- Член од
- 4 ноември 2013
- Мислења
- 2.541
- Поени од реакции
- 3.894
Дада, но преминот од една во друга состојба е најсложен, математички на хартија е многу блиску до нулата, но не е апсолутна нула.Да, сакав само да посочам дека можеби постојат и други тесни грла покрај настанокот од неживо во живо.
Другото е само додатно
И треба да претпоставиме како природната селекција би функционирала, без механизми тоа е само ветер и маглаДобро, може да се согласам со ова, да не бидат двата екстреми или врие или нема, со објаснување со еден од големите филтри, што не знаеме кој е, а можби само човештвото го има поминато, вклучително со некој изминат процес што може да е голем филтер.
Еве да речиме,, за пример дека тој филтер е преминувањето од едноклеточен во мултиклеточен живот.
Ќе претпоставиме дека сите процеси кои водат до едноклеточен живот се многу чести и дека истиот постои секаде каде условите се исполнети, што може да биде и на повеќе места во нашиот Сончев систем, како на пример сателитот Европа на Јупитер и Енцеладус на Сатурн. Сеуште немаме испратено сонди што можат да продрат низ дебелиот мраз (двата спомнати сателити се составени од вода и имаат топол океан внатре, а мраз на површината дебел со километри), но им се случуваат постојани ерупции на вода (млаз) и тие делови ни се истражени, нема засега знаци за таков живот.
Но, со сигурност знаеме дека барем на една планета постоел таков живот во океаните, живот што од корен го сменил составот на атмосферата на таа планета. Тоа е лесно за детекција, и имаме инструменти што може да го направат тоа на ѕвездени системи оддалечени со илјадници светлосни години, иако условите за такво истражување треба да бидат погодени, т.е. не секој систем може да биде проверен на тој начин. Илјадници планети се поминати со спектографија, на ниедна не е откриена хемија во атмосферата која би била последица на живи организми.
Природната селекција што ние ја знаеме функционира на уникатен начин
Било каде и да има живот, без селекција како движечка сила истиот ќе исчезне
Многу сопки се, не е една..
Што подлабоко се навлага толку покомплексна е тематиката
Не знам, но по тоа што го знаеме веројатноста е помала од примерот погореНо можеби постојат. Можеби се чести.
Тоа не менува многу, како што кажав еве да претпоставиме дека има идентичен како на земјата, се јавува следен проблем а тоа е природната селекцијаСепак илјадници истражени светови се неверојатно малку во споредба со неверојатно големиот број на светови само во нашата галаксија.
Тука би го искористил истиот одговорОд тој аспект, некаде измеѓу нема ниту еден вонземјанин и врие од вонземјани, можеби постои жив свет.
Претпоставките паѓаат во вода кога се доаѓа до механизмите поради животот кој го знаеме
Како што кажа, ние ги побиваме сите тие хипотези
Настанокот на животот на оваа планета додатно ги комплицира работите, односно поставува параметри за живот било каде во вселената
Ванлок лут ми е некое време, се налути за Евреите и абер нема од чоекотВане ги гледа работите црно-бело, if-else, толку му е алгоритамот.
Пошто не видов змејови, значи не постојат змејови.Ама ги има сите услови да постојат.
Јас несмеам Ване да го викам, Ванлок мора
Претходно така напишав, еве одма да му се извинам да не се налути

Ама ги има сите услови да постојат.
. Да беше во Битола ќе го викаа Евреино на прекар.