Дали има потреба од закон или правна легислатива за регулација на опасни раси на кучиња?

Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.520990161290560.1073741882.166688476720732&type=1
Еве ти ги шинтерските служби по кој што пекаш цело време....место на болести. Ти се допаѓа оваа слика? Мене НЕ! Тие кучиња на улица не побарале сами да бидат на улица, кога би имале избор сигурно ни улица ни Вардариште не би избрале. А кој е крив што тие кучиња се на улица? Тие што не кастрираат/стерилизираат, парат онака зашо ИМ СЕ МОЖЕ, со што и да е... и после, да, кучињата се криви што се на улица! Кучињата се криви што се во глутници и напаѓаат!
Човекот- Светиња!

Се извинувам за оф топик, али не можев да се воздржам.
http://a1on.mk/wordpress/archives/155429#.UaJADBUIs0k.facebook

Eте баш ова денес се случи ... И тоа кај вас У Скопје..
За ова ти зборам .
 
Hiryu

H+
Член од
5 мај 2013
Мислења
674
Поени од реакции
848
Генерално позитивна е и правна легислатива но и данок.

Па неможе да едвај 100 милиони се обезбедуваат за наоѓање лек против HIV и уште приближно толку за канцер значи некои мизерни 200 и за останати болести како аутизам како пример вза поретки да заокружиме на 300милиони и тоа имајте предвид дека овие пари не ги дава дуќанот од маало или вашиот драгстор туку Корпорации и Фармацевтски компании кои ги финансираат истражувањата на познатите универзитети.

А пак кога ќе видите со кои мерки државата се бори против сиромаштијата и оние кои чуваат примитивни форми на живот само колку да се перчат, некои да профитираат(повеќе уствари) а се прават најхумани и либерални на збор а по дела се најтешки хипокрити.

Нормално е куче на село, или пак за Овци каде и е неопходно, истотто важи и за МВР каде истото може да открие и открива наркотици па и експлозивино мински средства, и секако за ловците а оние кои ги чуваат самно колку да ги поседуваат барем нека не се прават толку хумани, еве и анима мунди се прават ХУМАНИ помагајќи (како да не) во теорија на Кучиња, а никој не е загрижен поради екстинкцијата на Рисот кој можно е да остане само на монетата од 5 денари..

Ова е навистина земја на чуда.

Да не продолжам со линкови но за болните од Леукемија нема есенцијални медикаменти а новата опрема е нефункционална бидејќи фалат делови па зрачењата ете се одложуваат од акцелераторот, понатаму проблем се и ретките болестри и состојби или невролошки нарушувања налик аутизам за кој (и други ретки заболувања) државата само го крши уставното право на лекување, овде се и дијализерите кои раширија хепатит Ц покрај наркоманите кои со една игла се бодат тројца и хомосексуалците кај кои хепатит Ц е дарба, во споредба со другите ужасии.

Јас немам ништо против вас да се разбереме, но на светско ниво тоа е 20 милијарди за храна за клучиња,мачиња, а едвај 1 милијарда за напредок, а замислете колку пченица има во само една милијарда долари,две, три, помагајте така со дела, ако не донирајте стара облека, донирајте крв.

И после СЗО се виновни, е не драги туку човечкото лицемерие.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Искрено, против сум на темава, не коментирам затоа што ме мрзи да се натегам :)
Мојот став е дека треба да постои ОГРОМЕН, застрашувачки данок за одгледувачниците, па некој да размисли дали сака да отвори една, и исто така, огромни, чудесни казни за секое неодобрено парење на домашно животно.
Задолжителна кастрација на животно кое не служи за приплод - а такви се 90 проценти од леглото, доволно е едно куче да се пари од секое легло.

Највиновник во ситуацијава е незаузданите сопственици на миленици.
Чување на миленик не е за секој, тој што го има треба да внимава на тоа животно од многу аспекти.
Банирањето на одредена раса е глупаво, смешно и трагично - затоа што расата сама по себе не е гаранција за агресивноста на кучето.

Може и просечен лабрадор да биде многу опасен, дефинитивно ако науми може и да убие, физички е способен - па сепак не се смета за ,,опасна,, раса, баш напротив.
Реалноста е дека повеќе внимание треба да се обрне на социјализацијата на сите расни и нерасни кучиња, а не на расата како таква - ниту едно куче нема да биде агресивно ако се воспита со време.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
demotivacija.org_Izgubeno-e-kuchevo-na-slikata-koj-go-vidi-NEKA-BEGA_130779756064-219x225.jpg

:icon_lol:.

Има една девојка овде чува пинч, а јас чувам питбул секој спрема карактерот :icon_lol:. Е сега немам потреба пинч да чувам затоа што тоа не е куче кое плаши и влева стравопочит, затоа ништо од дворот никој досега ми нема украдено, а кај комшииве има поминато ноќниот даночник и ги има оданочено, се за штета или старо железо нема тој да работи со тие алатки сигурно ќе ги потроши на дрога....
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Да, треба да се воведе таков закон.
Најмногу ме нервираат луѓето што ги пуштаат питбулите пуштени ( не станува збор за мирните питбули кои ненапаѓаат).
Многу деца, луѓе или пак помали и питоми кучиња можат да бидат, а и веќе се нападнати од питбулите.
Затоа ако газдите толку се големи љубители на кучиња од овој тип, слободно нека си ги шетаат, но нека си ги врзат на ланец и нека му стават корпа на устата :)
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
би рекла само едно големо BULL SHIT!!!
Доста какаш бре... си го утнал изгледа форумот... загрижен си за луѓе? Отвори си фондација и финансирај ја истата, искочи на улица и помагај по луѓе али не со тоа што ќе им дадеш 20-30 денари онака на рандом странци, туку ПОМОГНИ!!! А за лицемерие, препрочитај си го постот, преиспитај се што си направил во животот и после повторно напиши пост за лицемерие, ок?
 
Смири се, јас сум направил многу повеќе од шетање на опасна примитивна форма на живот и трошење средства за истата, па ако сте толку општествено-економски свесни би требало да бидете и рационални така??

Јас не напишав пост туку мислење, патем еве наједноставно од мене имаат извадено повеќе крв колку што имаш ти и твоето ротфајлерче Ивањушка.
 
РотВајлерче:)

Рационални во што? Во поставување нови даноци, давачки, казни за мојата т.н. опасна примитивна раса/форма на живот? Не ти ја сфаќам рационалноста... особено споредбата со крводарителството, која сигурно никој од нас немаше да ја знае ако сам не си се пофалеше, нели?
 
Hiryu

H+
Член од
5 мај 2013
Мислења
674
Поени од реакции
848
Како беше велиш ротВајлерче.:)

Рационалноста нема врска со хуманоста, бидејќи давам крв на повик од болница и не сум прашал дали е за Македонец дали за Албанец, Ром можеби некој грк од сообраќајка и сл.

Но вие какви расисти сте ауу тоа чудо.

Од една страна либерални но на комшијата кучето е џукиела и батали го...не вреди, ова е бре РАСА имаат УМ.

Погали го ротВалјерот и бакни го од мене.;)
 
Освен името (само моето, не и на РАСАТА на кучето (која мене лично не ме занима)) очигледно не ме познаваш, така да, нема да навлагам во својата хуманост, како што ти се потруди да не просветлиш со твојата, али битно дознав дека постои и расизам за кучиња. Thank you:cool:
п.с. Сеуште не ти го разбирам аргументот (ако воошто го избаци) со кој се обидуваш да ме научиш на рационализам, кој воедно вклучува правна легислатива за регулација на Т.Н. опасни раси.

п.п.с. веќе ја бакнав, али не знам да и кажам од кого:love:
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Да, треба да се воведе таков закон.
Најмногу ме нервираат луѓето што ги пуштаат питбулите пуштени ( не станува збор за мирните питбули кои ненапаѓаат).
Многу деца, луѓе или пак помали и питоми кучиња можат да бидат, а и веќе се нападнати од питбулите.
Затоа ако газдите толку се големи љубители на кучиња од овој тип, слободно нека си ги шетаат, но нека си ги врзат на ланец и нека му стават корпа на устата :)
Дали се прочита што напиша? Дали под Т.Н. агресивна раса подразбираш Пит Бул??

Safest-and-luckiest-kid-in-the-world.jpg
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.680
Поени од реакции
34.166
Аргумент - слика.. сакаш да го видиш истото девојче растргнато а кучињава во крв?
Не дека и напишаното е нешто повеќе издржано..
Поопасни од кучињава сте вие.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Дали се прочита што напиша? Дали под Т.Н. агресивна раса подразбираш Пит Бул??

Прегледај го приврзокот 71528
Знам многу кучиња питбули кои се пуштени, а не се шетаат на ланец и се мирни.
Воглавно тоа е таа раса која ја користат за борби, а со тоа си доаѓа и агресијата :)
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Знам многу кучиња питбули кои се пуштени, а не се шетаат на ланец и се мирни.
Воглавно тоа е таа раса која ја користат за борби, а со тоа си доаѓа и агресијата :)
Многу грешиш. Баш најагресивните кучиња се тие чувани дома, додека пак кучињата користени во борби си се агресивни према други кучиња. Пит/амстаф, како сакаш, е една прекрасна и дружељубива раса со луѓе, па можам да ги ставам на исто ниво со лабрадор/ретривер. Милион емисии на анимал планет, баш за спасување на кучиња од борби, ми го докажале истото. Кучињата се предружељубиви со луѓе, а во глобала се преагресивни со други животни (не само со кучиња).

Ако ме прашуваш мене, безразлика дал е пит, дал е пинч, дал е самојед.... или било која друга не/раса, куче си е куче, во урбана средина се шета со поводник. Али баш ова и не е тема за тоа, така да да не забегуваме со муабетот.
еве ти пример-
 
Kajgana Shop

На врв Bottom