Или водиш инает,или не сакаш да разбереш некои работи.
Ако имам пари да возам кола секој ден,да ја регистрирам секоја година,тогаш сигурно имам 40 денари да платам паркинг.Просто е нели???
Јас воопшто не се инаетам..
Дали некој има пари или нема воопшто не е битно во случајов.
А што Вас Ве интересира дали јас имам или немам пари?
Ако кажам дека немам пари, дали Вие ќе ми дадете пари?
Битно е дека зонашите вршат дискриминација и незаконско казнување.
За жителите на Центар е безпари, а за жителите од Драчево, Бутел, Ѓорче, Пинтија е 40 денари саат плус казни.
Јас никогаш нема да се сложам дека жителите од Драчево, Бутел или било каде од цела Македонија се граѓани од втора класа па за нив да биде поскапо. Сите ние сме меѓусебно пријатели и браќа
Кога воведоа зонско 2009 веднаш отидов во општина и им реков, добро, јас не сакам зонско, вие сакате, нека биде по ваше, но нека биде иста цена за сите.
Ме одбија, а знаете зошто? Затоа што тогаш цената ќе беше 10 или 20 денари за цел ден паркирање, 10 денари на ден, значи 300 денари месечно и тоа не е скапо.
Но зонашите не го сака тоа. Тие сакат да казнуваат, да ставаат лисици, да дигаат коли со пајаци, да малтретираат и понижуваат.
Понижување е за граѓаните да некој ги дискриминира и казнува само за да повеќе ќари, па уште лаже дека многу го сакал Скопје и ја сакал Македонија.
Зонашите ниту го сакат Скопје, ниту ја сакаат Македонија. Македонија е на Македонците а не е на зонашите. Сите сме Македонци... Како се осмелуваат да не дискриминираат?
Тие само сакаат пари и можност да се изживуваат над граѓаните.
Се извинувам, јас еднаш Ве прашав, но Вие не ми одговоривте;
Дали сте вработен во Градски паркинг или Паркинзи на Општина Центар?