Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување Време на започнување
Stellarium Изгледа исто ко на во живо да го гледаш небото...

Да. Ако ги поставиш точните координати, положбата на секој објект на небото е иста како надвор. Но убавината не е иста :D
 
Ај да ја живнеме малку темата (да се обидеме:D)
Во скоро време треба да започне истражување со кое ќе се влегува во трагата на Темната Енергија.
Во следните пет години научниците ќе направат ќе направат најграндиозните, досега невидени фотографии од вселената, користејќи ги најмоќните дигитални камери (570 мегапиксели)
Докази на Темната Материја ќе бараат во набљудувањето на галактични кластери, мерењето на супернови, студирањето на искривувањето на светлината, и мапирање на експанзијата на универзумот користејќи звучни бранови.
Повеќе:
http://www.symmetrymagazine.org/article/september-2013/the-dark-energy-survey-begins
 
Случајно налетав на ова :eek: Објаснувањата во видеото изгледаат сосема логични, ама само времето ќе покаже колку се точни...
--- надополнето: 4 септември 2013 во 01:49 ---
Интересно...доста видеа на оваа тема се блокирани на youtube :eek:
http://www.youtube.com/results?search_query=lebanon two suns&oq=lebanon two&gs_l=youtube.3.0.0.179815.186934.0.187839.15.10.2.3.4.0.193.995.8j2.10.0...0.0...1ac.1.11.youtube.RQ9A_mYPbng
 
Ај да ја живнеме малку темата (да се обидеме:D)
Во скоро време треба да започне истражување со кое ќе се влегува во трагата на Темната Енергија.
Во следните пет години научниците ќе направат ќе направат најграндиозните, досега невидени фотографии од вселената, користејќи ги најмоќните дигитални камери (570 мегапиксели)
Докази на Темната Материја ќе бараат во набљудувањето на галактични кластери, мерењето на супернови, студирањето на искривувањето на светлината, и мапирање на експанзијата на универзумот користејќи звучни бранови.
Повеќе:
http://www.symmetrymagazine.org/article/september-2013/the-dark-energy-survey-begins

Да пробаме. :)

Можеби во следните пет години ќе се добијаат неверојатни фотографии, но во периодот околу 2020 година, астрономските науки ќе добијаат четири неверојатно моќни алатки кои целосно ќе го револуционизираат истражувањето на вселената.

1. Giant Magelan Telescope
Изградбата е предвидена да заврши негде околу 2020, а ќе има 10 пати поголема површина на огледалата од најдобрите сегашни телескопи. Дијаметарот на огледалата ќе биде преку 25 метри (најдобрите денешни телескопи немаат поголеми рефлектирачки површини од 10 метри.
20081216_giant_magellan_tel.jpg



2. Thirty meter telescope
Изградбата треба да заврши 2018, дијаметарот ќе му биде 30 метри.
1202tmt.jpg


3. Еuropean extremely large telescope
Изградбата треба да заврши во 2022, ќе има површина на примарното огледало од 39 метри и ќе биде најголемиот телескоп некогаш конструиран.
esos-european-extremely-large-telescope.gif



4. James Webb space telescope.
И врвот ќе биде вселенскиот телескоп на НАСА, кој треба да биде лансиран во Л2 точката во 2018 година и ќе чини рекордни 9 милијарди долари. Има дијаметар од 6,5 метри кој можеби звучи мал, но неговата најголема придобивка е што ќе се наоѓа во вселената, на тој начин избегнувајќи ја атмосферата која го голема мера ја редуцира моќта на телескопите. Плус, ќе може да оперира 24/7, што не беше карактеристика ниту на Хабл.
800px-James_Webb_Primary_Mirror.jpg



 
Еве едно интересно клипче, што ќе се случи кога магнетните полови на сонцето ќе се заменат.

 
Која е оваа ѕвезда со преголем сјај на запад,свети најсилно од сите ѕвезди,ја забележав последниве два месеци и секоја вечер ја има,само не можам да ја одредам која е?
 
Ова не е Венера,ова е нешто друго,нејзе светлината и е константна,ова е некоја ѕвезда светлината и пулсира силна е и има варијации од црвено кон жолто

Само Венера е со „преголем сјај“ како што ја опиша ти. Не толку сјајни на запад се Сатурн и Арктурус.
 
Само Венера е со „преголем сјај“ како што ја опиша ти. Не толку сјајни на запад се Сатурн и Арктурус.

По ова што ми го посочи најверојатно е оваа ѕвезда Арктурус,бидејќи сум свесен дека се работи за ѕвезда сјајот и варира од време на време,светлината и пулсира и доста се разликува од останатите планети. http://sr.wikipedia.org/wiki/Арктурус По мапава точно одговара како што е прикажано овдека.
 
Одамна нема ништо ново во темава. Да не ве има ЦИА поткупено? :D
Она што во последно ме заинтересира е феноменот комета ИСОН/Планета Нибиру/Планета Х/Ѕвезда сопатник на Сонцето.
Нели од НАСА објавија официјална вест дека ИСОН се очекува на небото во последните месеци од годинава (окт-дек) и дека има потенцијал да биде вистински спектакл на небото, ДУРИ 4 ПАТИ ПОСЈАЈНА ОД ПОЛНА МЕСЕЧИНА!. Кога пребарував на YT за ова налетав и на други видеа кои оваа комета ја поистоветуваа со толку најавуваната планета Нибиру кој треба да помине низ нашиов систем и со своето гравитациско влијание (4 пати поголема од нас) би предизвикала катастрофални последици по нашата цивилизација. Има анализи на слики од Хабл, видеа, “leaked news“ од американски владини агенции и тн... секако во денешно време на интернет секако не можеш да веруваш на се и сешто, и во секој случај, секое досега вакво апокалиптично сценарио се разбира се покажувало дека е лага и шпекулација.

Она што посебно ми го привлече вниманието е дека има отворени, признати информации дека FEMA-Американската агенција за кризни ситуации, сигурно ја имате забележано по филмовите со катастрофи :D, засилено се подготвува за едно такво “апокалиптично сценарио“ преку купување на масовни количества храна и вода за пиење, во облик на survival kits, за да се помогне на најзагрозените во првите денови “по случувањето на нештото“ или пак за оние кои се избрани да преживеат во подземните бунери, па дури и цели градови кои е факт дека Америка ги има, ама кои официјално се разбира не ги откриваат. Купувањето вклучува и големи количества оружје и оклопни транспортни возила, ваљда за справувње со хаосот кој ќе настане по тоа.

Има информации и за соработка на FEMA со Русија, во смисла на помош од руска страна со воени сили на територијата на САД, доколку тоа биде потребно.

Што мислите вие за ова?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom