Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Кој тротоар е претворен во паркинг простор,што мелеш зелени на форумот.Си прошетал низ градов малку.Не велам дека е се розево,ама и не е се сиво,нели?????
Тебе очигледно ти е се розево кога не го гледаш на пример ова (иако на штета на сите останати учесници овие возила се сепак „прописно паркирани“):

Тоа што го гледаш како издигнување над коловозната лента, тоа е тротоар. Погледни ги сликите и кажи ми кој и што меле ... точно не е се розово, ама најмалку сиво ... црно е.

Е сега ако тебе не ти годи зонското паркирање,тогаш имаш две опции.Или пеш или со автобус да не те боли глава.Ааааааа,да заборавив,вие сте родени со волан во рацете и никој не може да ви го земе,тоа е проблемот
Ако мислиш да дискутираш а притоа да се повикаш на она што јас сум го напишал, прво прочитај па одговори. Јас велам дека ТРЕБА ДА ИМА РЕГУЛИРАНА НАПЛАТА на паркинг во рамки на постојните прописи (прописно растојание од раскрсница, незагрозување на пешачкиот простор, градење на нови паркинг места наместо осакатување на патната мрежа со цел „создавање“ паркинг места и сл.) А НЕ КАДЕ ЌЕ ИМ ТЕКНЕ да нацртаат и да наплаќаат. Но, ти очигледно НЕ ЧИТАШ пред да одговориш.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Во која цена бе што лупетараш?

Нјади го имотниот лист и убеди ме дека стои ставка дека си купил паркинг простор?????Со купување на станот ти следува тераса која влегува или не во квадратурата и подрумски простории.Паркингот никогаш во Скопје не се купувал,освен сега каде тој што ја гради зградата те прашува дали сакаш паркинг или не,или евентуално гаража.Ако не сакаш имаш паркинг пред зградата кој не е во сопственост на станарите........
При префрлање (поклонување) имот на мое име во имотниот лист беше заведено тоа што го пишав неколку постови погоре.
Не мора секој стан да има тераса тоа зависи од проектантот и од мене како иден сопственик дали сакам стан со тераса.

Многу одамна за да изградиш зграда мораше да обезбедиш и паркинг простор во сопственост на станарите.

И сега за да добиеш одобрение за градба од општина мораш да обезбедиш паркинг за толку станови колку што ќе има зградата,а за да остварат поголем профит ја измислија продажбата на паркинг кој законски ме следува.

Цената од 50 денари за час што ја планираат за новите катни гаражи кај клинички е НЕНОРМАЛНА
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Нека се наплака 50 ден во Клинички зошто знаеме да го злоупотребуваме влегувањето.....Лелееееее болен е не може да се движи......Застани еден ден во Клинички внатре па да видиш навистина колку луге ке излезат од возилата кои не можат да се движат????На прсти ке ги изброиш....
Со ова Ваше мислење длабоко не се согласува.
Дали е некој болен или не е болен може да се утврди со лекараски преглед.
Вие тврдите дека со гледање можете да оцените дали е некој болен или не е болен „Застани еден ден во Клинички внатре па да видиш навистина колку луге ке излезат од возилата кои не можат да се движат????На прсти ке ги изброиш....“
Да можеше така, со гледање да се поставуваат дијагнози немаше да има потреба од лекарски прегледи.
За мене е друго битно
Во Клиничкиот центар доаѓаат наши сограѓани од цела Македонија. Тие се болни, ... Тие потрошиле и пари и време патувајќи, да дојдат во Скопје
И наместо да ги пречекаме со добредојде, да им понудиме, што се вели леб и сол, чаша вода, доручек, ние им наплатуваме 50 денари на час од единствена причина што некој министер мисли на тој начни да овозможи „стопанисување и поштено заработување “ на некој зонаши.
Никогаш нема да се сложам со такво нешто,
Да ја користиш туѓата несреќа и на таков начин да се богатиш
Никогаш....
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466

А ако ти работи совеста бар малку,нема да влезеш со кола во Клинички ако не е толку итно....

Јас разбирам дека навистина кога е итен случај да се влезе со возило,ама не сакаме да си признаеме дека го злоупотребуваме.....
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Мене и понатаму ми е интересна изјавата на министерот во врска со наплатата на паркирање во Клиничкиот центар. Ова е прва изјава на некој министер кој се залага за зонашите и дискриминацијата која тие ја вршат. Никогаш порано не сум слушнал некој министер да се залага за зонашите
Во неговата изјава се вели:
„Според него, цената на билетот за паркирање за посетителите ќе остане иста и ќе чини 50 денари за еден час, за која тој смета дека е прифатлива и оправдана. Тодоров од инвеститорот побара обезбедување на повлатена цена за сите вработени на Клинички, чии број изнесува од 3.300 до 3.400 лица. “
http://maxim.mk/todorov-problemot-so-parkiranjeto-kje-bide-minato-so-izgradbata-na-dvete-katni-garazhi-na-klinichki
Или со едноставни зборови, министерот се залага болните да плаќаат 50 денари на час, а здравите, вработените - повластици.
Очигледно, не случајно овој министер е толку популарен, да жените сакаат да му го исечат пен***
 
Член од
26 февруари 2007
Мислења
73
Поени од реакции
39
Evo XII друже, пошто на клинички сум одел и на посета и сум лежел на хирургија, не би ти посакал ни едно ни друго. Таму никој не оди на корзо по тоа уличките или у тинексот да пазари (за секој ден), таму сите до еден мука ги натерала што се таму. Дали си чекал во амбуланта некогаш да те прегледа специјалист? Дали си правел разни испитувања? ... Ништо од тоа неможеш да направиш за 1ч и да те чини 50ден и "среќен" да излезеш од таму со дијагноза и сл.

Искрено несакав више да пишувам на темава пошто некој спомна дека си бил само обичен партиски војник, што освен невистини и провокации ништо друго незнае, АМА па мора и некој да ви ја дава по муцката додека не сватите дека треба да ги почитувате правата и слободите на граѓаните. Сепак "вие" постоите ради нас а не обратно.
 
Член од
26 февруари 2007
Мислења
73
Поени од реакции
39
Дали ги гледавте специјалните единици како (вежбаат) спасуваат туристи заложници од некој брод на охридско езеро. Епа они се гола вода им требаа дури 2 мин да ја завршат операцијата за разлика од увежбаниот тим на ПОЦ таканаречени "пајаци". Оваа парада, демонстрација на моќ и сила се одвиваше карши тутунски кај паркингот на економски институт, за само минутипол успеаа да однесат, се извинувам да украдат, два прописно паркирани автомобили, нормално без придружба/асистенција на полиција. За брзината ќе им позавидат и Пинк Пантерите, а можда се они токму тоа :cautious:. Сепак браво за момците што за минутипол успеаа да ги сликаат, да ги прикачат, дигнат и да си обезбедат чист терен за безбедно да пристигнат во базата. Браво и за СДС што им обезбедил соодветна обука во своите тајни центри или пак можно е оние од предходната власт да ги набилдале, е сеа се замислив :unsure:... На кој тоа треба да му честитам за успешно изведената кражба?
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Или со едноставни зборови, министерот се залага болните да плаќаат 50 денари на час, а здравите, вработените - повластици.
По логика на нештата, бидејќи се вработени во институциите, тие не би требало воопшто да плаќаат паркинг. Секаде вработените имаат пропусници и или воопшто не плаќаат или им земаат некоја симболична сума.
Инаку, ни јас не се сложувам со прескапите паркинзи во болниците, особено што нема можност да не се наплаќаат првите 15-20 минути, што би им овозможило на луѓето доколку навистина мораат да влезат со возило да ги остават пациентите и да излезат од болничкиот круг да си бараат паркинг на некое друго место. Со тоа мислам дека значајно би се намалиле гужвата и хаосот во кругот. Тоа е честа пракса во многу од странските болници, што е прилично фер кон пациентите.
Пред некое време многу непријатно ме изненади што солено се наплаќа паркингот околу стара Воена болница. Ајде во Центар и во Државна некако човек да разбере, ама ова е веќе надвор од центарот на градот и се наплаќа исклучиво затоа што се наоѓа пред болницата и луѓето се принудени да платат или да скитаат по околните улици за да се паркираат бесплатно.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
По логика на нештата, бидејќи се вработени во институциите, тие не би требало воопшто да плаќаат паркинг. Секаде вработените имаат пропусници и или воопшто не плаќаат или им земаат некоја симболична сума..
Не...
Тоа е во суштината на проблемот
Никаде нема нешто вакво освен каде што има вакво зонско. А вакво зонско има исклучиво во Белград, Загреб и Скопје. Се работи за „ југославише специјалитет “. Инаку идејата за вакво зонско потекнува од Белград
Зошто вработените би добивале попуст?
Можат да се најдат примери каде болницата или некое претпријатие има сопствен паркинг, каде за вработените или за гостите ќе биде без пари паркирањето, но ако некаде се плаќа - сите кои користат плаќаат - тоа е закон.
Може да се најдат примери, каде што претпријатието закупило паркинзи и ги дава безпари на своите директори. Значи на директорот му следува плата, секретака, кабинет, хелихоптер и многу други работи меѓу кои и право да има бесплатен паркинг. Ама тој бесплатен паркинг - претпријатието го плаќа
Може да се најадат примери каде постојат дневни, неделни, месечни, карти за паркирање и на тој начин се даваат попусти.
На пример во Њујорк дневна карта за паркирање е 20 долари а месечна е 180 или 200 долари. Но таквите карти се достапни за сите. Секој може да купи дневна карта или месечна карта по сопствен извор.
Но вакви привилегии, - „ за жителите на општина центар - поефтино „ за вработените - поефтино “ какви што има во Скопје, Белград Загреб никаде нема.
Кај нас постои некакво „ право на привилегии “ - а такво нешто никаде нема.
Воопшто нема да сум против зонско да има еднакви цени за сите
На пример месечна карта за во центар е 300 денари за сите, кој сака нека купи и нека паркира. А не вака за житителите од Центар безпари а за жителите од Драчево 50 денари на час + пајаци + лисици
Па не се тие од Драчево ниска раса вака да се третираат?
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601

мала реплика ако може:)
велиш “секој“ да може да купи. ОК! дали мислиш дека ќе има ред така? или пак ќе биде пренатрупано? еве еден друг пример како се решава пренатрупаноста за паркинг. од искуство знам дека во венеција, верона и мантова има ЗАБРАНА за паркирање освен на тие што живеат или работат и спаѓаат во таа зона. зборам за централното подрачје. значи, имај ти ферари од 500 000 евра ако сакаш, но ако не си жител или не работиш во некоја од фирмите во таа зона, нема шанси да се паркираш. уствари, можеш да се паркираш, али шапата не ти бега посе 3 мин.
да бидам поконкретен, во венеција само тие што живеат. тие што работат не смеат во таа зона.
е сега, ни мене не ми се плаќа, скапо ми е, но паркинзите се на државата, државата решава како да се стопанисува, и така ќе се тера. ДА, може да се буниме и пробуваме да си ги олесниме работите, поефтино да биде, али државата го има последниот збор. то е исто ко што треба да плаќаме данок на имот. нели сме платиле еднаш кога сме го купиле станот? ДА, сме платиле. али ете беља, плаќаш секоја годиниа одново и одново по 1500-2000-3000 ден затоа што така решила државата. така и со ова, не ми се допаѓа, али од друга страна ги разбирам хаос беше со паркирање, сега колку толку полесно се дише ако сакам да најдам паркинг место.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
мала реплика ако може:)
велиш “секој“ да може да купи. ОК! дали мислиш дека ќе има ред така? или пак ќе биде пренатрупано? еве еден друг пример како се решава пренатрупаноста за паркинг. од искуство знам дека во венеција, верона и мантова има
Зонашите не наплатуваат ради да има „ ред “ туку за да земат пари.
Ова е Скопје и нема никаква пренатрупаност. Јас живеам до Зелен Пазар, кој сака нека дојде и нека се увери по 17 часот попладне жива душа нема околу пазарот, страв да ти е да поминеш пешки
Еве го моето мислење за примерот во Италија
Во Италија паркирањето го контролира мафијата и можно е да има и такви случаи,
Но поверојатно ми се чини дека во тие делови на градовите е наполно забранет сообраќајот а можат да влезат само тие кои живеат таму. Во тој случај не се врши наплата на паркирање. Ти си бил тами и објасни дали таму се врши наплата на паркирање
Инаку во Германија има друг начин да се намали бројот на возила во поедини делови на градовите:
За да влезеш со возило во поедини делови на градовите треба да извадиш дозвола и ти даваат беџ за влез во тој дел на градот. Таа дозвола може секој да ја извади, но се чека неколку недели. И ќе се откажеш... тоа е начинот кој се користи
Ама Скопје не е Берлин, Венеција, Амстердам - тоа треба на сите да им биде јасно. Во Берлин има 2,5 милиони возила.... Во Венеција секој ден влегуваат неколку стотини илјади туристи
 
ај со обратен редослед ќе ти реплицирам. ДА, венеција е посебен случај. а за другите градови, .... хм, ..... мафија, али на југот, на северот на италија не е баш така. друго, сообраќајот не е забранет, него е ограничен. и СЕ ПЛАЌА. зборам за централните делови. прост пример, идам на гости во мантова, не смеам да влезам во тој дел, и морав да паркирам надвор од таа зона. и нормално си платив колку што требаше. а тие што живеат во тој дел, или работат си плаќаат исто така, само нормално со повластена цена.
ја спомна германија, .... па секоја држава, па и град сам си ги одредува правилата и приоритетите. германците на еден начин, италијаните на друг, французите на трет .... а ние на четврт. :( кај нас фали една битна работа а тоа е да се направи проекција на тоа колку е капацитетот на таа зона и по тоа да се тера. ако е за 2500возила, толку и дозволи, карти да се дадат, а не 5-6000.
самиот викаш за зелено пазарче дека ДО 17ч е гужва. и тоа гужва и за жителите што живеат таму, и за луѓето што сакаат да испазарат. права лудница е. знам од причина што таму пазарам. но затоа, ....... или пеш идам, или точак, или кај QBE се паркирам или како што прави мајка ми со бус. да идам таму со кола е навистина предизвик. дири и сега откако е со плаќање е невозможно да најдеш место.тоа што после 17ч е празно, се знае зошто е тоа така, пазарот НЕ работи.
е сега дека треба да се додефинираат некои работи, дека треба да се изменат некои членови и подчленови исто така ДА, но во глобала добро е што може кој сака и да се паркира кај сака за определен надомест.
прееска заборавив и дубровник да го спомнам, еве пак како изгледа таму ситуацијата. јас сакав колата да ми биде под гз, па си платив најскапо. среќа сега постои интернетот па си бев спремен, инаку кој знае како ќе беше да ги немав тие предзнаења. :pos:
http://www.sanitatdubrovnik.hr/parkiralista.html
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Не...
Тоа е во суштината на проблемот
Никаде нема нешто вакво освен каде што има вакво зонско. А вакво зонско има исклучиво во Белград, Загреб и Скопје. Се работи за „ југославише специјалитет “. Инаку идејата за вакво зонско потекнува од Белград
Зошто вработените би добивале попуст?
Можат да се најдат примери каде болницата или некое претпријатие има сопствен паркинг, каде за вработените или за гостите ќе биде без пари паркирањето, но ако некаде се плаќа - сите кои користат плаќаат - тоа е закон.
Може да се најдат примери, каде што претпријатието закупило паркинзи и ги дава безпари на своите директори. Значи на директорот му следува плата, секретака, кабинет, хелихоптер и многу други работи меѓу кои и право да има бесплатен паркинг. Ама тој бесплатен паркинг - претпријатието го плаќа
Може да се најадат примери каде постојат дневни, неделни, месечни, карти за паркирање и на тој начин се даваат попусти.
На пример во Њујорк дневна карта за паркирање е 20 долари а месечна е 180 или 200 долари. Но таквите карти се достапни за сите. Секој може да купи дневна карта или месечна карта по сопствен извор.
Но вакви привилегии, - „ за жителите на општина центар - поефтино „ за вработените - поефтино “ какви што има во Скопје, Белград Загреб никаде нема.
Кај нас постои некакво „ право на привилегии “ - а такво нешто никаде нема.
Воопшто нема да сум против зонско да има еднакви цени за сите
На пример месечна карта за во центар е 300 денари за сите, кој сака нека купи и нека паркира. А не вака за житителите од Центар безпари а за жителите од Драчево 50 денари на час + пајаци + лисици
Па не се тие од Драчево ниска раса вака да се третираат?

Немој да ме сфатиш погрешно, навистина не знам каде си бил, но повеќе ми изгледа како само да си читал за паркинзите и за ова дефинитивно не си во право. Секаде каде што вработените мораат да паркираат на паркинг кој се плаќа, тие плаќаат по повластена цена со месечни или годишни дозволи за паркирање. Не зборувам за зонското паркирање како концепт, туку општо за плаќањето за било каков паркинг. Жителите и вработените секаде плаќаат помалку, а некаде жителите и воопшто не плаќаат.
Не е логично вработените да плаќаат, на пример, 50 денари од час, а 8 часа им е работното време. Тоа значи дека секој ден тие би требало да плаќаат по 2000 денари неделно за паркинг, или 8000 денари месечно.
 
Наполно се слагам со тебе - „ Не е логично вработените да плаќаат, на пример, 50 денари од час, а 8 часа им е работното време. “
И не само тоа
Не е логично и срамно е од болните да наплатуваш 50 денари на час
Не е логично и срамно е секој ден да се дигаат со пајаци 200 возила само за да зонашите земаат плата. Срамно е и гнасно е некој да се издржава од казни
Тоа цело време го докажувам - дека е срамно и гнасно на сиромашниот наш Народ, зонашиве и нивните подржувачи да му го прават ова злосторство.
Срам да им е ....
Срам да им е. На луѓе кои имаат просечно 200 - 300 евра плата да им земеш за еден саат паркирање повеќе одколку што тие заработуваат за еден саат работа.и уште да ги казнуваш. А колку проценти сме невработени, кои ниту толку не земаме плата? Срам да им е. Уште кога ќе слушнам како зборуваат дека многу ја сакале Македонија., Не ја сакаат тие Македонија....
Еве ја страницата на Паркопедија:
http://en.parkopedia.de/
Има податоци за 40 земји и 6300 града - ако тврдиш дека некаде има повластици какви што има во Скопје - повели најди еден таков пример
Само некој да бараш, Белград и Загреб и околина, бидејќи таму има зонско исто какво што има во Скопје
 
Kajgana Shop

На врв Bottom