AlternativeF
госпожата од втори
- Член од
- 1 мај 2006
- Мислења
- 4.830
- Поени од реакции
- 7.575
Очигледно не се разбираме. Јас не тврдам дека секаде има зонско паркирање.Наполно се слагам со тебе - „ Не е логично вработените да плаќаат, на пример, 50 денари од час, а 8 часа им е работното време. “
И не само тоа
Не е логично и срамно е од болните да наплатуваш 50 денари на час
Не е логично и срамно е секој ден да се дигаат со пајаци 200 возила само за да зонашите земаат плата. Срамно е и гнасно е некој да се издржава од казни
Тоа цело време го докажувам - дека е срамно и гнасно на сиромашниот наш Народ, зонашиве и нивните подржувачи да му го прават ова злосторство.
Срам да им е ....
Срам да им е. На луѓе кои имаат просечно 200 - 300 евра плата да им земеш за еден саат паркирање повеќе одколку што тие заработуваат за еден саат работа.и уште да ги казнуваш. А колку проценти сме невработени, кои ниту толку не земаме плата? Срам да им е. Уште кога ќе слушнам како зборуваат дека многу ја сакале Македонија., Не ја сакаат тие Македонија....
Еве ја страницата на Паркопедија:
http://en.parkopedia.de/
Има податоци за 40 земји и 6300 града - ако тврдиш дека некаде има повластици какви што има во Скопје - повели најди еден таков пример
Само некој да бараш, Белград и Загреб и околина, бидејќи таму има зонско исто какво што има во Скопје
Можам да ти кажам од мое искуство за следниве поголеми градови:
1. Saint Louis - паркирањето во одредени делови од градот се наплаќа, тие што живеат и работат таму плаќаат пониска цена за паркинг или воопшто не плаќаат.
2. Берлин - на повеќето прометни места се наплаќа паркинг, како пример ќе го земам Берлин Mitte. Има паркинг автомати (parkscheinautomat), ставаш пари, си земаш ливче и го ставаш на шалт таблата. Жителите на тие делови имаат налепници (нешто слично со жителите на Центар), плаќаат симболична сума за паркингот; во болницата Benjamin Franklin Virchow Klinikum вработените имаат пропусници за паркинг, не плаќаат ништо додека за пациентите паркингот чини евро од час (првите 45 минути не се плаќаат); во делот Steglitz имаат повластена цена за катните гаражи/налепници доколку живеат во околните улици каде што може да паркираат.
Сестра ми моментално работи во една голема институција (не е во Европа) каде што паркингот се наплаќа за сите, но таа плаќа симболична сума на годишно ниво.
Да не се разбереме повторно погрешно, НЕ го оправдувам наплаќањето на прескап паркинг во болниците, но факт е дека секаде жителите и вработените плаќаат помалку, не гледам причина зошто тоа ти е толку несфатливо.
Едит: Странава што ја имаш наведено е повеќе за туристи отколку за жители и цените се наведени за краткотрајно паркирање. На сите приватни паркинзи и во сите општини каде што има јавни паркинзи кои се наплаќаат има посебни услови за жителите и вработените.