Луѓе, не гледав дома и не бев во можност да коментирам, само прееска на кратко пишав дека нема теорија да се преигрува утакмицава. Апсолутно ова е најголемата кражба на едно ЕП, за мене дури и поголемо од она што и го направија на Србија на светското во Турција кога Тунчери или Онан, не знам кој беше, излезе со пола нога во аут и судиите не досудија ништо, а со тој кош Турција отиде во финале.
Значи по ниту една логика не можеше тоа да биде топка за Црна Гора. Кога веќе не досудија поени требаше да биде топка од страна за нас, бидејќи Црногорецот ја исфрли во аут.
Гледам некои пишуваат Пипан ова, Антиќ ова, Самарџиски она... Ало, во моментов ништо од тоа не е битно, битно е дека ни беше одземена чиста победа. Доколку се признаеја поените ќе коментиравме дека Пипан можеше да ја заебе утакмицата со тоа што не бараше тајм аут навреме, дека Антиќ играше слабо ама ќе изигра подобро на следните утакмици... Сега тоа не е ич битно, колку и да сме играле слабо, колку и да сме потфрлиле, кога некој ќе ти одземе чиста победа тоа БОЛИ, боли премногу.
Не сакам ништо да коментирам, само сакам да ги пофалам нашите момци за борбеноста, изгинаа сите на терен, се фрлаа по паркетот, гризеа колку можеа во одбрана. Од кошаркарски аспект увек може боље, нормално е тоа, имавме доста недостатоци, но сепак апсолутно заслуживме да победиме, без дилеми.
Џабе се и жалби и се, мене ама баш ништо не ми менува дали судиите ќе бидат казнети или не, кога веќе ја загубивме оваа утакмица и нема веќе назад. Нека кршат глава и судии и делегати и сите, нас ни останува само да жалиме и да се трескаме од земја за неправдата која ни беше нанесена. Само едно ќе кажам, Господ гледа.