судиите од колосек и многу тешко се справуваме со притисок.Штом загусти сите играат врел компир со топката и кога ќе останат 3-4 секунди од напад приморан си да шутираш тројка.

Немаме тренер,односно човек во кого играчите имаат доверба,човек што знае да направи акција,што може да почуствува кога да направи замена,кога да побара тајм аут....каков совет да даде.Пипан е потполно изгубен...или нема никаков авторитет кон играчите или треба да му се одземе тренерската лиценца.

Немаме никаква клупа а и тие што ги имаме,ги земаме без никаква доверба во нив што се гледа и по стресот кога ќе влезат во игра.Самодоверба се гради постепено а кај нас нова генерација стапува на сцена кога имаат по 25-26 години кога веќе и поминало времето во модерната кошарка...и сакаме тогаш нешто од тие играчи.Земи го Бојан,стави го по 5-6 минути по меч,нека собираат искуство за наредните натпреварувања...ама не ќе играме со Тоше кој е врсник на Јорданчо Давитков.

Споредете ја филозофијата на Србија со нашата,нова крв константно,така и младите се мотивираат да тренерираат затоа што знаат дека ќе добијат шанса.Кај нас шанса се добива само при повреда на некој друг.

Како и да е,овие момци го направија своето,направија многу,ама многу работи мора да се сменат за да не биде ова последното првенство во наредните 20 години.
 
3 тројки бе, само ТРИ тројки :pos::pos: абе јас да играв ќе погодев од цел натпревар 4 тројки:pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom