БиХ - Македонија | 08.09, недела 14.30 часот |

Статус
Затворена за нови мислења.
Ова е најреалниот пост досега.

Една од поголемите разлики од минатото првенство е тоа што Бо не игра во SUPER SAYIAN форма...сега кога ќе загусти,го нема никаде и тоа не го сметам за критицизам туку едноставно не е семоќен.

И таму игравме топло ладно,проблемот е што сите имаат селективна меморија па ги паметат мечевите со Грција и со Литванија па сме играле супер...што не беше секогаш случај.

Со Црна Гора,Хрватска,Финска,Грузија играа слични мечеви како денес ама во последната 1/4 Бо превземаше одговорност и ги даваше нашите последни 10 кошеви.Сега Бо не ни се обидува да влегува последните 5 минути,топки трошат Гечевски и Самарот.

Се виде и на ланскиот турнир дека тим немаме...под тим подразбирам континуитет.Не еден одличен меч 8 лоши...и Шарлот Бокетс можат да ги победат Мајами на еден меч ама таква игра не можат да пружат често и затоа не можат ни во плејоф да влезат.Таму изгубивме од Ангола и од Доминикана...така што поразиве од ЦГ и Босна се на тоа ниво.

Како прво немаме никаква психолошка подготовка...ако си професионален кошаркар а ти е страв да шутнеш,страв да влезеш во рекет,си ја утнал професијата.А кај нас освен Бо никој не влегува со намера да изнуди фаул или да оди на кош,сите влегуваат со цел да ја извадат надвор на тројка.Дозволуваме премногу лесно да не извадат судиите од колосек и многу тешко се справуваме со притисок.Штом загусти сите играат врел компир со топката и кога ќе останат 3-4 секунди од напад приморан си да шутираш тројка.

Немаме тренер,односно човек во кого играчите имаат доверба,човек што знае да направи акција,што може да почуствува кога да направи замена,кога да побара тајм аут....каков совет да даде.Пипан е потполно изгубен...или нема никаков авторитет кон играчите или треба да му се одземе тренерската лиценца.

Немаме никаква клупа а и тие што ги имаме,ги земаме без никаква доверба во нив што се гледа и по стресот кога ќе влезат во игра.Самодоверба се гради постепено а кај нас нова генерација стапува на сцена кога имаат по 25-26 години кога веќе и поминало времето во модерната кошарка...и сакаме тогаш нешто од тие играчи.Земи го Бојан,стави го по 5-6 минути по меч,нека собираат искуство за наредните натпреварувања...ама не ќе играме со Тоше кој е врсник на Јорданчо Давитков.

Споредете ја филозофијата на Србија со нашата,нова крв константно,така и младите се мотивираат да тренерираат затоа што знаат дека ќе добијат шанса.Кај нас шанса се добива само при повреда на некој друг.

Како и да е,овие момци го направија своето,направија многу,ама многу работи мора да се сменат за да не биде ова последното првенство во наредните 20 години.
 
Па имав пишано во сите претходни постови дека кругот од 4 репрезентации е
Македонија,бих , ц гора, латвиа :D
 
Вие па смејте му се...
bavcic_00.jpg
 
Дури сме кај натпреваров.
Од самаро положувањето :drk::drk::drk::drk::drk: Кога направи ФИНТА и е положи топката ПРЕКУ ЦЕЛ ОБРАЧ значи не ни го допре обрачот :cuc::cuc::cuc:
 
Натпреварот со БиХ го изгубивме од една иста причина како и натпреварот со Црна Гора. Горе долу го контролиравме натпреварот но поради благо опуштање не створивме подобра разлика во моментите кога тоа го можевме. Имавме чисти топки од под кош кои поради мала опуштеност и недоволна внимателност не ги искористивме.
Постои еден дел од натпреварот во кој ако на противникот му тргне, после тоа нема време за враќање. Босанците имаа слаба реализација и одеднаш во две минути се' погодија (Џедовиќ, Телетовиќ). Потоа ја осетија победата в раце. Ако тоа се случеше порано ќе имавме противодговор, но тоа се случи пред завршницата кога веќе немаше време за поправка. Да не ги промашевме зицерите при водство од 4-5 поени разлика покрај бодовниот простор и психолошката ситуација ќе беше поинаква.
Но ете тие 2-3 ситуации топката не влезе в кош. Во секој случај секоја чест на целата репрезентација, што е во рангот на најдобрите. А во кошарката енергетските движења на екипата никој не може да го контролира затоа и се случуваат големи изненадувања.
За Македонија да крај! Овие момчиња ни донесоа незаборавни среќни моменти и секаков срам за неблагодарниците кои толку бргу се откажуваат од нив.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom